Спорт
Суарез во солзи (ВИДЕО)
Луис Суарез со натпреварот против Парагвај се прости од репрезентацијата на Уругвај.
Овој натпревар ќе остане запаметен по тоа што легендарниот фудбалер го одигра последниот натпревар во репрезентативниот дрес, бидејќи натпреварот заврши нерешено 0:0.
Суарез играше од стартот на мечот, а најблиску до голот беше во 18. минута кога беше на околу 12 метри од голот. Дури на крајот на мечот Суарез имаше шанси за гол, а не се грижеше по последниот свиреж на судијата. Тој почна да плаче, додека соиграчите дојдоа до него и се обидуваа да го утешат.
🔥¡Tremenda tijera de Luis Suárez! 😱#Uruguay🇺🇾 vs 🇵🇾 #Paraguay
⚽️No te pierdas los partidos de las Eliminatorias Sudamericanas 2026
EN VIVO y en HD en 👉 https://t.co/aYiYFaWmAW#Eliminatorias2026 pic.twitter.com/DeTn5TjQV2— Fanatiz (@Fanatiztv) September 7, 2024
Во дресот на Уругвај одигра 143 натпревари и постигна 69 голови. За се што и дал на репрезентацијата доби плакета од фудбалскиот сојуз.
После тоа почнаа да се појавуваат прошталните пораки на неговиот соиграч и тренер, па прво на Луис му се обрати Оскар Табарес, а потоа на поранешниот соиграч од Барселона, Лионел Меси.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ајакс го отпушти Хајтинга
По серијата лоши резултати, особено во Лигата на шампионите, Ајакс одлучи да го отпушти тренерот Џон Хајтинга.
Дебаклот против Галатасарај дома во Лигата на шампионите беше јасен знак дека е потребна промена на тренерската позиција. .
По четири кола од елитното натпреварување, Ајакс е на последното место без бодови, додека не им оди добро ниту во домашното првенство.
Тие моментално се на четвртото место со осум бода помалку од ривалите Феенорд и ПСВ, кои се на врвот на табелата.
Хајтинга беше член на тренерскиот штаб на Арне Слот во Ливерпул минатата сезона, каде што ја освои титулата во Премиер лигата, пред да одлучи да си замине и да започне самостојна работа во Ајакс.
Ајакс во следниот натпревар ќе ја предводи Фред Грим, кој ќе биде таму додека не дојде нов тренер.
Како ново решение се споменува Ерик тен Хаг, кој е без работа откако беше отпуштен во Баер Леверкузен.
Спорт
(Видео) Шкендија во 100-та минута остана без победа против Јагиелонија
FOTO/ EPA/GEORGI LICOVSKI
Во трилер завршница Шкендија остана без победа против Јагиелонија, во третото коло, во Конференциската лига. Дуелот во Скопје заврши 1:1, со што Шкендија го освои четвртиот бод и се наоѓа во група од осум тима, кои се наредени од 15-то до 22-то место на табелата.
Лиридон Љатифи во 49-та.минута со удар со глава по корнерот на Вебстер од десната страна, ја доведе Шкендија во водство.
Шкнедија беше на чекор до победата, кога во 96-та минута послкиот тим остана со фудбалер помалку на теренот, но не издржа.
По 100-та минута, Серхио Лозано успеа да израмни на 1-1.
Спорт
Ван Бастен. Го ограбија Бриж против Барселона
Легендарниот Марко ван Бастен жестоко ги критикуваше судиите по драматичниот натпревар од Лигата на шампионите во кој Клуб Бриж остана без голот за победа против Барселона во судиското надополнување на времето.
Холанѓанецот тврди дека белгискиот тим бил „ограбен“ откако ВАР системот го поништи голот за 4:3. Натпреварот заврши со резултат 3:3.
Погледнете ја контроверзната ситуација во приложеното видео од 11:14 минута.
Ромео Вермант постигна гол во судиското надополнување за 4:3. Сепак, прославата на домашниот тим беше прекината по долгата проверка на ВАР, а голот беше поништен поради прекршокот на Вермант врз голманот на Барселона, Војчех Шчесни.
Одлуката ја разбесни легендата на Милан и холандскиот фудбал, Марк ван Бастен.
„Клуб Бриж беше ограбен. Голот за 4:3 не требаше да биде понштен. Немаше фаул врз Шчесни, не го допре. Шчесни го направи да изгледа како прекршок, но не беше“, извика трикратниот освојувач на Златната топка.

