Спорт
Црвена звезда заработи од испаѓањето на Динамо
Фудбалскиот клуб Црвена звезда заработи дополнителни 1.137.000 евра по испаѓањето на Динамо Загреб во квалификациите за Лигата на шампионите.
Станува збор за бонус, кој УЕФА го доделува на клубовите кои учествуваат во елитното натпреварување врз основа на резултатите постигнати во последните десет години.
Пред црвено-белите на листата беа „сините“ од Загреб, кои шокантно беа елиминирани од АЕК. По пласманот на АЕК во плеј-офот, Црвена звезда го скокна Динамо на листата на УЕФА.
Црвена звезда може дополнително да заработи од испаѓањето на четири тима кои се пред неа. Плеј-оф за пласман во фазата по групи ќе играат Брага, Копенхаген, Галатасарај и ПСВ Ајндховен.
Со секое испаѓање на една од овие четири екипи Звезда би заработила уште 1.137.000 евра.
Доколку се случи чудо и испаднат сите, тогаш клубот од Белград ќе инкасира 4.548.000 евра.
Двојките во плеј-офот:
Макаби-Јанг Бојс
Антверпен-АЕК
Раков-Копенхаген
Молде-Галатасарај
Глазгов Ренџерс-ПСВ Ајндховен
Брага-Панатинаикос
Ждрепката за групната фаза е закажана за 31 август.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Фиорентина во 16-то коло ја запиша првата победа
Звучи неверојатно, но славниот клуб од Фиренца токму овој викенд ја забележа својата прва победа во италијанското првенство.
Во претпоследниот натпревар од 16-то коло од Серија А, Фиорентина го победи Удинезе со 5:1 (3:0).
Фиорентина имаше предност од три гола по првите 45 минути, а разликата меѓу двата клуба ја црвениот картон на гостинскиот голман Мадука Окоје, кој беше исклучен во осмата минута.
Фиорентина знаеше како да го искористи играчот плус на теренот и постигна три гола пред паузата. Стрелци беа Роландо Мандрагора, Алберт Гудмундсон и Шер Ндур.
Во второто полувреме, домашните постигнаа уште два гола, двата во режија на Моизие Кен, а почесниот гол за гостите, го постигна Умар Соле.
Интересно е што ова е прва победа за Фиорентина од последното коло од минатата сезона кога славеа против истиот ривал (3:2 во Удине).
Foto/ depositphotos
Спорт
(Видео) Ножичките на Ел Каби го отворија Африканскиот куп
Мароканската фудбалска репрезентација го отвори 35-от Африкански куп на нации со победа. Домаќинот на турнирот ја победи селекцијата на Коморските Острови со 2:0.
Натпреварот на стадионот „Принцот Мулај Абделах“ во Рабат, го обележа спектакуларниот гол на Ел Каби. Напаѓачот на Олимпијакос од Атина, пред година и пол најдобар стрелец на Конференцијата на Лигата на УЕФА, влезе во игра во 65-та минута, а само девет минути подоцна ја разубави и ја завери победата на својата селекција на отворањето на првенството со спектакуларни ножички.
Мароко претходно поведе во 55-та минута со голот на играчот на Реал Мадрид, Брахим Диаз, на асистенција на дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Мазрауи.
Рахими можеше да го доведе Мароко во водство во 11-та минута, но неговиот удар од пенал, го одбрани голманот Јаник Пандор.
Мароко беше шампион на Африка само еднаш, во 1976 година, и затоа овој пат како домаќин на турнирот, ќе биде под голем притисок да ја освои титулата и во исто време да го оправда. четврто место од последното Светско првенство во Катар 2022 година.
Во второто коло, во петок, 26 декември, Мароко ќе игра против Мали, додека Коморите ќе се соочат со Замбија истиот ден.
Foto/ depositphotos
Спорт
(Видео) Барселона ја потопи „жолтата подморница“
Фудбалерите на Барселона лесно го победија Виљареал во 17-то коло од Примера (2:0), со што ја забележаа својата осма последователна победа во шпанската елита.
Избраниците на Ханси Флик, во Виљареал, го отворија резултаот во 12-та минута, кога Рафиња погоди од пенал.
Потоа следуваше шоуто на Ламин Јамал. Прво, Ренато Веига доби директен црвен картон во 39-та минута за наивен старт врз суперталентираниот 18-годишник, а пота Јамал во 63-та минута го постави конечниот резултат.
Јамал го постигна својот седми гол во 14-от лигашки натпревар, има и седум асистенции.
Од неуспехот во Ел Класико, Каталонците имаат само победи, со импресивна гол-разлика од 26:8. Во следниот натпревар, тие ќе гостуваат кај нивниот голем ривал Еспањол.
Барселона е на чело на табелата со 46 бода, четири повеќе од Реал Мадрид, Венаш зад водечката двојка е Атлетико, додека „жолтата подморница“ го зазема четвртото место.
Foto/ depositphotos

