Спорт
Тејтум избори мајсторка за Бостон против Филаделфија
Бостон Селтикс со брејк во Филаделфија изборија мајсторка против Филалделфија за пласман во финалето, во Источната конференција. Селтикс шестиот натпревар од оваа серија го добија со 95:86.
Бостон Селтикс имаа предност во втората четвртина од 16 поени, меѓутоа катастрофално го одиграа третиот период, дозволија Филалделфија да се врати во натпреварот. Во првите три четвртини, најдобриот играч на Бостон, Џејсон Тејтум погоди само еден шут од поле (1/13).
На шест минути до крајот на мечот Филаделфија имаше два поени предност, но до крајот домаќините постигнаа само три поени. На спротивната страна се разбуди Тејтум постигна четири тројки со кои Селтикс забележаа победа.
Најефикасен кај Бостон беше Маркус Смарт со 22 поени и по 7 скока и асистенции, а Џејсон Тејтум додаде 19 поени (5/21 од поле), девет скока и шест асистенции. Џејлен Браун додаде 17, а Малколм Брогдон 16 поени кај гостите од Масачусетс.
Џоел Ембиид и Тајрис Макси постигнаа по 26 поени кај домаќините. Камерунецот, актуелниот МВП на лигата, шутираше 9/20 од поле, а имаше и 10 скока, 3 блокади и 4 загубени топки. Џејмс Харден постигна скромни 13 поени, со уште поскромен учинок кога е во прашање шутот од поле – 4/16. Тој имаше и седум скока, девет.
Очигледно е дека кога станува збор за Филаделфија, клучот на серијата е Џејмс Харден. Поранешниот МВП повторно забележа бледа партија. Во трите порази во оваа серија „Брадата“ од поле шутира 9/44, а во победи е 37/61.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Арсенал победи на „Хил Дикинсон“, Лидс го растури Кристал Палас
Фудбалерите на Арсенал и Лидс забележаа победи во 17-то коло од Премиер лигата, во натпреварите одиграни во саботата навечер.
Арсенал го победи Евертон со 1:0 во Ливерпул и ја забележа својата 17-та победа во последните 21 натпревари во сите натпреварувања.
Првиот и, како што се покажа, единствен гол на натпреварот беше постигнат во 27-та минута, од пенал.
О’Брајан, аматерси реагираше по корнерот на Рајс, играше со двете раце, како да е голман. Судијата досуди пенал откако го гледаше ВАР, а Ѓекереш ја затресе мрежата на домашниот тим.
Тоа беше неговиот прв гол од 1 ноември.
Во вториот дел, ситуација која ќе се анализира, впечаток е дека Евертон беше оштетен за пенал и две стативи на играчите на Арсенал.
„Карамелите“ го заземаат десеттото место на табелата, додека Арсенал се врати на првото место со два бода повеќе од Манчестер Сити.
Во вториот натпревар од вечерта, Лидс неочекувано лесно го победи Кристал Палас со 4:1.
Веќе по првите 45 минути, прашањето за победникот практично беше решено, бидејќи домашниот тим водеше со головите на Доминик Калверт-Луин со 2:0. Напаѓачот стана четвртиот играч на Лидс кој во пет последовни натпревари, во Прмиер лигата постигнал најмалку еден гол.
Во 60-та минута, Ампаду го зголеми резултатот на 3:0, а Девени го постигна почесниот гол за гостите во 92-та минута од пенал.
Натпреварот беше продолжен повеќе од десет минути, а во 11-та минута од судиското продолжение, Стах го постави конечниот резултат од 4:1.
За Лидс, ова е четврти натпревар без пораз, односно втора победа во тој период, а сега е веќе далеку од зоната за испаѓање, додека Палас го претрпе вториот пораз по ред и дополнително се оддалечи од местото што води кон Европа.
Foto/ Depositphotos
Спорт
(Видео) Мбапе го израмни рекордот на Роналдо, Реал со победа ја заврши 2025 година
Фудбалерите на Реал ја победија Севилја со 2:0 во 18-то коло од Ла Лига, а Килијан Мбапе успеа да го израмни рекордот на Кристијано Роналдо во дресот на „Кралскиот клуб“ во една календарска година.
Французинот, во финишот на натпреварот постигна гол од пенал, го постигна 59-от гол во 2025 година.
Хуанлу претходно направи прекршок врз Родриго. Мбапе постигна гол од пенал, а го прослави во стилот на својот идол Кристијано Роналдо.
Екипата на Чаби Алонсо поведе во 38-та минута преку Белингам, потоа ја презеде иницијативата, и откако Маркао мораше да го онапушти теренот, поради втроиот жолт картон, вратата кон победата на Реал му беше широко отворена.
Реал со натпревар повеќе ома бод помалку од Барселона, додека Севилја е девета со 20 поени.
Foto/ Depositphotos
Спорт
(Видео) Јувентус го доби дербито против Рома
Фудбалерите на Јувентус ја победија Рома во Торино со 2:1, во дербито на 16-то коло од италијанската Серија А.
„Старата дама“ го забележа вториот важен триумф во првенството, по оној во Болоња, значително го подигна нивото на игра во два овие натпревари и сега има 29 бода на петтата позиција, само еден помалку од четвртопласираната Рома.
„Волчицата“ сè уште не знае за нерешен резултат сезона, ова е нејзин шести пораз, со 10 триумфи, а она што станува карактеристично за тимот на Џанпјеро Гасперини е тоа што е немоќен во дуелите со најсилните италијански тимови.
Рома имаше целосна контрола врз играта во првото полувреме, но и во таква ситуација му доволи на Јувентус две шанси во финишот на полувреме. Консеисао не успеа во првиот обид во 43-та минута, но една минута подцна тој го совлада Свилар.
Јувентус во вториот дел ја имаше инцијативата, а предноста ја удвои во 70-та минута. Првиот обид на Мекени, Свилар успеа да го одбрани, топката се врати до Американецот кој му асиситираше на Опенда. Белгиецот од пет метри само ја испрати топката во празната мрежа. Ова е прв гол за Опенда во Серија А оваа сезона.
Шест минути подоцна, Рома се врати во мечот, со голот на Балданци. Јилдиз во 80-та минута, можеше да го реши мечот, но топката по негвиот удар заврши во стативата.

