Спорт
Ливерпул со помош на невро-сензори за подготовка за финалето на ЛШ

Дел од подготовките на фудбалерите на Ливерпул за финалето на Лигата на шампионите овој викенд вклучува користење на технологија со мозочни сензори, откриваат последните фотографии од тренинзите на „црвените“.
По разочарувањето во последниот ден од Премиерлигата во кој Манчестер сити направи неверојатен камбек а ја освои титулата, во Ливерпул немаат време за губење пред обидот за тројна куп титула со победа над Реал Мадрид во Париз во сабота.
Клубот, како дел од подготовките, повторно го ангажираше германскиот невролог, доктор Никлас Хауслер и неговиот бизнис партнер Патрик Ханчке преку нивната компанија „Неуро11“. Нивната технологија е посебно дизајнирана за засилување на менталната сила кај спортистите, ветувајќи „оптимална ментална поготвеност“ за функционирање на највисоко ниво.
Бековите Трент Александер-Арнолд и Костас Цимикас беа дел о програмата,со електроди на својата глава за да се соберат податоци за подоцна да се креира посебна тренинг-програма за нив. „Неуро11“ соработува со Ливерпул од минатата година. Јирген Клоп, да потсетиме, честопати ги нарекува своите фудбалери „чудовишта на менталитет“.
Liverpool stars wear brain sensors in training as Klopp thinks up Champions League final plan against Real Madrid
Jurgen Klopp first approached neuro11 before the Covid-19
The technology aims to get athletes in the optimum mental state to perform to the highest level pic.twitter.com/u2S2Cz0mrq
— Lilian Chan (@bestgug) May 25, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Интер испадна од клускиот Мундијал

Фудбалерите на Флуминенсе направија изненадување победувајќи го фаворизираниот Интер со 2:0 и се пласираа во четвртфиналето на Светското клупско првенство.
Интер доживеа шок во четвртата минута кога Херман Кано со глава шутираше ниско во средината на голо и го совлада Јан Зомер.
Победата бразилскиот тим ја потврди во судиското надополнување, во 93.минута, стрелец беше Херкулес.
Спорт
Турците се задоволни од Монтела

Италијанскиот стручњак Винченцо Монтела ќе остане тренер на турските фудбалери до јули 2028 година, објави Фудбалската асоцијација на Турција (ФСТ).
Според ФСТ, Монтела (51) потпишал нов договор и се обврзал на нелојалност до крајот на Европското првенство во 2028 година.
Монтела седеше на клупата на Турција во 2023 година, а на претходното Европско првенство ја водеше екипата до четвртфиналето.
Турција го очекува почетокот на квалификациите за Светското првенство 2026 во септември.
Екипата на Монтела е во групата Е, во која се и Шпанија, Грузија и Бугарија. Победникот од групата ќе обезбеди директно место на Светското првенство, додека второпласираната селекција ќе оди во плејофот.
Спорт
Еванс ја заврши кариерата, доби интересна работа во Јунајтед

Џони Еванс ја заврши својата 20-годишна играчка кариера и се пресели од теренот во канцеларијата.
Долгогодишниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, но и на бројни други клубови (Лестер, Сандерленд, ВБА) ќе ги извршува своите должности во клубот од Олд Трафорд, а неговиот опис на работното место ќе вклучува работа со млади играчи.
Тој ќе соработува со директорот на клубот Џејсон Вилкокс и директорот на академијата за подобрување и развој на младите играчи. Неговиот фокус ќе биде испраќање играчи на позајмица.
Во два периода во Манчестер, Еванс одигра вкупно 241 натпревар за „Црвените ѓаволи“.
Учествуваше во освојувањето на Лигата на шампионите и три титули во Премиер лигата, сите под водство на Сер Алекс Фергусон.
За репрезентацијата на Северна Ирска одигра вкупно 107 натпревари.