Спорт
Тони се соочува со обвинувања за обложување
Ајван Тони, напаѓачот на Брентфорд, се соочува со четиригодишна суспензија поради прекршување на правилата за професионално обложување во Англија.
Извонредниот напаѓач, кој неодамна постигна два гола против актуелниот шампион Манчестер сити, го прекршил правилото 232 пати во периодот од 2017 до 2021 година, кога пристигна во Брентфорд од Питерборо.
Англиската фудбалска федерација (ФА) излезе со соопштение.
„Ајван Тони се соочува со обвиненија за 232 натпревари во период од четири години од 25. февруари до 23. јануари 2021 година.
Се огласи и Брентфорд.
„Разговаравме со Тони и неговите адвокати. Нема да излегуваме со коментари се додека не заврши истрагата“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Бентакур се огласи на Инстаграм: Во благодарам за пораките, добро сум
Тотенхем го совлада Ливерпул (1:0) во првиот натпревар од полуфиналето на Лига купот, но натпреварот го обележа повредата на Родриго Бентанкур.
Во шестата минута од натпреварот, по корнер и удар со глава, Уругваецот едноставно падна на земја и остана неподвижен, што ги преплаши сите на стадионот.
За среќа, лекарите брзореагираа, по укажаната лекарска помош, Уругваецот итно бил пренесен во болница.
Ден по нтапреварот се огласи Бентанкур од болницата преку својот Инстаграм профил.
„Се е во ред! Ви благодарам за пораките! Честитки за победата на момците!”
Тотенхем победи со 1-0 на домашен терен против Ливерпул во првиот натпревар од полуфиналето на Лига купот, а единствениот гол го постигна 18-годишниот Лукас Бергвал.
Ouch, this doesn't look good. Speedy recovery, Bentancur.#TOTLIV #CarabaoCup pic.twitter.com/LfDWsVPaNQ
— TribalGunner (@Aadan9374) January 8, 2025
Спорт
Јамал: Меси е фантастичен играч, но не ми е идол
Ламин Јамал е најдобриот млад фудбалер во светот и со само 17 години е најголемата ѕвезда на Барселона. Минатото лето со Шпанија стана европски првак. Барселона тимот го гради околу Јамал. 17-годишникот игра на слична позиција на која игра и легендата на клубот, Лионел Меси.
Медиумите и стручњаците го споредуваат Јамал со славниот Аргентинец, а тој вели дека Меси не му омилениот фудбалер.
Веќе е препознатлив начинот на кој игра Џамал, а има само 17 години. Тој е многу брз, агилен и агресивен, а оваа сезона веќе постигна пет гола и даде десет асистенции во Ла Лига.
„Имав пет години кога го видов Нејмар како игра за Сантос. Две години подоцна го сретнав на Камп Ноу. Беше тоа неверојатно чувство. Навистина, и Меси тогаш беше во Барселона, тој е фантастичен играч, но Нејмар е нешто друго. Тој отсекогаш бил и ќе биде мој идол. Нејмар е ѕвезда и легенда на фудбалот“, изјави Џамал во интервју за Си-Ен-Ен.
Спорт
Сити ќе плати 40 милиони евра за бразилски тинејџер
Манчестер сити ќе потпише договор со 18-годишниот бразилски централен бек Витор Реис од Палмеирас. Младиот фудбалер го прифатил договорот со англискиот шампион, а Палмеирас би требало да заработи околу 40 милиони евра.
Витор Реис во кариерата одигра 22 професионални натпревари и постигна два гола. Тој претходно одигра 16 натпревари за младинскиот тим на Палмеирас. Младиот дефанзивец, според „Трансфермаркт“ вреди 14 милиони евра. Важи за еден од најталентираните бразилски фудбалери и иден сениорски репрезентативец.
Може да игра и како десен бек, а неговиот талент за прв пат беше препознаен пред осум години од фудбалската школа на Робињо (Р10 академија) во Параиба.