Спорт
Суарез со два гола и асистенција на дебито за „јорганџиите“

Новиот напаѓач на Атлетико Мадрид, Луис Суарез има деби за паметење за новиот клуб. Тој на мечот на „јорганџиите“ против Гранада (6-1) влезе во игра во 70 минута, при резултат 3-0 за домашниот тим.
Резултатот го отвори Диего Коста уште во 9 минута. Во 16 минута Саул пропушти шанса Атлетико да го однесе на 2-0, промаши пенал.
На стартот на вториот дел Кореа стрела прецизно за 2-0, а во 65 минута Жоао Феликс со неговиот погодок носи предност од 3-0 за својот тим.
Со влегувањето во игра на Суарез, во 72 минута му асистита на Љоренте за високи 4-0.
Во 85 минута самиот се запишува во листата на стрелци за 5-0.
Гранада во 87 минута преку Молина постигнува почесен гол, 5-1.
Конечните 6-1 се дело на Луис Суарез во 93 минута.
Атлетико поради настапите во ЛШ минатата сезона, подоцна го започна шампионатот, денешниот беше прв натпревар од новата сезона.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Ван Дајк херој на Ливерпул, Баерн пресилен за Челзи, ПСЖ рутински со Аталанта

Во одличен натпревар од првото коло на Лигата на шампионите, фудбалерите на Ливерпул го победија Атлетико Мадрид со 3:2 со голот на Вирџил ван Дајт во 92.минута. Во уште едно дерби, Баерн беше подобар од Челзи со 3:1, додека ПСЖ и Интер исто така победија против Аталанта односно Ајакс.
Атлетико минута го делеше од бод на „Енфилд“, иако имаше два гола негатива на од шестата минута. Шампионот на Англија го започна натпреварот фуриозно и со среќниот гол на Робертсон, а потоа и на Салах имаше водство од 2:0.
Дека Атлетико нема да се предеда најави Љоренте во третата минута од надополнувањето на времето во првиот дел. Истиот играч во 83.минута изедначи на 2:2.
До до 92-та минута тимот на Диего Симеоне имаше бод во џеб. Сепак, Ван Дајк, со одлично скона по корнерот на Доминик Собослај и го постави конечниот резултат.
Додека домашните го славеа голот тренерот на Атлетико Диего Симеоне, доби црвен картон поради конфликт со навивачите на Ливерпул.
Преостанатите три натпревари одиграни вечерва не беа толку интересни, особено не оној во кој бранителот на титулата ПСЖ ја победи Аталанта со 4:0.
Мркињос и Кварацхелија во првото полувреме, и Мендес и Рамос во второто полувреме, ја погодија мрежата на тимот од Бергамо.
Баерн покажа класа против Челзи, а два од трите гола во победата од 3:1 ги постигна Хари Кејн. Капитенот на англиската репрезентација беше особено мотивиран против поранешниот градски ривал и со овие два стигна до бројката од десет гола во дуелите со „сините“.
Во 27-та минута, Баварците имаа предност од два гола благодарение на автоголот на Чалоба и голот на Кејн, а Палмер им донесе надеж на гостите кратко откако германскиот гигант го дуплираше водството.
Сепак, резултатот не се промени сè до 63-та минута кога Кејн стави точка на натпреварот на „Алијанц Арена“.
Маркус Тирам се погрижи Интер да забележи рутинска победа во Амстердам. Францускиот напаѓач постигна два гола во рок од пет минути (42-та и 47-та).
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Пафос освои бод кај Олимпијакос, Бодо/Глимт се врати од 2:0 против Славија

Вчера деботантите Карабаг и Унион Сен Жилоа забележаа сензационални победи во Лисабон над Бенфика, односно во Ајндховен над ПСВ, а и вечерва клубвите што прв пат играат во Лигата на шампионите имаа успешни настапи. Пафос одигра 0:0 против Олимпијакос во Атина, а Бодо/Глимт во Прага се врати по минусот од два гола и одигра 2:2 со Славија.
Спорт
Одбраната на трофејот во Купот Вардар ќе ја почне против Новаци
Фудбалскиот клуб Вардар одбраната на титулата во Купот на Македонија ќе ја започне на домашен терен против Новаци.
Во Куќата на фудбалот со ждрепка беа одредни осминафиналните двојки. Се игра еден натпревар, а термините се 24.09.2025 и 29.10.2025.
Осминафинални двојки во Купот на Македонија:
Македонија ЃП – Струга Трим Лум
Охрид Лихнидос – Шкупи 1927
Вардар – Новаци
Башкими 1947 – Силекс
Шкендија – Тиквеш
Работнички – Брегалница 2008
Шкендија Арачиново – Пелистер
Беласица – Детонит Плачковица