Спорт
Сунес: Салах е најсебичниот фудбалер на светот

Легендата на Ливерпул, Греем Сунес го оцени Мохамед Салах како „гол машина“ и можеби најдобриот фудбалер на светот во моментов, но исто така посочи дека Египќанецот е „најсебичниот фудбалер“ кого тој имал шанса да го гледа.
Салах од пристигнувањето во Ливерпул од Рома во 2017 има 137 гола во 214 настапи за „црвените“, од кои 13 гола се оваа сезона. Сунес го цени тоа, но вели дека бројките се такви поради себичноста во шестнаесетникот.
„Се согласувам со Јирген Клоп дека Мохамед Салах е најдобриот фудбалер на светот оваа сезона. Но, исто така е и најалчниот фудбалер кого сум имал шанса да го видам. Сите кои се на врвот имаат таков фактор, но тој е екстремно себичен. Личните достигнувања му се важни и затоа шутира од секоја позиција, нешто што ги нервира неговите соиграчи, посебно Мане. Другите го прифаќаат тоа бидејќи е толку добар. Или дава голови или ги става на мака голманите, и затоа е тешко да го критикуваш. Тоа можеби за него е и комлимент, но гол-машина е поради неговата себичност“, вели Сунес во колумна за „Тајмс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Барди постигна гол, Трабзон загуби од Кајсериспор

Актуелниот шампион на Турција, Трабзон уште еднаш киксна на домашен терен. Во рамките на 27.коло во турската Супер лигата, Кајсериспор славеше во Трабзон со 4:3.
Македонскиот репрезентативец Енис Барди, играше во второто полувреме и успеа да постигне гол. Во 54.минута тој реализираше пенал и го израмни резлтатот на 3.3. Инаку ова беше петтиот гол за Барди од почетокот на сезоната во Турција.
Трабзон успеа да се врати по минусот од два гола (1:3), на крајот победникот го реши Карлос Мане во 63.минута.
Трабзон се петти на табелата со 44 бода, Кајсериспор се седми со 41 бод.
GOL | Trabzonspor 3-3 Kayserispor
⚽️ 53' Bardhi (P)
Sizce penaltı kararı doğru mu?
Önemli pozisyonlar, anlık goller için takip @xoxsports#Trabzonspor #Kayserispor #TSvKYSpic.twitter.com/0JO2atOSCg
— XOX Sports (@xoxsports) April 1, 2023
Спорт
Арсенал ја продолжи победничата серија, шест гола на мечот Брајтон-Брентфорд

Спектакуларен натпревар, во 29.коло одиграа на „Амекс“ во Брајтон, домашниот тим и Брентфорд. Гостите од Лондон три пати водеа, Брајтон три пати успеаше да израмни. На крајот резултатот беше 3:3. Победа попладнево забележа и лидерот Арсенал.
Брајтон и Брентфорд одиграа еден од најдобрите натпревари од почетокот на сезоната во Премиер лигата.
Брентфорд водеше двапати во првото полувреме, со головите на Јансон и Тони, но домаќинот се враќаше во мечот, прво преку Митома, а потоа и преку Велбек. Особено атрактивен беше голот на Јапонецот Митома, откако му аситираше голманот Стил, а тој потоа успеа да го лобува најдобриот играч на натпреварот Давид раја.
Брентфорд поведе и по трет пат, овој пат преку Пинок во 49. минута. До крајот на мечот Брајтон изврши сичен притисок, домаќинот изведе 14 корнери, а упорноста ја наплати во 90.минута со голот од пенал на Мекалистер.
Арсенал славеше над Лидс со 4:1. Серијата ја отвори Жесус од пенал. За Бразиелцот ова беше прв гол уште од октомври минатата година кога се повреди. На 2:0 зголеми Вајт, а потоа Жесус го постигна својот втор гол. Кристенсен намали во 76.минута, а конечниот резултат го постави Џака во 84.минута.
Арсенал со натпревар повеќе има плус од осум бода во однос на Манчестер сити.
Без победник заврши натпреварот Нотингем Форест-Вулверхемптон (1:1), додека идентични победи од 2:1 забележаа Борнмут над Фулам и Крситал Палас против Лестер.
Спорт
Голем кикс за Лајпциг против Мајнц, Унион Берлин се поблиску до Лигата на шампионите,

Мајнц го направи најголемото изненадување попладнево во Бундес лигата. Во 26.коло, Мајнц победи во Лајпциг со 3:0. Баер Леверкузен убедливо победи на гостувањето кај Шалке, Херта освои важен бод на гостувањето во Фрајбург, а Волвфбург во 96.минута се спаси од пораз против Аугсбург.
Лајпциг полека губи чекор во борбата за место во Лигата на шампионите. Тимот предводен од Марко Розе од клупата беше изненадувачки поразен од Мајнц на домашен терен – 0:3.
Гостите поведоа веќе во деветтата минута, прецизен беше Ингвартсен. Мајнц не застана тука, гостите одиграа уште подобро и преку Ажорк во 57. и Кор десет минути подоцна го потврдија триумфот доближувајќи ги до седмото место и пласманот во Европа.
Киксот Лајпциг го искористи Унион Берлин кој славеше убедлив триумф против Штутгарт – 3:0 на домашен терен. Швабите дадоа отпор во првото полувреме, но во вториот дел веќе немаа сили.
Унион Берлин поведоа преку Бекер во 51. минута, Беренс го удвои водството во 65. минута, а три минути подоцна автогол си постигна Харагучи. Унион сега има шест бода повеќе од петтопласираниот Лајпциг.
Шанса да се одлепи од тимот на Марко Розе имаше и Фрајбург, но на домашен терен одигра само нерешено против Херта – 1:1. Домашните поведоа преку Гриф во 52. минута, но беа шокирани со голот на Нганкам во 77. минута.
Волфсбург пред своите гледачи избегна пораз од Аугсбург – 2:2. Трагичар беше Арнолд, кој најпрвин си постигна автогол во втората минута, а потоа промаши пенал во 21. минута.
Казната стигна многу брзо, Бериша ја удвои предноста на гостите. До крајот на мечот Волфсбург успеа да го намали резултатот преку Валдшмит кој беше прецизен во 83. минута, а во шестата минута од судиското надополнување израмни Нмеча.
Леверкузен се прошета низ Гелзенкирхен, славејќи со убедливи 3:0. Баер ги постигна сите три гола во преостанатиот дел од натпреварот, Фримпонг во 50., Виртц во 61. и Азмун во 90+2. минута.