Спорт
Трилер во Битола, Пелистер прими гол во последните секунди и загуби од Пик Сегед
Foto/ facebook.com/hceurofarmpelister
Ракометарите на Еурофарм Пелистер доживеаја уште еден пораз во Лигата на шампионите. Вечерва во Битола, во драматичен меч Пик Сегед славеше со 28:27, со голот на Сита на осум секунди до крајот на натпреварот.
Пелистер како и на претходните натпревари, му дозволи на противникот да стекне предност и потоа да ја брка истата, во овој случај во текот на целиот натпревар. Највисоката предност на унгарскиот тим изнесуваше четири гола.
Пелистер константно беше во потера, но кога ќе дојдеше до егал, со избрзани одлуки и технички грешки му овозмозуваше на противникот лесни голови од контра.
Финишот беше изклучително драматичен, Гебдан со три одбрани и Петровиќ со три гола го донесоа Пелистер до нерешен резултат. Сепак на крајот реши голот на Сита.
Битолчани сигурно ќе бидат незадоволни, а имаат и зошто, од арбитражата на француските судии. Во 27.минута не видоа дека по ударот на Борзаш топката заврши зад гол-линијата. Со тој гол Пелистер ќе имаше бод во џебот.
Борзаш со шест и повратникот во Пелистер Кузмановски со пет гола го предводеа домашниот тим. Кај гостите се истакнаа хрватските репрезентативци Шоштариќ со седум и Степанчиќ во шест гола.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Калинић неће више играти за Србију
Кошаркарот на Барселона, Никола Калиниќ, по победата на Барселона над Олимпијакос (82:80), во Атина, за Спортал изјави дека повеќе нема да играза репрезентацијата на Србија.
„Мислам дека завршив. Не сум таму ни со главата ни со телото, мислам дека не можам повеќе да се борам со тоа како што е потребно. Време е некои од помладите момци да играат и да се докажат. Особено по тој успех минатата сезона. Мислам дека овде се е јасно“, изјави Калиниќ.
Калиниќ за Србија дебитираше во 2013 година, со репрезентацијата освои сребрени медали на Олимписките игри и на Светското првенство.
Спорт
Штербик имал срцев удар
Еден од најдобрите ракометни голамни во историјата, поранешниот член на Вардар, Арпад Штребик доживеал срцев удар.
Веспрем ги потврди пишувањата на медиумите, но и ја информираше јавноста дека Штербик се чувствува добро и дека најверојатно ќе биде пуштен од болница во четврток наутро. Брзата реакција на лекарите спречила трагичен исход.
Штербик кариерата ја започна во Југовиќ од Каќ, по што двапати беше во Веспрем, додека во меѓувреме бранеше за Сиудад Реал, Атлетико Мадрид, Барселона и Вардар. Во Вардар беше од 2014 до 2018 година и стана европски првак.
Кариерата ја заврши во Веспрем во 2020 година.
Спорт
Финалето во ЛЕ во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на ЕП за играчи до 21 година
Во Белград, денска звечено беше означен почетокот на изградбата на Националниот стадион. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, објави дека овој стадион, за четири годони ќе биде домаќин на финалниот натпревар во Лигата Европа.
„Финалето на Лига Европа ќе се игра во 2028 година на Националниот стадион, еве ви информација“, изјави Вучиќ.
Тој најави дека стадионот ќе биде готов за две години.
Националниот фудбалски стадион ќе има околу 52.000 седишта и ќе биде изграден според сите стандарди на УЕФА. Стадионот ќе биде изграден според архитектонскиот проект на Марк Фенвик.
Вучиќ истакна дека Србија со изградбата на Националниот стадион би можела да аплицира со Унгарија за организација на Олимписките игри.
„Ќе продолжиме да ја развиваме инфраструктурата, а планираме во иднина ние и Унгарија да аплицираме за Олимписките игри. Исто така со Албанија можеме да се кандидираме за организација на Европското првенство за фудбалери до 21 година, отворањето кај нив, затворањето кај нас“, рече Вучиќ.