Спорт
Тинејџерката Гоф ќе ја предизвика Швјонтек во финалето на Ролан Гарос

Американката Коко Гоф стана најмладата гренд слем финалистка од Марија Шарапова која победи на Вимблдон во 2004 година, откако со 6:3/6:1 ја победи Италијанката Мартина Тревизан во нервозен меч во кој двете тенисерки се обидуваа да влезат во своето прво големо финале.
18-годишната Гоф во финалето ќе има тежок предизвик да ја прекине серијата на светската тенисерка број 1, Полјачката Ига Швјонтек, која претходно лесно ја победи Русинката Дарја Касаткина за второ финале во Париз и 34. победа едноподруго.
Последна Американка со титулата во Париз беше Серена Вилијамс во 2015, додека последна финалистка беше Софија Кенин во 2020.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Алкараз знае да игра и на трева, Изнер го исфрли Мареј

Новата шпанска тениска ѕвезда, Карлос Алкараз, првпат во кариерата го мина второто коло на тревнетите терени во Лондон, откако со 6:4/7:6(0)/6:3 го совлада Холанѓанецот Талон Грикспор.
Алкараз, кој далеку подобро се чувствува на турнирите на земјена подлога, имаше лошо прво коло против германскиот ветеран Јан-Ленард Штруф, а во третото коло ќе игра со уште еден Германец, Оскар Оте.
Двократниот шампион од Вимблдон и поранешен светски број 1, Енди Мареј немаше толку среќа, откако налета на Американецот Џон Изнер (сопственикот на рекордот за најдолг меч во историјата на турнирот), и немаше одговор за силниот сервис на противникот, губејќи со 6:4/7:6(5)/6:7(3)/6:4.
Со елиминацијата на Шкотланѓанецот се расипа денот за домашната публика, откак претходно беше елиминирана и шампионката од САД опен, Ема Радукану.
Средата не беше добра ниту за шампионката од 2017 година, Шпанката Гарбиње Мугуруза, која заврши во солзи по 6:4/6:0 поразот од Белгијката Гретје Минен. Мугуруза плачеше меѓу поените во вториот сет, во кој имаше само 9 директни победнички топки и направи дури 21 неизнудена грешка.
Ваков проблем немаше уште една поранешна шампионка, Германката Анџелике Кербер, која со 6:3/6:3 ја совлада Полјачката Магда Линет за пласман во третото коло по час и 25 минути игра.
Спорт
Италијанците ја шокираа Унгарија за полуфинале на СП во ватерполо

Првите фаворити за златото на Светското првенство во ватерполо, Унгарија, доживеаја шокантен пораз во четврт-финалето од Италија од 11:10, за првпат по подолго време да не се борат за медал на едно големо натпреварување.
Унгарците имаа 3:2 водство по првата четвртина пред гласната публика во Будимпешта, за потоа Италијанците да направат неверојатен пресврт во втората, добивајќи ја со 4:1. До последната четвртина, предноста на „аѕурите“ беше четири гола 11:7, но Унгарија успеа да се врати за драматичен крај, во кој сепак, не успеаја да ја направат целосен пресврт. Италија обезбеди полуфинален меч со Грција, која утрово ја совлада репрезентацијата на САД.
Претходно, Црногорците не успеаја вторпат во својата историја да стигнат до полуфинале на Мундијалот, по тесниот 7:6 пораз од Шпанија, која ќе се бори со Хрватска за место во финалето. Популарните „ајкули“ на 50 секунди пред крајот имаа напад за израмнување, но Богдан Ѓурѓиќ ја погоди пречката.
СП БУДИМПЕШТА, 1/4 ФИНАЛЕ
Грција – САД 16:11 (3:1, 4:6, 3:0, 6:4)
Хрватска – Србија 14:12 (1:1, 4:3, 5:5, 4:3)
Шпанија – Црна Гора 7:6 (2:1, 3:2, 1:2, 1:1)
Унгарија – Италија 10:11 (3:2, 2:4, 1:2, 4:3)
ПОЛУФИНАЛЕ
Хрватска – Шпанија
Грција – Италија
Хрватска ја совлада Србија за полуфинале на Светското првенство
Спорт
Сега е официјално – Лукаку се врати во Интер! I’m back, baby!

Ромелу Лукаку го комплетираше својот камбек во Интер, помалку од една година откако замина во Челси за 113 милиони евра, потврдија од италијанскиот клуб со видео во кое белгискиот напаѓач е со претседателот на клубот, Стивен Жанг.
Ви видеото снимено на покривот на седиштето на Интер, Лукаку мафташе кон навивачите за да ја потврди позајмицата од 8 милиони евра.
29-годишниот Лукаку постигна само осум голови во Премиерлигата за Челси во 2021/22, разочарувајќи ги навивачите и управата на Челси, а покрај тоа веќе во декември минатата година даде контроверзно интервју во кое призна дека сака да се врати во Италија.
👀🖤💙#FORZAINTER pic.twitter.com/T18spEjNat
— Inter (@Inter) June 29, 2022
Навивачите на Интер веќе му простија на Лукаку за „предавството“