Спорт
Струга ТЛ го промовираше првото засилување пред европските настапи

Македонскиот првак Струга ТЛ го промовираше првото засилување за новата сезона. Тоа е косовскиот фудбалер Ментор Мазрекај кој доаѓа од албанскиот прволигаш Лачи.
Мазрекај потпиша едногодишен договор со стружани, а доаѓа на барање на тренерот Шпетим Дуро кој добро ги познава неговите квалитети.
„Многу сум среќен што ќе бидам дел од екипата на Струга Трим Лум, која испиша историја со шампионската титула. Овој трансфер дојде по инсистирањето на Шпетим Дуро. Односите кои ги имам со него се добро познати и навистина не можев да го одбијам. Се надевам дека брзо ќе се адаптирам и со моето искуство ќе и помогнам на екипата најпрво во европските натпреварувања, а потоа и во одбрана на шампионскиот трофеј во домашното првенство“, изјави Ментор Мазрекај.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ракометарите ќе добијат премија од 3 милиони денари поради настапот во Хрватска

Владата ја донесе одлуката да додели премија на ракометарите во висина од 3 милиони денари.
Од владината прес-служба образложија дека парите се доделуваат како резултат на достоинственото презентирање на македонските спортисти во Хрватска на Светското првенство, со особена благодарност за нивната пожртвуваност.
Спорт
Капело: Гвардиола е арогантен поради тоа се мачи во Лигата на шампионите

Прославениот тренер Фабио Капело смета дека поради ароганцијата Гвардиола не освоил повеќе трофеи во кариерата.
Гвардиола и Капело работеа заедно во Рома во сезоната 2002/03, кога Италијанецот беше тренер, а Шпанецот играч.
„Не разговаравме за ништо додека бевме заедно во Рома. Тој дојде кај мене да ми каже како да си ја работам работата, а јас му реков прво да оди да трча, за подоцна да може даразговара со мене“, изјави Капело за „Ел Мундо Депортиво“, додавајќи:
„Го направив тоа затоа што тој само шеташе низ теренот и не сакав да го критикувам пред другите кои беа подобри. Тоа беше крајот на секоја дискусија“.
Капело ја коментираше и тренерската филозофија на Пеп, но и специфичниот начин на кој тој пристапува на најважните натпревари. Дел од фудбалската јавност со години веруваше дека новите „тактики“ на Гвардиола пред клучните натпревари почесто биле на штета на неговите тимови отколку на нивна корист.
„Она што најмногу ми пречи кај Гвардиола е неговата ароганција. Само кога со Сити ја освои Лигата на шампионите не погреши тактички. Во сите негови други години во Манчестер и претходно во Баерн, тој секогаш му отежнувашена тимот во решавачките натпревари бидејќи сакаше да биде протагонист. Ќе ја смени тактиката за да може да каже дека не победуваат играчите, туку тој. А таа ароганција го чинеше уште неколку ЛШ. Го почитувам, но мојот став е јасен“.
Спорт
Митко Стојковски засекогаш ќе го памети голот што му го даде на Партизан

Митко Стојковски, стрелецот на решавачкиот гол во триумфот на Црвена звезда над Партизан во 100. вечно дерби, денес претседателот на битолски Пелистер, ги повика навивачите да го прослават 80-тиот роденден на клубот в недела против Спартак.
„Среќен роденден на Црвена звезда. Клубот отсекогаш остана во моето срце. Црвено-белите не заслужуваат ништо помалку од полна „Маракана“ на 16 март. Очекувам навивачите да дојдат во што поголем број, изјави поранешниот лев бек и либеро за веб-страницата на Црвена звезда.
Асот од 1990-тите се потсети на своите најубави моменти во црвено-белиот дрес – Најемотивниот момент во црвено-белите секако беше освојувањето на Купот на шампионите и титулата светски првак.
„Ова се натпреварите кои најмногу ги израдуваа сите навивачи на Црвена звезда, вклучувајќи ме и мене, иако не бев директно вклучен на теренот“.
Стојковски уште подобро ги памети важните улоги во натпреварите на Црвена звезда:
„Засекогаш ќе ми остане во сеќавање, а верувам и на сите навивчи е голот на 100. дерби во 1995. Победивме со 2:1 пред 80.000 навивачи на нашиот стадион“.
Митко Стојковски одигра 123 натпревари за Црвена звезда и постигна два гола.