Спорт
Тим и Зверев со мали проблеми до второто коло на АО

Доминик Тим и Александар Зверев изборија пласман во второто коло на Австралија опен. Првата рунда во Мелбурн ја минаа и Стен Вавринка, односно Милош Раониќ.
Финалистот од минатата година, Тим, имаше проблеми во првиот сет против Михаил Кукушкин, кој го доби во тај-брејк, а потоа во наредните два славеше со 6/2, 6/3. Австриецот во првиот сет спаси и сет топка.
Зверев имаше големи проблеми со 73.играч на АТП листата, Маркос Џирон. Германецот кршеше рекети во првите два сета, на крајот славеше со 3:1 (6/7, 7/6, 6/3, 6/2).
Вавринка и Раониќ, рутински во три сета ги минаа своите противници Федерико Кориа, односно Педро Соуса. Доколку бидат успешни во второто коло, овие двајца ќе играат меѓу себе во третата рунда.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Партизан го потврди отказот на Филиповски, Матовиќ нов тренер
Шпекулациите на српските медиуми се покажаа како точни, откако КК Партизан го отпушти тренерот Саша Филиповски и неговиот помошник Бобан Митев со взаемен договор и потврди дека до крајот на сезоната тренер ќе биде Александар Матовиќ.
„По разговорите меѓу управата на клубот и досегашниот тренер Саша Филиповски, беше договорено за раскин на договорот со него и со неговиот прв помошник, Бобан Митев. Се заблагодаруваме на нивната соработка и на трудот кој го пружија во Партизан. Преоден тренер ќе биде Александар Матовиќ“, објавија од Партизан.
Филиповски и Митев дојдоа во Партизан на 5 ноември 2020 откако Влада Шќепановиќ си замина од тренерската позиција. Под нивно водство, Партизан влезе во топ 16 во Еврокупот и полуфиналето на Купот на Радивое Кораќ, но потоа следуваше низа слаби резултати во АБА лигата.
Sporazumni raskid saradnje sa Sašom Filipovskim, prvi tim do kraja sezone predvodi Aleksandar Matović!
📑 https://t.co/qkUv5zL6or#KKPartizan pic.twitter.com/eT9T6aVMuh
— KK Partizan NIS (@PartizanBC) March 8, 2021
Спорт
Хаверц блесна, Челси лесно против Евертон

Каи Хаверц, конечно, почна да покажува зошто Роман Абрамович плати за него 70 милиони фунти откако беше клучниот човек во тимот на Томас Тухел при 2:0 победата над Евертон, со која се одвоија на пет поени предност на четвртото место на табелата токму пред „карамелите“.
Хаверц првин во 31. минута го упати ударот, кој преку Бен Годфри влезе во голот на Џордан Пикфорд, за потоа во второто полувреме, првин во 54. минута да постигне гол, кој му беше поништен поради играње со рака, пред во 65. минута да биде фаулиран од голманот Пикфорд за Жоржињо од белата точка да зголеми на 2:0.
Со ова се продолжи препородот на Челси под водство на Тухел, кој успеа да го извлече максимумот од неговиот сонародник Хаверц, нешто што не му успеваше на неговиот претходник Френк Лампард.
Челси е четврти со 50 освоени поени, три зад третопласираниот Лестер и четири зад Манчестер јунајтед на второто место, но четири пред Евертон и пет пред Тотенхем и Вест хем во борбата за топ-4 пласман.
Спорт
(Видео) Голема прослава за Ѓоковиќ во Белград – „Ова е успех на целата нација“

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, официјално стана рекордер по бројот на недели (311) поминати на првото место на АТП-листата. Вечерва, по овој повод, во негова чест се одржа дочек во Белград, а шампионот го прослави историскиот момент со своите сограѓани.
Заменик-градоначалникот на Белград, Горан Весиќ, исто така јавно му се заблагодари на Ѓоковиќ за постигнатиот успех.
„Вечерва, Белград го слави триумфот на Ноле! Од денес белграѓанецот Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња. Ти благодарам за радоста што му ја донесе на нашиот народ“, напиша Весиќ.
Вечерас Београд слави тријумф Нолета! Од данас Београђанин Новак Ђоковић најбољи је тенисер свих времена.
Хвала Ноле за радост коју си пружио нашем народу!
Posted by Горан Весић on Monday, March 8, 2021
„Ви благодарам што дојдовте, не очекував толку многу луѓе. Ви благодарам за сите овие години што сте со мене. Ова е успех на целата нација, не само мој и на моето семејство. Тоа го сфатив пред десет години кога успеав да го остварам детскиот сон за освојување на Вимблдон. Она што најмногу ме трогна беше тоа што го доживеав во Белград по Вимблдон кога првпат станав број еден во светот. Се вратив тука и Србија подготви нешто што ќе го паметам целиот живот. Вечно сум ви благодарен за тоа и поради тоа, чувствувам голема чест, привилегија и задоволство и одговорност да ве претставувам сите на најдобар можен начин насекаде во светот. Знам дека ви ги кинам нервите, понекогаш си ги кинам и сам на себе“, рече Новак пред насобраните.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија3 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа2 недели
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Економија3 недели
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“