Спорт
Тренерот на Лејкерс има план за Јокиќ: Да го киднапираме кога ќе излезе од дома
Денвер Нагетс и ЛА Лејкерс, од 2:30 часот, ќе ја започнат финалната серија во Западната конференција, во НБА лигата.
Тренерот на Лејкерси, Дарвин Хем е свесен дека неговиот тим ќе има тешка задача. Јасно му е дека ќе треба да најде начин како да го запре Никола Јокиќ.
„Ќе се обидеме да го фатиме кога ќе излезе од дома и да го киднапираме“, се пошегува Хем.
„Сите знаеме колку е добар. Ќе мора да ротираме. Антонио Дејвис очигледно ќе започне на него, но ќе имаме неколку момци кои ќе бидат во акција против него. Едноставно ќе се обидеме да бидеме секогаш блиску до него, да го исфрлиме од рамнотежа“.
Тоа нема да им биде лесно на Лејкерси, бидејќи Јокиќ сезонава во плеј-офот има просек од 30,7 поени со 12,8 скока и 9,7 асистенции.
„Само треба да бидеме до него цело време. Ќе има моменти кога ќе треба да ги издржите неговите додавања, ќе има моменти кога ќе треба да ги издржиме неговите поени. Но, треба да го доведеме во ситуација што ќе го направи неодлучен, малку да го исфрлиме од рамнотежа“, заклучи тренерот на ЛА Лејкерс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Центарот на Макаби се сели во НБА?

Кошаркарот на Макаби Тел Авив, Роман Соркин, би можел да ја продолжи кариерата во НБА откако неколку тима покажаа интерес за него.
Соркин импресионираше на Евробаскетот за Израел, со просек од 16,5 поени и 6 скока по натпревар.
Израел го заврши учеството во осминафиналето, со поразот од Грција. Интерес за Соркин покажале Мајами Хит, Њујорк Никс и Портланд Треил Блејзерс, тврди новинарот Иан Бегли.
Инаку, Соркин се пријави на драфтото во 2018 година, но не беше избран.
Минатата сезона, играјќи за Макаби Тел Авив во Евролигата, тој имаше просек од 12,9 поени и 4,1 скока по натпревар, шутирајќи 50,9 проценти од поле.
Спорт
Куртоа си купи ноќен клуб

Тибо Куртоа одлучи да развие бизнис надвор од фудбалскиот терен.
Според белгиските медиуми, искусниот голман одлучил да го купи ноќниот клуб „Версуз“ во Хаселт, на северот од Белгија.
Беше затворен минатиот мај, но сега Куртоа сака да му вдахне нов живот.
Планот е целосно да се реновира, за гостите да имаат максимална атмосфера во форма на удобност, музика…
Капацитетот треба да биде околу 4 илјади луѓе.
Спорт
Проблем за Гвардиола – Мармуш се повреди играјќи за Египет

Лоши вести пристигнаа на „Етихад“ од Африка бидејќи Омар Мармуш ги повреди лигаментите на коленото.
Сериозноста на повредата на египетскиот напаѓач ќе ја утврдат специјалистите во Каиро, а потоа и лекарите и специјалистите од Манчестер Сити на прегледот кога ќе се врати во Англија.
Во четвртата минута од дуелот против Буркина Фасо, Мармуш доби силен удар во коленото. По помошта, тој остана на теренот уште неколку минути и побара измена.
Како што стојат работите сега, Мармуш ќе го пропушти градското дерби против Манчестер Јунајтед во недела.
Foto/ „X“