Спорт
Трајковски: Бугарија нè смета за фаворит, по сето она што го направивме во мундијалските квалификации

Фудбалската репрезентација на Македонија денеска се комплетираше со доаѓањето на Александар Трајковски и на Езгјан Алиоски. Стрелец на голот против Италија, Александар Трајковски, вели дека нашата селекција ја прифаќа фаворитската улога за дуелот против Бугарија во Разград, како дел од новото издание во Лигата на нации.
„Бугарија нас нè смета за фаворит, по сето она што го направивме во квалификациите за мундијалот во Катар. И тоа е добро, ги респектираат нашите резултати. Сега треба да бидеме максимално фокусирани и да го дадеме својот максимум. Знаеме како се пласиравме на Европското првенство и сакаме да го повториме тоа“, изјави Александар Трајковски.
Македонскиот национален тим утре патува за Разград, каде в четврток ќе го игра мечот против Бугарија во Лигата на нации.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Барселона со стил ја заврши сезоната

Точка на сезоната во шпанското првенство ставија Атлетик Билбао и Барселона во Баскија, каде што актуелниот шампион победи со 3:0 (2:0) и со тоа ја спушти завесата на сезоната во која постигна 101 гол.
„Црвено-белите“ нема да жалат премногу за овој пораз бидејќи одамна го обезбедија четвртото место и пласманот во Лигата на шампионите, каде што се враќаат по 10 години.
Навивачите на „Сан Мамес“ се збогубаа со легендата Оскар де Маркос. Еден од капитените стави крај на кариерата.
Барса ги реши сите проблеми во првата половина од првото полувреме, а двоен стрелец беше полскиот напаѓач Роберт Левандовски. Полјакот головите ги постигна во 14-та и 17-та минута.
Во самиот финиш, ВАР интевенираше, Барселона доби пенал, а Дани Олмо во 94.минута го постави конечниот резултат.
Барса и Атлетик Билбао, но и Реал Мадрид, Атлетико Мадрид и Виљареал ќе играат во Лигата на шампионите следната сезона. Место во Лига Европа обезбедија Бетис и Селта, а во Конференциската лига ќе се натпреварува Рајо Ваљекано.
Спорт
(Видео) Јуве од пенал до Лигата на шампионите, Лацио остана без Европа

Драматичен крај имаше сезоната во Серија А. Најголеми губитници се фудбалерите на Лацио, во последната рунда останаа без место во европските купови. Лацијалите на домашен терен загубија од Лече (0:1). Екипата од југот на Италија со овој триумф избори опстанок во лигата.
Лацио против давеникот не успеа да постигне гол, еден бод ќе го однесеше клубот во Лигата на Конференции. Лацио, цело полувреме играше со фудбалер повеќе, но ниту тоа не им беше доволно да се спасат од поразот. Херој на Лече е Кулибали, неговиот гол во 43.минута го реши победникот.
Јувентус, со многу труд успеа да победи кај Венеција (3:2) и да го задржи четвртото место на табелата. „Старата дама“ и наредната сезона ќе игра во Лигата на шампионите.
Во втората минута, Венеција поведе преку Фила, но по нешто повеќе од половина час игра, Јувентус успеа да направи пресврт со головите на Јилдиз и Коло Муани.
Ново израмнување имаше во 55-та минута кога Хапс постигна гол за домаќините, а во тој момент Рома имаше водство од два гола против Торино и беше јасно дека оди кон победа.
Мануел Локатели го спаси Јувентус од со голот од пенал во 73-та минута. Овој резултат остана до крајот на разочарување на навивачите на Рома и нивниот тренер Клаудио Раниери. Овој натпревар беше 500-ти за Раниери како тренер во Серија А.
Покрај Јуве, во Лигата на шампионите одат и шампионот Наполи, Интер и Аталанта. Рома и Болоња ќе играат во Лига на Европа, а Фиорентина во Конференциската лига. Монца, Венеција и Емполи се селат во Серија Б.
Спорт
Никола Миротиќ се договорил со Монако

Монако вечерва не успеа да стане европски првак. Во Абу Даби, Монако го загуби финалето од Фенербахче со 70:81.
Еден час по завршувањето на финалето, медиумите објавија дека Никола Миротиќ од следната сезона ќе го носи дресот на клубот од „малото кнежество“.
Миротиќ ќе потпише двегодишен договор со Монако, со можност тој да биде продолжен на уште една сезона.
Оваа информација ја објавува „Јурохупс“, а претходно беше споменато дека Миротиќ ќе замине од Милано и ќе се пресели во Монте Карло.
Според овој извор во наредните денови Миротиќ ќе го потпише договорот.