Контакт

Спорт

Тешка повреда на Манасков – Го пропушта Европското првенство

Објавено пред

Дејан Манасков, на последниот натпревар што го одиграл за Веспрем, заработил тешка повреда на коленото. Поради оваа повреда, Манасков, ќе го пропушти Европското првенство, кое на програмата е на почетокот на 2022 година.

Манасков ги скинал лигаментите во коленото. Тој ќе мора да биде опериран, а рехабилитацијата од ваквата повреда трае од шест до девет месеци.

Македонија на Европското првенство ќе се натпреварува во А-групата против Данска, Словенија и Црна Гора. Првиот меч Македонија ќе го одигра во Дебрецин, на 13.јануари 2022 година, против Словенија.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Стив Брус си замина од Њукалс јунајтед

Објавено пред

Стив Брус повеќе не е тренер на Њукасл јунајтед. Клубот потврди дека со Брус спогодбено го раскинал договорот. Брус, го плати цехот на лошите резултати, тимот се уште нема победа во Премиер лигата. Новите газди не веруваат дека тој може да биде менаџерот кој ќе стои зад нивниот проект.

Уште пред две недели, кога Њукасл јунајтед добија нов газда, започнаа шпекулациите околу можниот наследник на Брус. Брендан Роџерс и Рафаел Бентиез ја одбиле понудата исто како и Зинедин Зидан. Сега се шпекулира со Еди Хау, Грем Потер, Стивен Џерард, Френк Лампард.

Англиските медиуми, шпекулрата дека најсериозен кандидат за клупата на Њукасл е Паоло Фонсека. Поранешниот тренер на Шахтјор и Рома, во летниот преоден рок се поврзуваше со Тотенхем, но работата ја доби неговиот сонародник Нуно Еспирито Санто.

Прикажи повеќе...

Спорт

Момче со неморална понуда се обиде да го добие дресот на Меси

Објавено пред

ПСЖ, синоќа, го победија Лајпциг со 3:2. Лионел Меси со два гола не дозволи гостите да забележат сензационална победа во Париз.

На „Паркот на принцовите“, покрај аргентинскиот фудбалер, вниманието го привлече едно момче со невкусен и неморален транспарент.

„Лео дај ми го дресот, ќе ти ја дадам мојата мајка“.

Мајката која момчето му ја дава на Меси стои до својот син.

Прикажи повеќе...

Спорт

Рајола најавува голем трансфер – Де Лихт од јануари во Барселона

Објавено пред

Каталонскиот „Ел Насионал“, во јануарскиот преоден рок, најавува вистинска трансфер-бомба. Главен актер е клиент на контроверзниот менаџер Мино Рајола.

Според овој извор, Рајола е во контакт со луѓето од Барселона, околу евентуалниот трансфер на Матијас Де Лихт.

Холандскиот репрезентативец не бил задоволен од статусот што го има во Јувентус. Од почетокот на сезоната одиграл само 669 минути. Предност кај Масимилијано Алегри имаат ветераните Џорџо Кјелини и Леонардо Бонучи.

Барселона сакаше да го донесе Де Лихт и во 2019 година, меѓутоа Рајола тогаш ја прифати понудата од Јувентус. „Страта дама“ за Де Лихт плати 75.000.000 евра.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет32 минути

Во Израел откриена мутација на делта-сојот од коронавирус, момче сместено во карантин

Израел го потврди првиот случај со мутација на делта-сојот на коронавирус, кој претходно беше откриен во некои европски земји, објави...

Македонија1 час

Со една доза вакцинирани се 49,4% од населението над 18-годишна возраст

Заклучно со 17 октомври со една доза на вакцина против Ковид-19 вакцинирани се 49,4% од населението над 18-годишна возраст. Кај...

Македонија1 час

Пендаровски: Извештајот на ЕК претставува објективна слика за состојбите во државата

Претседателот Стево Пендаровски денеска имаше средба шефот на делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Дејвид Гир, кој му го предаде извештајот...

Македонија2 часа

До ДИК поднесени 13 приговори за изборните резултати

До Државната изборна комисија се поднесени 13 приговори за постапката за гласање и за постапката за сумирање и утврдување на...

Спорт4 часа

Потврдено: Ако не се вакцинира, Ѓоковиќ нема да игра на Австралија опен

Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ, нема да може да ја брани титулата на Австралија опен, доколку не се вакцинира....

Македонија18 часа

Вархељи повика на итно решавање на спорот со Бугарија до крајот на годината

Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархељи, очекува зелено светло за преговорите со Северна Македонија и Албанија и повика на итно решавање...

Македонија18 часа

Северна Македонија продолжува да ги исполнува условите за преговори за членство во ЕУ, се наведува во новиот извештај

Северна Македонија продолжува да ги исполнува условите за отворање на преговорите за членство и властите ја демонстрираа јавно својата цврста...

Македонија20 часа

Димитриевски: Лица од МВР три недели нè следат мене и мојот тим, тоа е вршење притисок поради изборите

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, кого утрово полицијата го сопре и го прaти со возилото на технички преглед, на прес-конференција...

Македонија21 час

Се укинува ограничувањето на бројот на гости на една маса во угостителските објекти

Владата на денешната редовна 113. седница, меѓу другото, во согласност со моментната епидемиолошка состојба во државата усвои измени и дополнувања...

Македонија22 часа

(Видео) Мицкоски ја повика цела опозиција зa уривање на Владата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, упати повик до Левица и сите опозициски партии, но и до владините кои се во...

Македонија22 часа

За една недела од коронавирус починале 26 вакцинирани лица, од кои најголем дел примиле „синофарм“

Во периодот од 8 до 14 октомври од коронавирус починале 105 пациенти, а 75 % од нив не биле вакцинирани....

Македонија23 часа

МВР не ја наведува причината за запирањето на Максим Димитриевски и најави истрага за случајот

Од Министерството за внатрешни работи по сопирањето на градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, велат дека за случајот е вклучен Одделот...

Македонија1 ден

Уште 27 Авганистанци заминаа од земјава

Група од 27 граѓани на Авганистан кои привремено престојуваа во земјава изутрината од Меѓународниот аеродром Скопје, со членови на нивните...

Македонија1 ден

35 проценти од популацијата во државата примиле две дози вакцина

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 3.475 дози вакцини, од кои 917 се аплицирани како прва доза, 2.509...

Македонија1 ден

Симовски: Резултатите од пописот најдоцна до март

Директорот на државниот завод за статистика, Апостол Симовски, информира дека обработката на податоците од пописот е почната веднаш по неговото...

Европа1 ден

Турција нареди нови апсења, 33 војници се меѓу 158 осомничени во врска со Ѓулен

Турското обвинителство нареди апсење на 158 осомничени, вклучително и 33 припадници на војската, во опсежна операција насочена против лица наводно...

Регион1 ден

Извештајот за напредокот на Македонија ќе биде објавен денеска во Стразбур

Се очекува денеска во Стразбур да биде усвоен Пакетот за проширување на земјите од Западен Балкан. Пакетот за проширување вклучува...

Свет1 ден

Северна Кореја лансираше ракета во морето

Северна Кореја лансираше неидентификувана ракета во морето, соопшти јужнокорејската војска. Ракетата е лансирана во морето источно од полуостровот, соопшти армијата...

Македонија2 дена

По првиот круг градоначалници се избрани во 34 општини

По првиот круг од локалните избори избрани се градоначалници во 34 општини, покажуваат првичните податоци на Државната изборна комисија. Во...

Македонија2 дена

ДИК: Арсовска освои 7.805 гласа повеќе од Шилегов во првиот круг

Според податоците што вечерва ги соопшти претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски, скопјани во вториот круг за челник...

Досие