Контакт

Спорт

Трае магијата на Карацев, избори полуфинале на АО

Објавено пред

Аслан Карацев ја продолжи својата неверојатна серија на Австралија опен. Тенисерот, кој првиот gренд слем во сезоната го почна во квалификациите, стигна до полуфиналето.

dobivaj vesti na viber

Карацев, 114. на АТП-листата, во четврт-финалето го победи Бугаринот Григор Димитров со 3:1 (2/6, 6/4, 6/1, 6/2).

Рускиот тенисер одигра неверојатен меч, успеа да се врати во игра иако првиот сет го загуби за 34 минути. Сепак, Карацев успеа да израмни на 1:1, а клучен беше брејкот што го направи во деветтиот гем. Во овој период од мечот Димитров почнa да се жали на болки во грбот.

Карацев сето тоа го искористи, убедливо го доби третиот сет, а на ист начин го реши и четвртиот.

Карацев во полуфиналето ќе игра против пбедникот од дуелот помеѓу Александар Зверев и Новак Ѓоковиќ.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Скандал во Црна Гора – клуб исклучен од Европа на 10 години поради наместени натпревари

Објавено пред

Фудбалскиот клуб Арсенал од Тиват е суспендиран од Европа во период од 10 години.

dobivaj vesti na viber

Како што објавиja подгорички „Вијести“, клубот од Тиват ќе мора да плати казна од половина милион евра, додека фудбалерите и претставникот на клубот исто така беа казнети.

Како што беше објавено, фудбалерот Никола Челебиќ и претставникот на клубот Ранко Крговиќ добија доживотни забрани за работа во фудбалот, додека капитенот на тимот Ќетко Манојловиќ, како и Радуле Живковиќ и Душан Пулетиќ, ќе мора да поминат 10 години надвор од спортот.

Ова е целиот епилог од скандалот во квалификациите за Конференциската лига во кој Арсенал од Тиват играше со Алашкерт, пред две години во реваншот од квалификациите за Конференциската лига.

Арсенал загуби од Алашкерт како домаќин со 6:1 и тој натпревар беше под лупа на УЕФА, а полските медиуми пишуваа дека во текот на првото полувреме – иако резултатот беше 0:0 до 35-тата минута – обложувалниците примиле повеќе од 250.000 евра на играта „2+ гола“ во текот на првите 45 минути.

„Обложувалниците се обидоа да се заштитат од високи исплати во текот на последните 10 минути од првото полувреме, но некои не успеаја да го сторат тоа на време. Во тој момент, коефициентите кај некои обложувалници за играта во живо „2+ гола“ беа дури и до 30. И сето тоа продолжи во второто полувреме кога, според ТВП, започнаа сомнителни уплати за 5+ и 7+ гола, напиша тогаш полската ТВП“, пренесува Вијести.

Прикажи повеќе...

Спорт

АБА со 18 клуба: Се приклучуваат Романци и Австријци – лигата се дели на две групи

Објавено пред

Регионалната кошаркарска АБА лига ќе има 18 клуба почнувајќи од следната сезона, беше одлучено на Собранието одржано во среда.

dobivaj vesti na viber

На шампионатот ќе им се придружат романскиот Клуж и австриската Виена, како и Босна односно Илирија, кои обезбедија место во елитниот ранг преку АБА 2.

Иако имаше навестувања, Хапоел од Тел Авив нема да се приклучи на АБА лигата, што дефинитивно ја напуштаат Цибона и Морнар, како два најслаби тима од минатата сезона.

Следната голема промена е поделбата на АБА лигата во две групи, што ќе го намали бројот на натпревари што ќе ги играат тимовите од сезоната 2025/26.

Проширувањето за уште два тима би значело четири дополнителни натпревари, што би било особено проблематично за тимовите што играат во европските натпреварувања.

Затоа, пронајдено е решение што ќе го олесни распоредот. Двете групи ќе имаат по девет тима, а наскоро треба да се знае како ќе изгледаат.

Прикажи повеќе...

Спорт

Јунајтед му ја исполни желбата на Аморим и тоа ќе го чини 80.000.000

Објавено пред

Манчестер јунајтед го заврши договорот за кој се пишуваше од почетокот на летото и се договори за уште едно скапо засилување.

dobivaj vesti na viber

Камерунскиот крилен напаѓач Брајан Мбеумо (25), кој минатата сезона постигна 20 гола и девет асистенции во Премиер лигата, пристигнува од Брентфорд.

Оваа информација ја објавија релевантните британски медиуми, па може да се каже дека работата е завршена.

Преговорите за неговото доаѓање траеја еден месец, а Јунајтед ќе мора да плати отштета до 80.000.000 евра.

Тоа е за 6.000.000 евра повеќе од сумата што Јунајтед ја плати за бразилскиот напаѓач Матеуш Куња.

Британските медиуми тврдат дека трансферот ќе биде завршен пред сабота кога Манчестер заминува на американската турнеја.

Камерунецот пристигна во Брентфорд од Троа во Франција во летото 2019 година, а англискиот клуб плати 6.500.000 евра отштета за него.

За пет сезони во Брентфорд, тој постигна 70 гола и регистрира 51 асистенција.

Тој беше голема желба на менаџерот Рубен Аморим, Португалците очигледно ќе го имаат во тимот, па останува да се види дали навистина вреди толку пари.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Сообраќајот на патниот правец Битола – Граничен премин „Меџитлија” е нормализиран

Сообраќајот на патниот правец Битола – Граничен премин „Меџитлија” е нормализиран, извести АМСМ. Од 16 часот, на регионалниот пат Р-1101...

Македонија3 часа

Докторка затекната при примање поткуп во битолска болница: најостра осуда од Министерството за здравство

Министерството за здравство најостро го осудува секој облик на коруптивно однесување во здравствениот систем. Во врска со случајот во ЈЗУ...

Македонија4 часа

Незгода на патниот правец Битола – Прилеп: сообраќајот во прекин за тешки моторни возила, патничките се пропуштаат наизменично

Од 15:45 часот поради вршење на увид на сообраќајна незгода на магистрален пат А-3 Битола – Државна граница Маџитлија кај...

Македонија4 часа

Во земјава има 200.000 дивоградби, предничи Гостивар, вели Меџити и повикува институциите да делуваат, но не селективно

Сегашниот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити, кој 12 години беше градоначалник на Општина Чаир, повика институциите да...

Македонија5 часа

Меџити не исклучува можност да биде кандидат за градоначалник на Чаир: Сè е на маса

Првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити, не ја исклучува можноста да му биде противкандидат на Бујар Османи...

Македонија5 часа

Активни три пожари во државата, оној кај Николиќ ставен под контрола

Активни се три пожари во државата, соопшти Надица Вчкова од Главниот штаб за управување со кризи. Во моментот сѐ уште е...

Македонија6 часа

Доцнење на прегледи и на резултати, скопјани со најмногу поплаки за здравството – Алиу ветува дека ќе го слуша гласот на народот

Министерството за здрвство добило 90 пријави од граѓани кои се пожалиле на функционирањето на здравствениот систем. Министерот за здравство Азир...

Македонија7 часа

Токму полициски службеници на Тошковски се фатени за диви приклучоци, проблемот не е водата, туку тие што ја добиваат бадијала и институциите што ги штитат, велат од Град Скопје

ВМРО-ДПМНЕ, кога обвинува за недостиг на вода во град Скопје, заборава да додаде дека токму полициските службеници на Панче Тошковски...

Македонија7 часа

55 ветерници ќе обезбедуваат струја за 100.000 домаќинства – почна изградбата на ветерниот парк кај Штип

Со поставување камен темелник денеска стартуваше изградбата на ветерен парк во близина на Штип, каде „Алканзар енерџи партнерс“, со инвестиција...

Македонија8 часа

Дивоградбите ќе се уриваат ако се утврди дека се проблем за безбедноста на граѓаните, рече Тошковски

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски потврди дека една од општините во која вчера е влезено од страна на Одделот...

Македонија8 часа

Тошковски: Арсовска одбива да соработува, полициските службеници не може да обезбедат изјава

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вели дека градоначалничката Данела Арсовска одбива да соработува со полициските службеници од Одделот за внатрешна...

Топ8 часа

Пренесувале и продавале дрога: осомничените откриени преку скај-комуникација

Врз основа на доказите добиени преку скај-комуникацијата, предметен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција донесе...

Топ9 часа

Полицаец се обидел да внесе дрога во Идризово, приведен е

Приведен е полицаец поради сомнеж дека се обидел да пренесува дрога во Идризово. „При претрес на Х.А.(42) од Скопје, вработен...

Македонија9 часа

Апелација повторно го осуди Васил Јованов на три години и десет месеци за дрогата

Aпелациониот суд повторно го осуди Васил Јованов, кој ја прегази младата Фросина Кулакова, на три години и десет месеци затвор...

Свет10 часа

Трамп: Ракетите за системите „Патриот“ веќе се на пат кон Украина, пристигнуваат од Германија

Ракетите за системот за воздушна одбрана „Патриот“ наменети за Украина веќе се на пат, изјави американскиот претседател Доналд Трамп, објави...

Македонија10 часа

Огласот за прием на 150 нови полициски службеници е во тек

Министерството за внатрешни работи распишува конкурс за прием на 150 униформирани полициски службеници. „Да се биде полицаец е повик а...

Свет12 часа

Трамп: Бонди треба да објави сè што смета за веродостојно за Епштајн

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека државната обвинителка Пам Бонди треба да објави „сè што го смета за веродостојно“ за...

Македонија1 ден

Со потврда од матичен лекар, невработените до четврток можат да се пријават за гаснење пожари за 24.000 денари месечно

Огласот за ангажирање 400 невработени лица за помош при гаснење пожари на Владата е отворен до четврток, потсети денес Стојанче...

Топ1 ден

Кривична против лекар во струшката болница: со истечена лиценца 4 години примал плата и додатоци

42-годишен лекар од Струга, четири години земал плата и додатоци на плата, иако немал валидна лекарска лиценца, извести МВР. „ОВР...

Македонија1 ден

„Анима мунди“: Феликс не беше само куче, беше жртва. Стана симбол, а од денес и преседан

„Првпат во Македонија убиство на животно завршува со затворска казна. Основниот кривичен суд – Скопје го осуди Љубе Крстевски на...