Спорт
Тер Штеген ќе го пропушти Ел Класико

Првиот голман на Барселона Марк-Андре тер Штеген ќе го прескокне и дербито со Реал Мадрид. Ел Класико е на програмата на 24 октомври на „Ноу Камп“ во Барселона.
Германскиот репрезентативец се уште се рехабилитира од операцијата на коленото, а тренерот Роналд Куман не е оптимист дека ќе може да ги користи неговите услуги во дербито.
„Не верувам дека Марк ќе биде подготвен до наредната недела. Не постои точен датум кога тој треба да се врати. Мораме да следиме како се одвива неговата рехабилитација“, рекол Куман.
Тер Штеген е во Барселона од 2014 година, минатата сезона прими 36 голови во Ла Лига на исто толку натпревари. Германецот има договор со Барселона до 30 јуни 2022 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Боливија го победи Бразил ќе игра бараж за СП, Луис Суарез ја декласира Венецуела

Јужноамериканските великани Бразил и Аргентина доживеаја порази во последното коло, во квалификациите за пласман на Светското првенство. Натпреварите во Еквадор и Боливија немаа никакво значење за двете селекции, но дуелот во Боливија им значеше на домаќините, кои со „помош“ на Колумбија, дојдоа до седмата позиција и место во Интерконтиненталниот бараж.
Карло Анчелоти го доживеа првиот пораз како селектор на Бразил. „Селесао“ одигра лош натпревар во Боливија, загуби со гол од пенал во четвртата минута од надополнувањето на времето во првото поливреме.
Пеналот во гол го претвори Мигелито, инаку член на бразилската второлигашка екипа Америка Минеиро, која моментално се бори за опстанок. Со оваа победа, Боливија се квалификуваше за плејофот и ќе се обиде да стигне до првото учество на Светското првенство од 1994 година.
Боливија ќе оди во меѓуконфедерацискиот плејоф во март 2026 година во Мексико, каде што уште две репрезентации од КОНКАКАФ и по една од Азија, Африка и Океанија ќе учествуваат на мини-турнирот.
Двојките се одредени според ранг-листата на ФИФА и засега не се познати бидејќи квалификациите се уште се во тек на другите континенти.
И Аргентина загуби со гол од пенал, длабоко во судиското надополнување на времето во првот полувреме. Голот за Еквадор го постигна Валенсија. Аргетнина од 31.минута ираше со играч помалку, Отаменди доби црвен каротн, а силите на теренот беа израменти во 50.минута кога поради два жолти картони беше исклучен Каиседо.
Венецуела не успеа да остане на седмата позиција, откако доживеа дебакл на домашен терен од Колумбија (3:6). Блескаше новиот напаѓач на Спортинг Луис Суарез кој постигна четири гола од 42. до 67.минута.
Резултати:
Еквадор – Аргентина 1:0 (1:0)
/Валенсија пенал 45+13/
Венецуела – Колумбија 3:6 (2:2)
/Сеговија 3, Мартинез 12, Рондон 76 – Мина 10, Суарез 42, 50, 59, 67, Кордоба 78/
Боливија – Бразил 1:0 (1:0)
/Мигелито пенал 45+4/
Чиле – Уругвај 0:0
Перу – Парагвај 0:1 (0:0)
/Галарса 78/
Табела:
Спорт
Гиди останува во Чикаго за 100 милиони долари

Австралискиот бек Џош Гиди ќе остане во Чикаго Булс, франшизата со него потпиша четиригодишен договор вреден 100 милиони долари.
Договорот е загарантиран и нема опција за играч или тим во последната сезона. Гиди имаше најдобра сезона во кариерата со 14,6 поени по натпревар, осум асистенции и седум скока, а никој немал толку многу трипл-дабл во една сезона на Булс од 1980-тите и Мајкл Џордан.
Австралиецот, кој игра на позицијата плејмејкер со 203 сантиметри, треба да биде еден од главните играчи во Булс, а размената на Зак Лавин во Сакраменто отвори простор за него.
Гиди во текот на минатата сезона дојде во Чикао од Оклахома сити Тандер во трејдот за Алекс Карузо.
Спорт
(Видео) ВАР ја спаси Франција против Исланд, Португалците славеа во Будимпешта, Австрија победи кај БиХ

Многу возбудувања во квалификациите за Светското првенство 2026. Португалците славеа против Унгарија во Будимпешта во исклучително драматичен натпревар, Французите по пресврт славеа над Исланд во Париз, а Австрија на гостински терен славеше победа над БиХ.
Репрезентацијата на Босна и Херцеговина загуби дома од Австрија со 1:2. Един Џеко постигна гол за БиХ, додека Марсел Сабицер и Конрад Лајмер ги постигнаа головите за Австрија.
Ова беше прв пораз на Босна и Херцеговина во овие квалификации по четири победи. БиХ сè уште прва во Групата Х, но Австрија има натпревар помалку. Во истата група, Кипар и Романија одиграа нерешено 2:2.
Тесни победи забележаа Франција и Португалија.
Исланд поведе со 0:1 во Париз, но Французите успеаја да го свертат резултатот со головите на Мбапе и Баркола. По црвениот картон на Чуамени, Исланѓаните постигнаа гол во 89-та минута, но голот беше поништен.
Португалија славеше на гости против Унгарија. Барнабас Варга постигна два гола за домаќините, додека Бернардо Силва, Роналдо од пенал и Жоао Кансело за победа во 86.минута ги постигнаа головите за гостите.
Резултати
Франција – Исланд 2:1
Унгарија – Португалија 2:3
Босна и Херцеговина – Австрија 1:2
Кипар – Романија 2:2
Норвешка – Молдавија 11:1
Албанија – Латвија 1:0
Србија – Англија 0:5
Foto/ EPA