Спорт
Судијата на Мали – Тунис веќе бил суспендиран поради корупција во 2018!
Судијата Џани Сиказве од Замбија, кој беше во центарот на контроверзиите во бизарниот меч помеѓу Мали и Тунис на Африканскиот куп на нациите во Камерун во 2018 година бил суспендиран поради корупција.
Сиказве стана хит на социјалните мрежи кога првин објави крај на мечот во 85. минута при 1:0 водство за Мали за потоа да го продолжи мечот одбивајќи ВАР-проверка за црвен картон за на крајот да го заврши мечот 20 секунди пред регуларните 90 минути. Ова предизвика бесна реакција на Тунижаните и му беше потребна полициска придружба да го напушти мечот.
Пред четири години Африканската фудбалска конфедерација (ЦАФ) го суспендирала Сиказве поради сомнежи за корупција на мечот од африканската Лига на шампионите против Есперанс и Примиеро Агосто. Есперанс (иронично од Тунис) ги победи ривалите со 4:2, а Сиказве досудил контроверзен пенал за нив пред да им поништи гол на Агосто поради фаул.
„Претседателот на дисциплинскиот одбор на ЦАФ одлучи дека има доволно докази за да се одржи сослушување за обвинувањата за корупција кон судијата Џани Сиказве. Тој е суспендиран од сите активности до крајот на истрагата“, се вели во тогашната одлука на ЦАФ.
Суспензијата почна во ноември 2018 година, но Светската фудбалска федерација (ФИФА) ја тргна неговата суспензија во јануари 2019 година.
Луд скандал на Африканскиот куп – судијата прогласи крај во 85. минута, па во 89. минута!
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Калиниќ, дефинитивно, ја напушта Барселона
Никола Калиниќ дефинитивно ќе ја напушти Барселона на крајот на сезоната, пренесуваат шпанските медиуми.
Договорот на крилниот кошаркар истекува на 30 јуни, а челниците на Барса не презеле никакви чекори да го задржат.
Шпанците истакнаа дека 32-годишниот Калиниќ е на мета на многу евролигашки клубови, пред се Црвена звезда.
Во текот на оваа сезона, Калиниќ е еден од најистакнатите играчи на Барселона. Годинава во АЦБ лигата имаше просек од 6,4 поени, 3,4 скока и две асистенции, а во Евролигата има просек од 8,4 поени, 3,9 скока и 2,8 асистенции.
Спорт
Миовски: Убаво е чувството кога одново сме заедно
Izvor/ ffm.mk
Македонската репрезентација го оддржа вториот тренинг во турска Анталија како подготовка за контролните натпревари против Молдавија и Црна Гора. Репрезентацијата денеска ќе биде во комплетен состав со приклучувањето доцна попладне на Бојан Димоски.
Напаѓачот на Абердин, смета дека овој период е одличен за подготовка на тимот и се надева на позитивни резултати против Молдавија и Црна Гора.
„Секогаш е одлично чувството кога одново сме во репрезентативниот дрес. Убаво е да се видиме после подолг временски период и гледаме позитивно на натпреварите кои ни следуваат“, изјави Миовски за интернет страницата на ФФМ и дополни.
„Доколку целта е да играме на големо натпреварување треба да играме со одлични репрезентации и на контролни натпревари. Молдавија и Црна Гора, а потоа и Хрватска во јуни се одличен тест за нас, треба да дадеме се од себе, да ги слушаме насоките на селекторот, да се фокусираме на стратегијата и се разбира, да се воигруваме за следниот циклус“.
Спорт
Покетино: Луѓето треба да разберат дека градиме нов Челзи
Челзи сезонава игра со многу осцилации, тимот не блеска во Премиер лигата, но сезонава добро игра во куповите.
Со оваа констатација се согласува и тренерот на тимот, Маурисио Покетино.
Сезонава Челзи играше во финалето на Лига купот кое го загуби од Ливерпул, а дојде и до полуфиналето на ФА Купот.
Таму на „Вембли“ го очекува спектакл против Манчестер Сити.
Покетино истакна дека Челзи се уште е во реконструкција и дека сите треба повеќе да уживаат и веруваат во она што се случува на „Стемфорд Бриџ“.
„Луѓето треба да разберат дека градиме нов Челзи. Нов изглед, тука сме само девет месеци. А веќе двапати одиме на „Вембли“ во две натпреварувања. Треба да уживаме и да веруваме повеќе“, рече Покетино. .
Челзи ќе има тешка задача за да го освои трофејот во ФА Купот. „Сините3, во полуфиналето ќе се сретнат со Манчестер сити.