Спорт
Трипл-дабл спектакл во НБА лигата

Изминатата ноќ влезе во аналите на НБА лигата. Прв пат во историјата, во една рунда, петмина кошаркари забележаа трипл-дабл.
Џулиус Рендл од Њујорк Никс, во победата над Оклахома сити Тандер 119:97, забележа 26 поени, 12 скокови и исто толку асистенции. Ова е втор трипл-дабл во сезоната за Рендл. Тој е првиот играч на Никс уште од Марк Џексон во сезоната 1988/89 кој забележал најмалку два трипл-даблови во една сезона.
Џејмс Харден ги предводеше Бруклин Нетс до победа над Детроит Пистонс 100:95. „Брадата“ имаше 24 поени и по 10 скока и асистенции. Бруклин имаат 12 победи на последните 13 натпревари.
Домантас Сабонис, беше клучниот човек во победата на Индијана Пејсерс над Финикс Санс 122:111. Литванецот постигна 22 поени, на кои придодаде 13 скокови и 10 асистенции.
И на крајот во дуелот помеѓу Милвоки Бакс и Вашингтон Визардс (125:119), трипл-дабл забележаа Јанис Адетокумбо и Расел Вестбрук.
Јанис забележа 33 поени и по 11 скокови и асистенции, а Вестбрук блескаше со 42 поени, 10 скока и 12 асистенции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Гатузот го избркал Елмас од тренинг

Елиф Елмас, предвреме го завршил вчерашниот тренинг на Наполи. Како што пишува „Кориере дело Спорт“, тренерот Џенаро Гатузо, го избркал од тренингот репрезентативецот на Македонија.
Според овој извор, Гатузо, не бил задоволен од залагањето на Елмас, порад што порано го испратил во соблекувалната.
И покрај тоа што Елмас, не го завршил тренингот, „Кориере дело Спорт“, најавува дека Елмас ќе биде во ростерот за утречниот натпревар со Лацио.
Инаку, ова не му е прв пат на Гатузо, да отстрани фудбалер од тренинг поради незалагање. Во минатото тоа им се случило на Алан, Гулам и Марио Руи.
Спорт
Мундо Депортиво: УЕФА им плати на англиските клубови да ја урнат Суперлигата

Проектот европска Суперлига, доживеа колапс, откако доцна синоќа, англиските клубови (Челси, Тотенхем, Арсена, Ливерпул, Манчестер јунајтед, Манчестер сити), потврдија дека го напуштаат ова натпреварување.
Англиските клубови, на своите официјални страници, со куси соопштенија, објавија дека ја започнале постапката за повлекување од Суперлигата. Забележливо е дека ниту еден клуб не ја наведува вистинската причина зошто се повлекува. Сите потенцираат дека попуштиле под притисок на навивачите, јавноста и Владата.
„Мундо Депортиво“, ја објави можната причина за повлекувањето на клубовите од Премиерлигата.
„Овие шест клуба и зададоа критичен, но не и конечен удар на Суперлигата. Преостанатите клубови и понатаму стојат зад овој проект, додека англиските клубови попуштија под притисок на навивачите и јавноста. Но тоа не е единствената причина. Според нашите информации, во одлуката да се повлечат клучна е улогата на УЕФА. Не се повлекоа поради заканите од УЕФА, туку поради тоа што УЕФА им понудила многу пари за да ја напуштет Суперлигата. Отсуството на врвните англиски клубови би претставувал голем финансиски удар за УЕФА. Шпанските клубови не добија таква понуда бидејќи нив, а особено Флорентино Перез, УЕФА го посочува како главни непријатели“, пишува „Мундо Депортиво“ и додава.
„Реал и Барселона веруваат дека Суперлигата ќе ги спаси од финансиски колапс. Тие веруваат дека сепак ќе успеат да ги убедат англиските клубови да им се приклучат“.
Спорт
Пол Џорџ го реши трилерот во Портланд

Пет натпревари се одиграа изминатата ноќ во НБА лигата. Победи забележаа Лос Анџелес Клиперс, Минесота, Њујорк, Бруклин и Атланта.
Дербито помеѓу Поертланд и Клиперси, во драматична завршница им припадна на кошаркарите од Лос Анџелес. Конечниот резултат 113:112 го постави Пол Џорџ на 4,8 секунди до крајот. Крилниот играч ан Клиперси беше прецизен од линијата за слободни фрлања. Џорџ натпреварот го заврши со 33 поени и 11 скокови. На спротивната страна се истакна Си Џеј Мекалум со 28 поени.
Резултати:
Атланта-Орландо 112:96
Њу Орлеанс-Бруклин 129:134
Њујорк-Шарлот 109:97
Сакраменто-Минесота 120:134.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Регион5 дена
„Фајзер“, „спутник В“ или „Синофарм“ – истражување во Србија покажа која вакцина штити најбргу
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?