Спорт
Тоуни доби осум месеци суспензија и 50.000 фунти казна за обложувањето
Напаѓачот на Брентфорд, Ајван Тоуни доби осуммесечна суспензија од фудбалот и казна од 50.000 фунти по истрагата за неговите 232 прекршоци со обложување во фудбалот.
„Ајван Тоуни е суспендиран од сите фудбалски активности во следните осум месеци до 16 јануар 2024, казнет со 50.000 фунти и предупреден за своето однесување во иднината околу правилата на ФА за обложување. Тој беше обвинет за 262 прекршувања на правилата на ФА од 25 февруари 2017 до 23 јануари 2021. ФА повлече 30 обвиненија, по што тој ги призна преостанатите 232. Тој смее да се врати на тренинзи со клубот во последните четири месеци од суспензијата, почнувајќи од 17 септември 2023“, се вели во објавата на ФА.
Тоуни беше еден од најдобрите стрелци во Премиерлигата оваа сезона со 20 гола за Брентфорд.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Флик: Најнесреќниот натпревар во мојата кариера
Тренерот на Барселона, Ханси Флик, беше разочаран по поразот во неделата од Реал Сосиедад (2:1) на „Реале арена“, истакнувајќи дека резултатот не ја одразува играта на неговиот тим, кој создаде многу шанси. Тој, исто така, се согласи со изјавите на капитенот Френки де Јонг за судијата Хесус Хил Манзано, наведувајќи дека комуникацијата со него била невозможна.
Тимот од Сан Себастијан славеше со головите на Микел Ојарзабал и Гонзало Гуедес, додека единствениот гол за Барселона го постигна Маркус Рашфорд.
По поразот во натпреварот, во кој на Барселона им беа поништени три гола и еден пенал, Каталонците остана водечки тим во шпанското првенство со 49 бода, само еден повеќе од второпласираниот Реал Мадрид.
„Не сум среќен. Разочаран сум, имавме многу чисти шанси, а резултатот не го одразува она што се случуваше на теренот. Но, ми се допаѓа како игравме“, рече тренерот на Барселона.
Тој, исто така, призна слабости во играта на својот тим: „Направивме грешки во одбраната, мора да се браниме подобро. Немавме среќа ниту во нападот. Вториот гол на Реал Сосиедад нè уништи.“
И покрај поразот, Флик верува дека тимот треба да продолжи во иста насока.
„Нашата игра беше добра. Можеби можевме подобро да се браниме во неколку акции, но генерално сум задоволен. Игравме многу добро во последните две недели и мора да продолжиме така. Мора да се фокусираме на следниот натпревар, што е многу важно“, рече Флик.
Тој истакна дека ова бил „најнесреќниот натпревар во неговата кариера“, во која ги водеше Барселона (90 натпревари), Германија (25 натпревари) и Баерн (86 натпревари).
Foto/ depositphotos
Спорт
(Видео) Шарлот го декласира Денвер, Лејкерси славеа против Торонто
Кошаркарите на Денвер Нагетс запишаа убедлив пораз на домашен терен, а ЛА Лејкерс славеа против еден од најдобрите тмови во Источната конференција.
Денвер загубија од Шарлот Хорнетс со 87:110. Поразот е очекуван, бидејќи Нагетс покрај повредениот Јокиќ на овој меч беа и без Арон Гордон, Кем Џонсон, Кристијан Браун и Јонас Валанчунас.
Хорнетс победата ја најавија во првиот период кога стекнаа предност од 18:33.
Кај Денвер се истакна Џамал Мареј со 16 поени, еден скок и две асистенции, односно Џулијан Стротер со 15 поени.
Хорнетс ги предводеа Брендон Милер со 23 поени и четири скока, Рајан Калкбренер со 17 поени и шест скока.
Убедлив триумф запишаа и Лејкерси, 110:93 против Торонто Репторс.
Словенечкиот репрезентативец Лука Дончиќ постигна 25 поени со ужасна реализација (8/23) на кои додаде и седум асистенции.
Ист број на поени со 14 скокови реализираше Деандре Ајтон, додека Леброн Џејмс имаше 24 поени со четири скока и седум асистенции.
Кај Репторс се истакна Скоти Барнс со 22 поени, девет скока и три асистенции, Грузиецот Сандро Мамукелашвили забележа 20 поени и шест скока, додека Брендон Инграм имаше 19 поени со шест скока и седум асистенции.
Резултати:
Чикаго – Бруклин 124:102
/Вајт 24 – Траоре 16/
Хјустон – Њу Орлеанс 119:110
/Смит Џуниор 32 – Марфи 21/
Сакраменто – Портланд 110:117
/Вестбрук 23 – Авдија 30/
Спорт
Ваков меч Мелбурн не видел 14 години – Чилиќ го збриша Алтмаер
Марин Чилиќ (37) го победи Даниел Алтмаер (27) во првото коло на Австралија Опен. Хрватскиот тенисер, 70-ти на АТП ранг-листата, победи со 6:0, 6:0, 7:6 во својот прв натпревар против Германецот, 44-тиот играч во светот.
Ова е прв пат во кариерата на Чилиќ да отвори натпревар од Гренд Слем со два освоени сета со резултат од 6:0. Иако претходно успеа да освои барем два сета со 6:0 на Гренд Слем турнирите, тоа никогаш не беа првите два.
Чилиќ стана и првиот неносител кој ги освоил првите два сета со 6:0 на Гренд Слем турнир по Филип Печнер, кој го направи тоа на Австралија Опен во 2012 година во натпревар против Лукаш Росол.
Чилиќ ќе игра во второто коло од првиот овогодишен Гренд слем против победникот од мечот меѓу, Денис Шаповалов (26) и Јунчаокете Бу (24).

