Контакт

Спорт

Трој Дини: Татко ми кажа дека ќе ја убие мајка ми и потоа сите нас

Објавено пред

Поранешниот долгогодишен капитен на Вотфорд, а сега фудбалер на Бирмингем сити, Трој Дини во својата нова автобиографија ја открива „опасната“ домашна атмосфера во која пораснал и таткото кој ги малтретирал него и неговата мајка.

Пол Ентони Бурк, неговиот татко бил отсутен во поголемиот дел од неговото детство, честопати поради престој во затвор, но тој вели дека уште го сака човекот кој вршел терор на своето семејство.

„Некои негови пријатели направија милиони од криминал, но тој никогаш не одеше по парите, и сакаше да влезе во паб и сите да му купат пијачка. Сите се плашеа од него и уживаше во тоа. Кога почнав да играм за Волсол, еден ден дојде со син Мерцедес и знаевдека автомобилот не е негов. Кога застанавме на бензинска пумпа слушнав некоја врева, и тој призна дека во гепекот има човек кој му должи пари“, вели Дини во автобиографијата.

Дини вели дека неговата мајка Ема и неговиот брат Елис и сестра Саша, трпеле вистински терор дома.

„’Ќе ја убијам мајка ти’, ми кажа, и потоа почна да покажува кон нас децата: ‘Потоа ќе те убијам тебе, па ќе те убијам тебе, па ќе те убијам тебе’. Потоа ја удираше мајка ми. Застанав пред неа, и тој ме нокаутираше мене и продолжи. На крајот соседите ја повикаа полицијата, која ја скрши вратата и го однесе мојот татко“, открива Дини.

Таткото на Дини почина во 2012 од рак, а неколку дена по неговиот погреб, самиот Дини почна да отслужува 10-месечна затворска казна за тепачка во центарот Бирмингем. Во затворот, тој почна да го менува својот живот, да чита и да оди на психијатриски прегледи. Сега, на залезот на кариерата, тој вели дека уште го сака својот татко.

„Знам дека ме сакаше и јас го сакав. Мојот татко можеби беше отпадник, правеше лоши работи, но тоа не ја менува ситуацијата – ме зема кога мојот биолошки татко не ме сакаше“, додава Дини.

Спорт

Лацио го суспендира дресерот на „орлите“ поради фашистички поздрав

Објавено пред

Лацио повторно е на насловните страници во италијанските медиуми поради поврзаноста со фашистичката идеологија откако мораше да го суспендира дресерот на „орлите“ на клубот по видеото во кое тој фашистички отпоздравуваше на фановите.

Шпанецот Хуан Бернабе претходно беше одговорен за летањето на маскотата на клубот, белоглавиот орел со име Олимпија пред почетокот на секој меч на „Олимпико“. По 3:1 победата над Интер, тој бил сниман како пее за Бенито Мусолини до група на фанови и ги отпоздрави со фашистичкиот поздрав.

Претседателот на Унијата на италијанските еврејски заедници, Ноеми ди Сењи, го осуди овој потег.

„Не треба да постои двоумење или толерирање гестикулации и симболи што ги повикуваат фашистичките идеали. Клубот и Федерацијата мораат да реагираат итно, на фашистите и на оние што мразат не им е место во фудбалот“, вели Ди Сењи.

Лацио објасни дека Бернабе не бил вработен во клубот, туку само ангажиран од надворешна компанија и ја суспендираа соработката.

Ова не е првпат Лацио, омилениот клуб на Мусолини, да биде поврзуван со поддржувачите на фашизмот откако неодамна му дадоа професионален договор на внукот на Дуче, а на мечот против Селтик во Лига Европа во 2019 некои од нивните навивачи пееја неофашистички песни во Глазгов.

Лацио му даде профи договор на правнукот на Мусолини

УЕФА го казни Селтик за банерот со Мусолини на мечот со Лацио

Прикажи повеќе...

Спорт

Дембеле сака во Њукасл!

Објавено пред

Ѕвездата на Барселона, Усман Дембеле е подготвен да направи трасфер во Њукасл, тврди порталот „Гол“, откако нема одиграно ниту еден натпревар оваа сезона.

Францускиот напаѓач, кому договорот со Барселона му завршува во јуни 2022, не сака да го продолжи договорот, а се верува дека ниту во Каталонија не се воодушевени од идејата тој да остане кај нив, и одеднаш преселба на „Сент Џејмс парк“, каде што пристигнаа богатите саудиски инвеститори станува реална.

Според шпанските медиуми, веќе постои конакт помеѓу премиерлигашот и агентот на Дембеле, со понуда за петгодишен договор од 15 милиони евра плата и бонус од 15 милиони евра за потписот. Дембеле пристигна на „Ноу Камп“ од Борусија Дортмунд во 2017 како прво засилување по трансферот на Нејмар во ПСЖ за 105 милиони евра. Проблемите со повредите го спречија да направи нешто повеќе во Каталонија, со само 30 гола во 118 настапи од трансферот.

Прикажи повеќе...

Спорт

Лига Европа: Дака-шоу во Москва, „лисиците“ го собраа пленот

Објавено пред

Феноменален меч одиграа Спартак и Лестер Сити во Москва, во рамки на третото коло од групата Ц во Лига Европа.
Вистинско гол шоу во кое по 90 минути се радуваа фудбалерите од англискиот тим, победа со пресврт од 4-3, на полувреме домашните водеа со 2-1.

Мечот започна со иницијатива на Спартак, а напаѓачот Александер Соболев го отвори резултатот во 11. минута.
Џордан Ларсон, синот на легендарниот шведски фудбалер Хенрик Ларсон во 44 минута од мечот донесе зголемена предност за рускиот тим, 2-0.

Сепак, за поподнослива негатива на паузата се погрижи Патсон Дака (23 години) во 45 минута со првиот од неговите 4 гола на мечот.

Фудбалерот од Замбија, кој беше стрелец за „лисиците“ и на викенд триумфот против Манчестер Јунајтед (4-2) експлодираше во второто полувреме.

Во 48 минута со неговиот погодок носи реми на арената во Москва, а само 6 минути подоцна постигнува хет-трик за водство на Лестер од 3-2.

Дака тука не застана, па во 79 минута и по четврти пат ја смести топката во мрежата на Максименко.

До крајот на мечот Соболев, со својот втор гол успеа само да го ублажи поразот за конечни 3-4.

По три кола во групата Ц, Легиа Варшава се уште е лидер на табелата со 6 бода по 2 кола, втор е тимот на Лестер со 4, додека Спартак е третопласиран со 3 освоени бодови.

На дното е Наполи, на нашиот Елиф Елмас со 1 бод од два одиграни натпревари.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

Ужас во Франција – пронајдено обезглавено тело на маж со извадена утроба

Тело на маж без глава и отстранета утроба е пронајдено во малиот француски град Болен. Полицијата интензивно трага по Алекс...

Македонија3 часа

Мицкоски: Заев ништо не разбрал, народот е веќе обединет, но против него

Зоран Заев ништо не разбрал. Зоран Заев само ја повторува истата прес-конференција од лани кога исто така лажеше дека ја...

Македонија4 часа

(Видео) Заев: Свесни сме дека повеќе нема толеранција за повторување на истите грешки

Претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, смета дека не може да влечат назад, а Владата да води напред. Затоа...

Топ5 часа

Со ремен ја тепал сопругата, замавнал со нож кон ќерката, гостиварец вршел семејно насилство

43-годишен гостиварец е обвинет за семејно насилство, информираа надлежните. Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против 43-годишен гостиварец за...

Македонија6 часа

Починати 15 лица, регистрирани нови 487 случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 3.491 тестирањe,...

Македонија7 часа

Борел и Блинкен бараат без одлагање почеток на преговори за Македонија

Во заедничката изјава за Западен Балкан, европскиот министер за надворешни работи, Жозеп Борел, и американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, повикаа...

Македонија7 часа

Гир: Европската комисија очекува прва Меѓувладина конференција до крајот на годинава

Извештајот доаѓа во контекст на неодамнешниот Самит на Европската Унија за Западен Балкан, каде се даде недвосмислена поддршка за европерспективата...

Свет8 часа

Во Израел откриена мутација на делта-сојот од коронавирус, момче сместено во карантин

Израел го потврди првиот случај со мутација на делта-сојот на коронавирус, кој претходно беше откриен во некои европски земји, објави...

Македонија9 часа

Со една доза вакцинирани се 49,4% од населението над 18-годишна возраст

Заклучно со 17 октомври со една доза на вакцина против Ковид-19 вакцинирани се 49,4% од населението над 18-годишна возраст. Кај...

Македонија9 часа

Пендаровски: Извештајот на ЕК претставува објективна слика за состојбите во државата

Претседателот Стево Пендаровски денеска имаше средба шефот на делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Дејвид Гир, кој му го предаде извештајот...

Македонија10 часа

До ДИК поднесени 13 приговори за изборните резултати

До Државната изборна комисија се поднесени 13 приговори за постапката за гласање и за постапката за сумирање и утврдување на...

Спорт12 часа

Потврдено: Ако не се вакцинира, Ѓоковиќ нема да игра на Австралија опен

Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ, нема да може да ја брани титулата на Австралија опен, доколку не се вакцинира....

Македонија1 ден

Вархељи повика на итно решавање на спорот со Бугарија до крајот на годината

Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархељи, очекува зелено светло за преговорите со Северна Македонија и Албанија и повика на итно решавање...

Македонија1 ден

Северна Македонија продолжува да ги исполнува условите за преговори за членство во ЕУ, се наведува во новиот извештај

Северна Македонија продолжува да ги исполнува условите за отворање на преговорите за членство и властите ја демонстрираа јавно својата цврста...

Македонија1 ден

Димитриевски: Лица од МВР три недели нè следат мене и мојот тим, тоа е вршење притисок поради изборите

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, кого утрово полицијата го сопре и го прaти со возилото на технички преглед, на прес-конференција...

Македонија1 ден

Се укинува ограничувањето на бројот на гости на една маса во угостителските објекти

Владата на денешната редовна 113. седница, меѓу другото, во согласност со моментната епидемиолошка состојба во државата усвои измени и дополнувања...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски ја повика цела опозиција зa уривање на Владата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, упати повик до Левица и сите опозициски партии, но и до владините кои се во...

Македонија1 ден

За една недела од коронавирус починале 26 вакцинирани лица, од кои најголем дел примиле „синофарм“

Во периодот од 8 до 14 октомври од коронавирус починале 105 пациенти, а 75 % од нив не биле вакцинирани....

Македонија1 ден

МВР не ја наведува причината за запирањето на Максим Димитриевски и најави истрага за случајот

Од Министерството за внатрешни работи по сопирањето на градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, велат дека за случајот е вклучен Одделот...

Македонија1 ден

Уште 27 Авганистанци заминаа од земјава

Група од 27 граѓани на Авганистан кои привремено престојуваа во земјава изутрината од Меѓународниот аеродром Скопје, со членови на нивните...

Досие