Спорт
Тухел им испрати порака на ривалите

Тренерот на Челси, Томас Тухел, најавил дека неговиот тим нема да калкулира во ниту едно натпреварување оваа сезона. Ќе се обиде да победи во сите натпреварувања. Челси, синоќа, по изведувањето на пенали, ја победија Астон Вила и се пласираа во осмина-финалето, во Лига купот.
„Премиер лигата и Лигата на шампиони нема да ни бидат пред другите натпреварувања. Сакаме да створиме победнички менталитет“, рекол Тухел.
Челси, ја дели првата позиција со Ливерпул и Манчестер јунајтед, во Премиер лигата. „Сините“, последен пат биле шампиони на Англија во сезоната 2016/2017.
„Она што го направивме минатата сезона нема да има никакво влијание на актуелната сезона. Сакаме да ги освоиме сите трофеи. Сакаме да бидеме конкурентни во сите натпреварувања и на секој натпревар. излегуваме на теренот со цел да победиме“, дополнил Тухел.
Челси во сабота ќе имаат вистински тест, на „Стенфорд Бриџ“, ќе го пречекаат Манчестер сити.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Рутинска победа на Сити над Видад Казабланка

Фудбалерите на Манчестер sити го започнаа Светското клупско првенство со победа. Фил Фоден се истакна со гол и асистенција, додека Рајан Шерки и Тијани Рејндерс дебитираа за „граѓаните“.
Фудбалерите на Сити релативно лесно излегоа на крај со Видад Казабланка. Натпреварот на „Линколн Фајненшл Филд“, во Филаделфија заврши со резултат 2:0 (2:0).
Фудбалерите во светло сини дресови рутински ја завршија својата работа на почетокот од натпреварувањето, а имаа и мала помош од своите ривали. Постигнуваа голови на почетокот и на крајот од првото полувреме. Поведоа во втората минута со голот на Фил Фоден, по слабата интервенција на мароканскиот голман.
Фоден имаше и заслуга за вториот гол на Сити. Тој изведе корнер во 42-та минута, одбраната на Видад беше лошо поставена, тоа го искористи Џереми Доку и ја дуплираше предноста.
Победникот на Африканската лига на шампиони во 2022 година им пружи достоен отпор на фаворизираните Англичани, но не успеа да постигне ниту почесен гол.
На крајот од натпреварот, англискиот тим остана со еден играч помалку. Директен црвен картон му беше доделен на младиот дефанзивец Рико Луис поради опасна игра.
Погледнете го тој момент од гледна точка на судијата, односно неговата камера.
Ref Cam captured THAT Rico Lewis tackle 🤯
Watch the @FIFACWC | June 14 – July 13 | Every Game | Free | https://t.co/i0K4eUtwwb | #FIFACWC #TakeItToTheWorld #MCIWAC pic.twitter.com/dr83OVrzZg
— DAZN Football (@DAZNFootball) June 18, 2025
Спорт
„Вечните” ривали се здружија и ги исфрлија Морнар и Цибона од АВА лигата

По испаѓањето од АБА лигата, Цибона и Морнар се надевале дека ќе останат меѓу регионалната елита преку административни средства, но тоа нема да се случи, дознава „Спортклуб“.
На седницата на Собранието на АдмиралБет лигата, одлучено е Цибона и Морнар да го загубат местото во натпреварувањето, иако имаат удел во нејзината сопственичка структура.
АБА лигата им понуди на Цибона и на Моран услови под кои овие два клуба ќе останат во лигата, но тие ги одбија тие услови, а потоа следуваше гласање на кое српските „вечни“ ривали Црвена звезда и Партизан гласаа овие два клуба да се преселат во понизок ранг, а ФМП, Мега и Цедевита и Цедевита Олимпија, исто така, дадоа зелено светло, Дерби гласаше за останување.
Со оглед на тоа што Цибона и Морнар се сопственици на АБА лигата, очекувана е нивна бурна реакција, можеби и блокирање на работата на лигата, а интересно ќе биде да се види како ќе се реши овој проблем во моментот кога ќе се објави проширувањето на лигата.
Спорт
Македонските тимови добија тешки противници ако минат во втората рунда во КЛ

Фото/ffm.mk
Македонските тимови Вардар, Силекс и Работнички ги дознаа имињата на противниците со кои ќе се соочат доколку го минат првото квалификациско коло во Конференциската лига.
Првите натпревари, во рамките на првото коло ќе се одиграат на 10, а реваншите на 17 јули.
Осовјувачот на Купот на Македонија, Вардар, за противник во првата рунда го доби тимот од Сан Марино, Ла Фиорита. Црвено-црните се фаворити во овој дуел и доколку ја оправдаат таа улога, во втората рунда за противник ќе го имаат швајцарскиот тим Лозана.
Силекс и Работнички и во првата рунда нема да имаат лесни задачи, а доколку поминат, во втората ги чекаат сериозни противници.
Доколку Силекс во првото коло го мине Дечиќ од Црна Гора, во втората рунда екипата од Кратово ќе се соочи со Рапид од Виена.
Торпедо од Белорусија е прптивникот на Работнички во првото коло. Ако „романтичарите“ ја минат оваа пречка во второто коло ги чека претставникот на Израел, Макаби Хаифа.
Второто квалификациско коло во Конференциската лига на програмата е на 24 (првите натпревари) и 31 јули (реванши).