Спорт
Трезеге ги уништи Фулам со два гола во три минути!

Фулам на Скот Паркер беа блиску до победа на „Вила парк“ со која ќе ги зголемеа драстично шансите за опстанок во Премиер лигата, пред египетскиот фудбалер кој го избра своето име во чест на славниот француски ас Давид Трезеге да им даде два гола за победа на Астон вила од 3:1.
Александар Митровиќ ја продолжи фантастичната голгетерска форма од српската репрезентација, носејќи им предност на Фулам во 61. минута. Кога изгледаше дека со победата, Фулам ќе се доближи на поен до безбедната зона, на сцена стапи Трезеге, кој стрелаше во 78. и 81. минута за целосен пресврт. Оли Воткинс во 87. минута само стави печат на триумфот.
Вила со победата се искачува на 9. место на табелата (пред Арсенал) со 44 поени, додека Фулам останува на 17. место со 26 поени, три зад 16-пласираниот Њукасл и тоа со натпревар повеќе (31 во однос на 30 на Њукасл).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Најубавиот гол викендов го постигна дефанзивец во Аргентина

Дефанзивецот на Сан Лоренцо, Габриел Рохас сигурно мора да влезе во изборот за најубав гол оваа сезона, познатата „Пушкаш награда“ на ФИФА, откако имаше неверојатни „ножички“ против Платенсе во аргентинската Примера.
23-годишниот лев бек се најде на работ на шестнаесетникот, за фантастично да ја исконтролира топката и да постигне гол од 20-тина метри. Со голот, Сан Лоренцо поведе со 3:2, за потоа да додаде уште еден гол и да се искачи на второто место на табелата.
Уште поневеројатно, ова е прв гол во професионалниот фудбал за Рохас, кој дебитираше за Сан Лоренцо во 2016 година.
EL GOLAZO DE GABRIEL ROJAS, EN CAMINO AL PREMIO PUSKÁS 🤩🔝
👉 La FIFA detectó el hermoso tanto del defensor de @SanLorenzo para su preselección de entre 50 y 60 goles para elegir al mejor gol del año pic.twitter.com/zFuye0f5JC
— TNT Sports Argentina (@TNTSportsAR) April 10, 2021
Спорт
УЕФА се сомнева на два наместени меча во Србија

УЕФА пратила порака до Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС) околу сомнеж за два наместени меча во оваа земја, поради високи уплати на кладилниците во Европа и Азија, тврди „Спортклуб“.
Вниманието на УЕФА го предизвикале големите парични средства уплатени на два натпревари минатиот месец, од кои на едниот имало неверојатни уплати на далечниот Исток во „обложување во живо“.
Според „Спортклуб“, неколку фудбалери се под сомнеж дека учествувале во местенката. Во Србија случајот ќе го испитува Светислав Ѓуровиќ, поранешниот полицаец, кој оваа година беше именуван за главен за интегритет на фудбалот во ФСС.
Спорт
УФЦ: Дерн ја доби „битката на мајките“ со Нина Ансароф-Нунеш

Нина Ансароф Нунеш имаше неуспешен камбек во УФЦ кафезот по речиси две години во аут, откако Мекензи Дерн стана фаворит за титулата во перо категорија со убедлива победа во првата рунда.
Ансароф Нунеш, инаку Американка со македонско потекло, стави пауза на кариерата во октомври 2019, за да стане првпат мајка со нејзината сопруга, УФЦ шампионката во бантам и перо категорија, Аманда Нунеш во септември.
Дерн, која исто така паузираше со кариерата да стане мајка во јуни 2019 година, ја запечати победата во последните секунди од првата рунда.
„Нема изговори. Се согласив за мечот бидејќи мислев дека сум подготвена. Ќе се вратам бргу. Благодарам до семејството и пријателите кои ми веруваа. Вечерва беше нејзина, но ќе се вратам“, напиша Нунеш на Инстаграм.
- Свет2 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион1 месец
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш