Спорт
Полицијата го најде глупавиот крадец, Пиоли го доби својот медал

Тренерот на новиот италијански шампион, Милан, Стефано Пиоли го доби назад својот шампионски медал кој му беше украден за време на прославата на „Мапеи“ во Реџо Емилија.
По 0:3 победата кај Сасуоло, „росонерите“ ја потврдија својата 19. шампионска титула, меѓутоа Пиоли остана без медал во хаотичните сцени со стотината навивачи на Милан на теренот. Покрај тоа, крадецот глупаво реши да се пофали на Инстаграм праќајќи порака „Благодарам, Пиоли“, со фотографија на медалот.
Токму оваа грешка дозволила полицијата во Реџо Емилија да го пронаје крадецот и да му го врати меадалот на тренерот, негов прв трофеј во тренерската кариера.
Му го украде медалот на тренерот, па му пиша на Инстаграм: Фала, Пиоли!
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
ФИФА ја потврди употребата на новата офсајд технологија

Светската фудбалска федерација (ФИФА) ја потврди употребата на полуавтоматска офсајд технологија на претстојното Светско првенство во Катар.
Постапката за користење на новиот систем е претставена во четири точки.
Натпреварите на Светското првенство во Катар ќе ги снимаат 12 специјализирани камери, подготвени да лоцираат по 29 точки на секој фудбалер на теренот 50 пати во секунда.
Сензорите, сместени во центарот на топката, со фреквенција од 500 херци, ќе пренесуваат податоци 500 пати во секунда.
Технологијата ќе им сигнализира потенцијален офсајд на судиите во ВАР собата, во секое време.Тие потоа ќе ја проверат конкретната ситуација на терен и доколку има потреба ќе реагираат.
Ситуацијата, потврдена како офсајд од судиите на теренот и во ВАР собата, ќе се емитува во 3Д анимација на екраните на стадионите и во директните телевизиски преноси.
BREAKING: FIFA have confirmed that new semi-automated offside technology will be used at the 2022 Qatar World Cup. pic.twitter.com/sHcjpTqv4T
— Sky Sports News (@SkySportsNews) July 1, 2022
Спорт
Рамос барал помош за да ја добие Златната топка

Шпански „Ел Конфиденсијал“ уште еднаш открива приватни разговори меѓу фудбалери и водечките луѓе во Фудбалскиот сојуз на Шпанија. Овој пат станува збор за разговор од 2019 година помеѓу тогашниот капитен на Реал Мадрид, Серхио Рамос и првиот човек на ФС Шпанија, Луис Рубиалес.
Рамос имал директна и редовна комуникација со Рубиалес во текот на 2018 и 2019 година. Екс капитенот на Реал, со сите сили ја посакувал Златната топка, а во неколку наврати побарал од претседателот на Рубиалес помош за да може да си ја исполни желбата.
Шпанскиот весник најави објавување на аудио разговорот наскоро, засега објави само делови од разговорот.
„Добровечер Руби, се надевам дека ти и твоето семејство сте добро. Знаеш дека никогаш не барам ништо, но ќе побарам денес затоа што мислам дека ако ги гледаме моите настапи, дека ова е посебна година“, му вели Рамос на Рубиалес, со барање да сврти неколку броеви, односно да ги искористи своите пријателства за да му помогне да ја освои Затната топка.
„Би ти бил благодарен до крајот на мојот живот“, вели поранешниот капитен на Реал.
Рубиалес наводно го прифатил ова барање и направил што можел, но без никаков успех. Златната топка, таа сезона му припадна на Меси (неговата шеста), втор беше Вирџил ван Дајк од Ливерпул.
Интересно, Рамос не беше ниту меѓу првите 30 номинирани во изборот за Златната топка. за Светското првенство таа година, бидејќи 2019 година не беше успешна за Рамос и Реал.
Спорт
Тотенхем го потврди трансферот на Ришарлисон

Бразилскиот репрезентативец Ришарлисон потпиша петгодишен договор со Тотенхем. Ришарлисон е четвртото засилување за Тотенхем во преодниот рок.
Ришарлисон во Тотенхем пристигна од Евертон. Бразилецот за екипата од „Гудисон парк“ одигра 152 натпревари, постигна 53 гола и забележа 14 асистенции.
Тотенхем за овој трансфер издвои речиси 70.000.000 евра.
Претходно Антонио Конте го засили тимот со голманот Фрејзер Фостер, Иван Перишиќ и Ив Бисума.
It's official 🔥 #WelcomeRicharlison pic.twitter.com/pC6IOv2kLp
— Tottenham Hotspur (@SpursOfficial) July 1, 2022