Спорт
Тенискиот Лејвер куп e одложен за 2021

Четвртото издание на тенискиот Лејвер куп, кое требаше да се оддржи од 25 до 27 септември е одложено за следната година, поради „судирот“ во календарот со презакажаниот Ролан Гарос.
Турнирот, кој е основан и организиран од менаџерската компанија на Роџер Федерер, сега доби нов термин – 24-26 септември 2021 година во „ТД гарден“ во Бостон.
„За жал, Лејвер купот ќе биде одложен оваа година, но во овој момент, тоа е најдоброто за сите. Иако е разочарувачки, одлична вест е што ’ТД гарден’ е достапен за 2021 година и конечно првпат ќе играм во Бостон“, вели Федерер.
Laver Cup Boston 2020 moved to 2021. Will be held September 24-26, 2021 @tdgarden. Read the full media release on https://t.co/NXSOiFKDXQ. pic.twitter.com/AcIvnRk67S
— Laver Cup (@LaverCup) April 17, 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Душан Влаховиќ од 40 милиони евра

Фудбалскиот клуб Јувентус одреди цена од 40 милиони евра за својот напаѓач Душан Влаховиќ.
Но, тој е подготвен да преговара и да ја намали цената за да го продаде и да собере средства за да го купи Расмус Хојлунд од Манчестер Јунајтед.
Договорот на Влаховиќ истекува следната сезона и тој не сака да го продолжи, па клубот се обидува да го продаде за следната година да не остане без отштета.
Како што пренесува Тутоспорт, Јувентус поставил цена од 40 милиони долари за Влаховиќ, но е подготвен и да преговара за пониска цена, за да собере средства за Хoјлунд.
Претставниците на клубот веќе започнале преговори со раководните лица на данскиот фудбалер.
Раководството на Јувентус сака да смени напаѓачи ова лето, па покрај заминувањето на Влаховиќ се очекува да го напушти Торино и Даглас Луис. Бразилецот не се снајде најдобро во тимот и неодамна се пожали на малата минутажа.
Неизвесно е и дали Рандал Коло Муани ќе остане во клубот, бидејќи позајмицата му истекува на крајот на сезоната и би можел да се врати во Пари Сен Жермен.
Јувентус долго време е заинтересиран за Хoјлунд, кој оваа сезона за Манчестер Јунајтед одигра 47 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи девет гола и четири асистенции.
Неговиот договор со англискиот клуб истекува во 2028 година.
Спорт
Снукерот ќе стане олимписките спорт?

Светската професионална билијард и снукер асоцијација (WPBSA), сака снукерот да стане олимписки спорт од Игрите во Бризбејн во 2032 година.
Иницијативата доаѓа откако Кинезот Жао Синтонг кој ја освои светската титула во Шефилд, каде што го победи трикратниот шампион Марк Вилијамс со 18-12 во финалето на светското првенство, откако во полуфиналето го победи седумкратниот шампион Рони О’Саливен.
Оваа победа му донесе награда од 500.000 фунти, а според проценките, натпреварот го следеле околу 150 милиони гледачи во Кина.
Земјата, која има повеќе од 300.000 сали за снукер, доживеа вистински бум во спортот, што WPBSA сака да го искористи за да го воведе снукерот на Олимписките игри, можеби уште на Игрите во Бризбејн во 2032 година.
„Со оглед на големината на снукерот денес и колку Кина значи за Меѓународниот олимписки комитет, мора да се каже дека сега е вистинското време за снукер. Учеството на Олимписките игри би било пресвртница. Параолимписките игри се исто така можност. Верувам дека Бризбејн е реална цел“, рече претседателот на WPBSA, Џејсон Фергусон.
Успехот на Жао доаѓа откако тој отслужи 20-месечна суспензија поради вмешаност во скандалот со наместени натпревари, кој фрли сенка врз кинескиот снукер, при што вкупно десет играчи од земјата беа суспендирани.
„Ова е еден од најголемите моменти што ги доживеал снукерот. Во Кина, снукерот се третира како национален спорт. Враќањето на светскиот шампион во Кина како национален херој ќе го подигне снукерот на повисоко ниво“, додаде Фергусон.
Спорт
Алба Берлин ја напушти Евролигата

Алба од Берлин ја напушта Евролигата и ќе игра во Лигата на шампионите на ФИБА.
Алба Берлин, 22-кратен шампион на Германија и освојувач на националниот куп, ќе учествува во претстојната сезона 2025/26 од Лигата на шампионите на ФИБА, официјално е објавено.
Со овој потег, клубот од германската престолнина се враќа на европските натпреварувања под покровителство на Меѓународната кошаркарска федерација (ФИБА) по 24 години учество во натпреварувања организирани од УЛЕБ (12 сезони во Евролигата, 12 во Еврокупот/УЛЕБ Купот), од својата дебитантска сезона во 1990/91.
До крајот на сезоната 2000/01, „Албатросите“ поминаа единаесет сезони во ФИБА натпреварувањата, а својот најголем успех го постигнаа во 1995 година, кога сензационално го освоија Купот Кораќ.
Оваа одлука доаѓа и по заедничкото соопштение на ФИБА и НБА на 27. март, во кое беше најавено истражување за можноста за основање нова професионална машка кошаркарска лига во Европа.