Спорт
Светските шампиони пристигнаа во својата татковина
Авионот со репрезентативците на Аргентина слета во Буенос Аирес. По долгиот лет и краткиот престој во Рим, Меси и неговите соиграчи во својата татковина го донесоа трофејот наменет за светските шампиони.
Карванот со фудбалери треба да тргне од аеродромот кон главниот град на Аргентина. Локалните медиуми истакнуваат дека во Буенос Аирес се подготвува спектакуларен пречек на фудбалерите, а на улиците се очекуваат стотици илјади луѓе.
LOS CAMPEONES YA ESTAN EN
ARGENTINA… LLEGARON ALREDEDOR DE LAS 2:45 DE LA MADRUGADA DEL MARTES EN EL AEROPUERTO EZEIZA.@TelemundoSports
ARGENTINA HAS ARRIVED HOME. #Qatar2022 pic.twitter.com/97TDEjk3yo— Norman Martinez (@NormanTV_) December 20, 2022
Централната прослава ќе биде организирана пред претседателската палата „Каса Росада“, а Лионел Меси и соиграчите треба да се појават со пехарот на балконот од оваа зграда.
На ова место се славеше и во 1986 година кога Аргентина ја освои титулата на Светското првенство во Мексико, а Диего Армандо Марадона го изнесе трофејот пред навивачите.
🇦🇷 ¡COMIENZA A FORMARSE UN OCÉANO DE PERSONAS Y AUTOS EN EZEIZA!
La locura es total para ver a los campeones del mundo con la Copa.@SC_ESPN pic.twitter.com/Vta7Z1ESOA
— ESPN Argentina (@ESPNArgentina) December 20, 2022
Аргентинците речиси цела ноќ ги чекаат своите херои, а Буенос Аирес е преплавен од илјадници луѓе.
Аргентина третпат во историјата ја освои титулата светски првак откога во финалето, по подобро изведување пенали, ја совлада Франција со вкупен резултат 7:5. Натпреварот, по 90 минути, заврши без победник 2:2, а по дополнителни 30 минути, беше 3:3.
¡SEÑORAS Y SEÑORES, LA COPA DEL MUNDO ESTÁ EN SU TIERRA! ¡BIENVENIDOS A ARGENTINA, CAMPEONES!@SC_ESPN pic.twitter.com/M0pKy7PtFH
— ESPN Argentina (@ESPNArgentina) December 20, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Финалето на ЛШ во 2026 ќе се игра во Будимпешта
За точно 10 дена на „Вембли“ ќе се игра финалето од Лигата на шампионите меѓу Борусија Дортмунд и Реал Мадрид, следната година домаќин ќе биде стадионот на Баерн во Минхен, а Извршниот комитет на УЕФА денеска во Даблин одлучи најважниот натпревар во клупскииот фудбал, во 2026 година да се одржи на „Пушкаш Арена“ во Будимпешта.
Пред една година на стадионот во главниот град на Унгарија се одигра финалето на Лига Европа во кое Севилја на пенали ја победи Рома.
Одлука за финалето на Лигата на шампионите за сезоната 2026/2027, беше одложено за септември, до кога Фудбалскиот сојуз на Италија мора да достави документација за реновирањето на „Сан Сиро“ во Милано.
Интересно е што „Бешикташ парк“ во Истанбул ќе биде домаќин на финалето на Лига Европа во 2026 година и на финалето на Конференциската лига во 2027 година.
Финалето на Лига Европа во 2027 година ќе се игра во Франкфурт, а финалето на Конференциската лига во 2026 година во Лајпциг.
Спорт
„Мекларен и Ферари можат да се борат за титулата со Ред Бул“
Шефот на Скудерија Ферари, Фреди Васер, верува дека неговиот тим и Мекларен можат да се вклучат со Ред Бул во трката за титулата оваа сезона во Формула 1.
По седум трки, Макс Верстапен е прв со 161 бод, 48 повеќе од второпласираниот Шарл Леклер. Вториот возач на ред Бул, Серхио Перез е трет во поредокот со 107 бодови, додека Ландо Норис е четврти со 101 бод.
На последната трка во Имола, Норис заврши втор со само две дестинки зад Ферстапен, а претходно во Мајами славеше Британецот. И болидите на Ферари веќе не се толку инфериорни во однос на Ред Бул.
„Возевме само седум од 24 трки. Има уште 17 и се е апсолутно можно. Лани во ова време имавме 100 поени помалку од Астон Мартин, а на крајот имавме сто повеќе од нив. Мислам дека и Мекларен и Ферари се блиску до Ред Бул и верувам дека ова првенство може да биде многу интересно. Едно повлекување, незавршена трка менува сè“, истакна Васер.
Шампионатот во Формула 1 продолжува викендов со Големата награда на Монако.
Спорт
Модриќ го продолжил договорот со Реал
Како што објави „Марка“, Модриќ се согласил на значително намалување на платата, но сепак сметал дека Реал е најдобрата можна дестинација за него.
„Лука го прифати намалувањето затоа што сака да ја заврши кариерата во Реал. Неговата амбиција е да биде капитен на Реал, сака да влезе во историјата со освојување нови трофеи и особено уште една Лига на шампиони“, пишува „Марка“.
Реал цела деценија го носеше редот за врска Касемиро – Крос – Модриќ. Од наредната сезона во клубот ќе остане само Модриќ.
Касемиро пред две години замина во Манчестер јунајтед, Крос вчера објави дека ќе се пензионира по Европското првенство.
Модриќ ќе има можност да го собори рекордот на Ференц Пушкаш и да стане најстариот играч кој одиграл натпревар во дресот на Реал.
Рекордот е 39 години еден месец, а бидејќи Модриќ на 9 септември ќе наполни 39 години, јасно е дека е блиску до поставување на уште еден рекорд во белиот дрес.