Спорт
Тебас: Ал-Хелаифи е „човек со многу шапки“, ПСЖ ја убива француската лига

Претседателот на шпанската Ла лига, Хавиер Тебас, продолжи со војната на зборови со Пари Сен-Жермен и нивниот претседател Насер Ал-Хелаифи, посочувајќи дека се работи за човек со „многу конфликти на интереси“ и објаснувајќи дека ПСЖ ја „убива“ француската лига, а УЕФА не презема ништо.
По одлуката на Килијан Мбапе да остане во Париз, Тебас ги пријави ПСЖ до УЕФА за прекршување на финансискиот ферплеј и сега уште еднаш побара да се преземат активности против францускиот клуб.
„Насер Ал-Хелаифи е претседател на ПСЖ, претседател на Европската асоцијација на клубови (ЕЦА), член на извршниот комитет на УЕФА и претседател на ‘БеИН спортс’, една од најголемите ТВ-компании на светот која купува ТВ-права во фудбалот. Тој е човек со многу шапки, тука има премногу конфликти на интереси кои не смеат да постојат во 2022. Еден човек не може да биде во сите овие организации и да води ТВ-канал кој купува права за Ла лига, Лигата на шампиони, репрезентативните мечеви. Ќе поднесеме формална жалб до УЕФА оваа недела, но и тужба во Франција и уште една пред ЕУ во Брисел. Ќе видиме и за во Швајцарија“, најави Тебас.
Тој повторно ги критикуваше ПСЖ и Манчестер сити за прекршување на финансискиот ферплеј.
„ПСЖ ја убива француската лига. Има правила на УЕФА за да се спречат такви ситуации, но ако не дојде до тоа, ПСЖ ќе ја убие лигата. Меси дојде во ПСЖ и француската лига доби 70 милиони евра од меѓународните ТВ-права, додека ние добиваме 900 милиони евра без Меси и без Кристијано Роналдо“, посочи Тебас.
Ал-Хелаифи: Во Шпанија се љубоморни бидејќи француската лига е посилна
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Академија Пандев ќе се претопи во Беласица и ќе и го отстапи местото во Првата лига

Поранешниот освојувач на Купот, тимот на Академија Пандев ќе се фузира со Беласица и ќе му го препушти местото во Првата лига. Ова ќе се случи на денот на прославата на стогодишнината на Беласица, откако Горан Пандев во договор со раководството на Беласица одлучи неговиот клуб да се спои со постариот струмички клуб и да се формира еден силен прволигаш.
Ова го потврди Беласица на социјалните мрежи.
„1922 година беше формирана струмичката гордост ФК Беласица, еден од најстарите спортски брендови во државата. По тој повод, на 31 јули ве покануваме заедно да го прославиме и одбележеме овој голем настан, во вечерен термин под рефлектори на стадионот “Благој Истатов” во една пријателска средба помеѓу нашата екипа и нашите вечни ривали, ФК Брегалница. Покрај спектаклот и забавниот дел, на овој настан ќе бидат изнесени во јавност новитети за нашата Беласица, ново лого и дресови за оваа сезона по повод стогодишнината, нова екипа ЖФК Беласица, силни младински екипи како дел од младинската Суперлига и секако конструирање на силна Беласица и спојување со екипата на нашата легенда Горан Пандев“, соопштија од Беласица.
Спорт
Андреј Стојановски постави нов национален рекорд на 50 метри грбно

Македонскиот пливач Андреј Стојановски постави личен и национален рекорд на вториот настап на Медитеранските игри. Тој во категоријата 50 метри грбно исплива резултат 27.71 секунди, што е нов национален апсолутен и младински рекорд во оваа дисциплината.
Претходно, Стојановски настапи во дисциплината на 200 метри градно и исплива со време до 2:22.42 минути, а тое нов младински рекорд на Македонија.
Спорт
Џорџ Расел со потег на годината во Ф1 – Го остави болидот за да му помогне на Жу

Трката за ГН на Велика Британија почна инцидент откако при првиот свиок дојде до троен судир при што болидот на Жу се преврте и одлета кон заштитната ограда. Расел демонстрираше фантастично чувство за фер-плеј и направи неверојатен потег, го остави болидот на патеката и истрча да му помогне на Жу.
Тимот на Алфа Ромео објави дека Жу не се наоѓа во животна опасност и ќе биде предмет на дополнителни детални лекарски прегледи.
Honor a George Russell, se la sudó muchísimo el estado de su coche y fue corriendo para ayudar a Zhou. 👏🏻👏🏻 pic.twitter.com/m1beZ3O2gI
— Jose 🇵🇱 (@JosxFCB) July 3, 2022