Спорт
Стоичков: Пјаниќ не заслужува да ја носи осумката

Миралем Пјаниќ досега не ги оправда очекувањата во Барселона. Репрезентативецот на БиХ трпи критики по синоќешниот натпревар во Купот на Шпанија. Барселона со тешки маки, дури по продолженијата, успеа да го елиминира третолигашот Корнеља.
Барселона славеше над Корнеља со головите на Дембеле во 93. и Брејтвајт во 120. минута. Претходно, во првото полувреме пенал не реализира Пјаниќ, а истото тоа му се случи и на Дембеле во финишот на регуларниот дел.
„Бројот осум не е за секого, овој број има посебна тежина, а Пјаниќ не е на тоа ниво. Тажен сум, се срамам од она што го видов. Тренерот Куман не е виновен кога двајца ќе промашат од белата точка. Пред него е уште многу работа. Ќе му биде тешко со овие играчи“, рекол легендарниот играч на Барселона, Христо Стоичков.
Најдобриот фудбалер во историјата на Бугарија во Барселона ја носеше осумката на грбот. Овој број во кариерата го носеле и други легенди на Каталонците: Андрес Иниеста, Филип Коку, Бернд Шустер, Тете Санчез, Карлес Рексач, Јоган Нескенс…
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Барселона одбиле 80 милиони за Фермин Лопез

Каталонски „Спорт“, откри дека Манчестер јунајтед и Челзи испратиле понуди до Барселона од 80 милиони евра за Фермин Лопез. Понудата на „Ноу Камп“ пристигнала кон крајот на јули.
Во Барселона имало несогласување околу тоа дали треба да биде продаден или не. Некои членови на Управниот одбор верувале дека продажбата ќе помогне во тешката финансиска ситуација и во регистрацијата на нови играчи, додека тренерот Ханси Флик сакал играчот од средниот ред да остане.
Се вели дека преговорите траеле повеќе од една недела, а двата англиски клуба се обиделе да го доведат 22-годишниот шпански фудбалер.
Флик наводно лично интервенирал за да се осигури дека офанзивниот играч од средниот ред ќе остане на „Камп Ноу“.
Фермин одиграл вкупно 89 натпревари за Барселона, постигнува 19 гола и запиша 11 асистенции.
„Трансфермаркт“ ја проценува неговата вредност на 50 милиони евра.
Спорт
Њукасл ќе ја прифати понудата од Ливерпул за Исак

Пред неколку дена се чинеше дека ништо нема да произлезе од трансферот на Александар Исак (25) во Ливерпул, но британските медиуми во петокот објавија дека раководството на Њукасл очекува нова понуда од „црвените“ за шведскиот напаѓач.
Првичната понуда од 125 милиони евра беше категорично одбиена од „страчките“, посочувајќи дека шведскиот репрезентативец вреди 170 милиони евра.
Во меѓувреме, Исак и раководството на Њукасл разменија остри зборови, а Швеѓанецот тврдеше дека клубот му ветил дека нема да го саботираат неговиот трансфер во нов клуб.
„Кога ветувањата се прекршуваат, тогаш повеќе нема доверба и таа врска мора да заврши. Затоа мислам дека промената би била корисна за двете страни, за Њукасл и за мене“, објави Исак во вторникот на социјалните мрежи.
По тие изјави, раководството на Њукасл сфати дека нема смисла да го блокира заминувањето на Исак, бидејќи во своите редови ќе имаат незадоволен играч кој би можел да ја расипе атмосферата во целиот тим.
Иако во моментов нема соодветна замена за Исак, бидејќи Словенецот Бенјамин Шешко се пресели во Манчестер јунајтед, а Уго Екитике во Ливерпул, клубот од стадионот „Сент Џејмс Парк“ е свесен дека ќе мора да го продаде шведскиот голгетер.
Британските медиуми наведуваат дека овој пат „страчките“ без двоумење би прифатиле значително пониска понуда од бараните 170 милиони евра, во опсег од 135 до 140 милиони евра.
Ливерпул веќе потроши 340 милиони евра за нови играчи ова лето.
Исак дојде во Њукасл од Реал Сосиедад во 2022 година за речиси 70 милиони евра. За три сезони, тој постигна 62 гола и додаде 11 асистенции. Сегашниот договор е со важност до јуни 2028 година, а според него тој заработува седум милиони евра годишно.
Спорт
Ренато Веига од Челзи се пресели во Виљареал

Потврдено е дека Ренато Веига (22) потпишал за Виљареал во трансфер вреден 29,5 милиони евра, вклучувајќи бонуси и клаузула за процент од идните продажби.
Трансферот на Веига е најскап во историјата на шпанскиот клуб, а португалскиот дефанзивец дојде од Челзи.
Претходниот рекорд го држеше Пако Алкасер, кого Виљареал го донесе од Борусија Дортмунд за 25 милиони евра во 2020 година.