Спорт
Тренерот на Партизан завршил во болница

Тренерот на кошаркарите на Партизан Андреја Тринкијери заврши в болница непосредно пред почетокот на натпреварот во Бар, против екипата на Морнар.
Паризан вечерва победи на тешкото гостување во Бар со 76:65, а екипата од клупата ја предводеше Владо Шчепановиќ, првиот помошник на Тринкијери.
На италијанскиот тренер му се слошило веднаш по влегувањето во салата во Бар, веднаш бил префрлен в болница, а откако му биле извршени лекарски прегледи се вратил во хотелот.
Инаку, Трнкијери има проблеми со астмата и веројатно е дека таа му ги предизвикала здравствените проблеми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Надал: Сакам да освојувам турнири, ама сега имам 35 години, поинаку е!

Третиот светски тениски рекет во моменто, Шпанецот Рафаел Надал, смета дека поразот од Рубљов во Монте Карло во четврт-финалето на мастерсот не е страшен затоа што неговата цел е да се подготви што е можно подобро за големите натпреварувања.
„Сакам да освојувам турнири, тоа го сакам, важно ми е. ‘Ролан Гарос’ може да се освои со титули на претходните натпреварувања, но и без нив. Секако, полесно е кога се освојуваат титули во низа, како што правев јас најчесто на земјена подлога, но сега имам речиси 35 години и ситуацијата малку е поинаква“, вели Надал.
Тој смета дека причината за слабиот настап во Монте Карло е долгата пауза.
„Основната цел ми е да имам шанса за титулата, да бидам конкурентен на секој турнир. Во Монте Карло се чувствував комфорно, но секогаш е тешко да се вратите по долга пауза. Тогаш лесно се случува меч како оној против Рубљов“, смета шпанскиот ас.
Во просек Надал на земјена подлога во кариерата добил 9 од 10 натпревари, а на „Ролан Гарос“ доживеал само 2 пораза – од Содерлинг во 2009 и од Ѓоковиќ во 2015 година.
Спорт
Аврамовски го држи Кајсериспор во елитата – денеска со две асистенции
Македонскиот фудбалски репрезентативец, Даниел Аврамовски (26) е еден од најзаслужните за денешниот бод што турскиот тим на Кајсериспор го освои на домашен терен против екипата на Генчербирлиги – мечот заврши 2-2.
Аврамовски асистираше при двата погодока за својата екипа, во 39 минута одлично додаде до Педро Енрике за 1-0, а во 80 минута запиша нова асистенција до соиграчот Парлак за конечни 2-2.
Неговата екипа на 6 кола до крајот е на со +2 бода од екипите кои следната сезона ќе се натпреваруваат во понизок ранг.
Македонскиот играч од средниот ред сезонава има 19 настапи за турскиот тим, се уште без погодок.
Еве ја деталната статистика на Аврамовски по денешниот меч:
Графика: SofaScore за Топспорт.мк
Спорт
На Зидан му фали „пола“ тим, против Кадиз ќе биде и без Модриќ

Реал Мадрид утре му гостува на тимот на Кадиз во рамки на 31. коло од Ла лига. Тренерот на Кралскиот клуб, Зинедин Зидан не може да смета на добар дел од стандардните фудбалери, а сега на листата отсутни се најде и Лука Модриќ.
Серхио Рамос, Лукас Васкез, Тони Крос, Феде Валверде и Еден Азар не конкурираат за овој меч поради повреди или болест, а францускиот стратег против тимот од долниот дел од табелата реши да настапи и без Хрватот.
Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација почувствувал болка во грбот во текот на денешниот тренинг, јавуваат шпанските медиуми.
Добра вест за Реал е има повратници во тимот – се очекува настап на Рафаел Варан, Дани Карвахал, Начо Фернандес и Касемиро.
За овој меч Зизу повика и четворица фудбалери од Реал Мадрид Б – Виктор Чус, Серхио Арибас, Антонио Бланко и Мигел Гутиерес.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Регион4 дена
„Фајзер“, „спутник В“ или „Синофарм“ – истражување во Србија покажа која вакцина штити најбргу
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?