Спорт
Торино не издржа со 10 играчи – од 2:0 по 15 минути до 2:2 со Емполи
Торино не успеа да изддржи до крајот на мечот со 10 играчи откога во првите 15 минути стигнаа до 2:0 водство со Емполи во 15. коло од Серија А за на крајот да се задоволи со 2:2 реми.
Томасо Побега стрелаше во 10. минута за „Граната“, а само пет минути подоцна, Хрватот Марко Пјаца зголеми на 2:0. Меѓутоа, Вилфрид Цинго доби црвен картон во 32. минута од мечот по долгата ВАР-проверка по што мечот целосно се сврте.
Симоне Ромањоли намали на 2:1 во 34. минута пред замената Андреа Ла Мантија во 74. минута да израмни на 2:2.
Емполи сега е на 11. место со 20 освоени поени, а Торино е две места подолу со 18 поени.
(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-33-37475”));
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
ВТА ја прогласи Сабаленка за тенисерка на годината
Белоруската тенисерка Арина Сабаленка (27) е прогласена за играч на годината на ВТА, откако цела 2025 година ја помина на врвот на ранг-листата, објави водечката женска тениска организација.
Тенисерката број еден во светот е прогласена за најдобра втора година по ред, со што стана трета тенисерка во последните 15 години што ја освоила наградата повеќе од еднаш. Таа славеше со речиси 80% од гласовите на меѓународните тениски новинари.
Во текот на оваа година, Белорусинката освои четири турнири, вклучувајќи го и Отвореното првенство на САД, играше во девет финални мечеви, оствари 63 победи и постави нов рекорд во наградниот фонд во една сезона, заработи 15 милиони долари.
Сезоната заврши со 63 победи и 12 порази.
Чехинката Катерина Сињакова и Американката Тејлор Таунсенд беа прогласени за најдобар пар откако го освоија Отвореното првенство на Австралија и стигнаа до финалето на Отвореното првенство на САД. Тенисерката која најмногу напредуваше е Американката Аманда Анисимова.
Американката стигна до пет финалиња, освојувајќи ги првите ВТА 1000 титули во кариерата во Доха и Пекинг, а стигна и до своите први финалиња на Гренд слем турнирите на Вимблдон и на Отвореното првенство на САД.
Foto/ depositphotos
Спорт
Трипл-дабл пресметка меѓу Јокиќ и Шенгун – Денвер во продолженијата го победи Хјустон
Денвер и Хјустон одиграа супер интересен натпревар изминатата ноќ во НБА лигата. Во регуларниот дел, натпреварот во „Бол Арена“ заврши 117:117, по дополнителните пет минути победата им припадна на Денвер Нагетс 128:125. Никола Јокиќ и Алперен Шенгун натпреварот го завршија со по трип-дабл.
Денвер избори продолженија на две секунди до крајот, кога од линијата за слободни фрлања погоди Џамал Мареј. Претходно двата тима се менуваа во водството, а во текот на мечот нити еден од тимовите не успеа да створи значајна предност.
Јокиќ постигна 39 поени (13/27 од поле, 5/9 за тројки, 8/11 слободни фрлања), 15 скока, 10 асистенции и две блокади и по една украдена топка за 42 минути на паркетот. Јокиќ го забележа 12-от трипл-дабл во сезоната, уште пет го делат од Оскар Робертсон, кој е втор на вечната листа.
Џамал Мареј имаше голем придонес, особено во продолженијата. Тој постигна вкупно 35 поени, со пет асистенции и три скока. Тим Хардавеј и Кем Џонсон додадоа по 13.
Од другата страна, Алперен Шенгун одигра одличен натпревар, забележа 33 поени, со 10 скока и асистенции.
Го следеа Кевин Дурант со 25 поени, седум асистенции и пет скока, Џош Окоги имаше 16 поени и четири скока, а Џабари Смит 16 поени, 10 скока и четири асистенции.
Спорт
(Видео) Осум голови на „Олд Трафорд“, по бод за Мначестер Јунајтед и Борнмут
Манчестер Јунајтед и Бортнумт приредија спектакл за крај на 16-то коло во Премиер лигата. Натпреварот на „Олд Трафорд“ заврши 4:4 (2:1). Јунајтед на табелата се во групата тимови со 26 поени, распоредени од петтото до осмото место, додека Бортмут со 21 бод се наоѓа на 13-та позиција.
Тешко е да се опшише што се се случуваша на „Олд Трафорд“, Јунајтед водеше 1:0 (Диало) и 2:1 (Касемиро) по првиот дел. Борнмут со блиц криг на почетокот на второто полувреме направи пресврт и поведе 2:3 (Еванилсон и Таверние).
На ист начин возратија фудбалерите на Јунајтед во 77-та и 80-та минута кога ја вратија предноста (3:4), стрелци Бруно и Куња, а точка на спектакуларниот меч стави Крупи во 84-та минута.

