Спорт
Тејтум ги надигра Леброн и Дејвис – Селтикс славеа против ЛА Лејкерс
Изминатата ноќ во НБА лигата го донесе дуелот на двете најтрофејни франшизи. Бостон Селтикс убедливо славеа над ЛА Лејкерс, во чии редови се врати Леброн Џејмс, со 130:108.
Бостон Селтикс се вратија од двоцифрениот минус и на крајот убедливо триумфираа. Лејкерси немаа решение за Џејсон Тејтум кој постигна 37 поени и забележа 11 скока. Голема помош Тејтум доби од тројца свои соиграчи: Маркус Смарт (22 поени, 8 скока, 6 асистенции), Денис Шрудер (21 поен, 6 скока, 6 асистенции) и Ал Хорфорд (18 поени).
Лејкерси ги предводеше Ентони Дејвис со 31 поен и шест скока. Леброн Џејмс по две неделната пауза се врати во тимот, одигра добра меч, за 32 минути постигна 23 поени.
Бостон со скор 8/8 се деветти на Истокот, на Западот, Лејкерси се на истата позиција со еден пораз повеќе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Жестока казна за Естудијантес за непочитување на шампионот Росарио Централ
Аргентинската Фудбалска Асоцијација (АФА) жестоко ги казни играчите и раководството на Естудијантес откако им го свртеа грбот на играчите на Росарио за време на шпалирот за шампионот.
Фудбалерите на Росарио Централ неодамна беа прогласени за шампиони на Аргентина за 2025 година. АФА ги промени правилата по завршувањето на сезоната. Шампионската титула му припаѓа на тимот што освои најмногу бодови во оваа календарска година. Ова значи дека бодовите од Апертура и Клаузура се собираат заедно.
Апертура и Клаузура се два полусезонски турнири. Апертура („отворање“) се игра во втората половина од календарската година (од јули до декември), а Клаузура („затворање“) во првата половина од следната година (од јануари до јуни).
Според критериумите на АФА, Росарио Централ е најдобар со 66 бода, четири повеќе од Бока Јуниорс.
Според сегашните правила, тимот со најмногу бодови обезбеди учество само во Копа Либертадорес следната година. За шампиони беа прогласувани најдобрите во Апертура и Клаузура.
Одлуката на АФА, на овој начин да им ја додели титулата на Росарио Централ, предизвика многу критики во Аргентина.
Фудбалерите на Естудијантес решија да протестираат. Во пресрет на натпреварот против Росарио, тие направија шпалир за шампионите, но откако излегоа од тунелот, им го свртеа грбот.
Со тој потег, тие покажаа дека не се задоволни од одлуката на АФА да го прогласи Росарио за шампион.
Last week, Argentina's FA created a new trophy with no warning, gave it to Rosario Central and made Estudiantes give a guard of honor. The players turned their backs in protest 🇦🇷
The AFA has now banned all 11 players for two games next season. Wild 😳pic.twitter.com/dHore9kFw5
— Men in Blazers (@MenInBlazers) November 27, 2025
Аргентинската фудбалска асоцијација објави строги казни за играчите и клубот. Единаесет играчи кои започнаа на натпреварот против Росарио беа суспендирани на два натпревари. Тие можат да ја отслужат суспензијата во следната сезона.
Претседателот на клубот, Хуан Себастијан Верон, исто така, беше казнет со парична казна. Тој беше суспендиран шест месеци од сите активности поврзани со фудбалот.
Клубот беше казнет со нешто повеќе од 70.000 евра. Капитенот Сантијаго Нуњез не смее да ја носи капитенската лента во следните три месеци.
„Ставот на свртување грб на шампионот испраќа порака за обезвреднување на спортските достигнувања на другите“, објави Дисциплинската комисија, додавајќи дека чинот „не е неморален“.
Спорт
Азербејџан архивиран, кошаркарите се насочија кон Република Ирска
Македонија имаше успешен почеток на претквалификациите за пласман на Евробаскетот 2029 година. Македонија го победи Азербејџан со 87:49.
Убедливиот триумф ќе им ја зголеми самодовербата на кошаркарите, пред гостувањето во Даблин кај Република Ирска.
„Ова беше заслужена победа. Морам да ја пофалам тимската хемија и енергија која постои во овие три дена. Никогаш ниту преценуваме, ниту потценуваме некого. Но мора да ги пофалам играчите дека за краток период функционираа одлично, и тоа што го покажаа на теренот и го покажува и семафорот, е заслужено. Овој дуел со Азербејџан го забораваме и архивираме и останува да се спремиме за она што ни следи – Ирска.
Мора да направиме добар скаутинг и во краткиот период да ги рехабилитираме играчите кои имаат поголема минутажа и се повозрасни. Мора да функционираме со енергија на високо ниво, а без разлика кој е на другата страна, мора да бидеме максимални“.
На своето деби за репрезентацијата на Македонија, Омари Мур дојде до скор од шест поени, исто толку скокови и девет асистенции.
„На овој меч играше Омари Мур затоа што има промена во нивниот тим кај натурализираните играчи, па ние решивме да користиме играч на бековската позиција. Секако дека Мур ги оправда очекувањата на стартот, иако дојде веднаш по мечот со Баерн.
Се вклопивме добро, и станува збор за вистински професионалец и позитивна личност. Можеби јавноста очекуваше дека ќе се случуваат атракции и многу поени, сепак, тој донесе стабилност и ја држеше целата екипа со искуството кое го носи со себе. Добро ја постави својата игра и си ја заврши задачата“, рече по натпреварот селекторот Илиевски.
Спорт
Иран ќе ја бојкотира ждрепката за Светското првенство
Иран одлучи да го бојкотира извлекувањето на групите за Светското првенство во фудбал во 2026 година откако САД одбија да им издадат визи на неколку членови на нивната делегација, објави во петокот Иранската фудбалска асоцијација.
Извлекувањето на групите за Светското првенство, кое ќе се одржи во САД, Мексико и Канада следното лето, ќе се одржи на 5 декември во Вашингтон.
„Ја информиравме ФИФА дека донесените одлуки не се поврзани со спортот и дека членовите на иранската делегација нема да учествуваат на извлекувањето на Светското првенство“, објави портпаролот на Иранската фудбалска асоцијација на државната телевизија.
Локалните медиуми јавуваат дека претседателот на Иранската фудбалска асоцијација, Мехди Таџ, како и извршниот директор на националниот тим, Мехди Харати, се меѓу службените лица кои не добиле виза. Иранската новинска агенција Тасним објави во октомври дека Американците одбиле визи за вкупно седум ирански службеници.
Иран се наоѓа во вториот шешир пред ждрепката извлекувањето, заедно со Хрватска,
Мароко, Колумбија, Уругвај, Швајцарија, Јапонија, Сенегал, Јужна Кореја, Еквадор, Австрија и Австралија.
Иранците учествувале шест пати на светските првенства и никогаш не ја поминале групната фаза.
Foto/ EPA

