Контакт

Спорт

УЕФА им нареди на Ајакс да го сменат дресот инспириран од Боб Марли

Објавено пред

Ајакс мораа да го сменат дизајот на дресот инспириран од Боб Марли поради бизарно правило на УЕФА, потврдија холандските медиуми.

Дресот, инспириран од песната „Три мали птици“ (Three little birds), песна која е неофицијална химна на фановите на Ајакс, веќе беше носен на мечот со Цволе во саботата, но со променет дизајн. Ајакс го носеа црниот дрес со црвени, жолти и зелени рабови како трет официјален дрес, но без птиците на грбот (под јаката), во боите на јамајчанското знаме. Клубот ја објаснио промената.

„УЕФА ги посочи птиците како различно лого покрај клупското лого, главниот спонзор и спонзорот на ракавот. Други објави не се дозволени“, се вели во објавата на Ајакс.

Песната „Three little birds“ стана омилена кај фановите на Ајакс кога на пријателски меч кај Кардиф сити во Велс, навивачите требаше да останат на трибините, а диџејот ја пуштил токму таа песна. Оттогаш таа се пее на секој меч на „копјаниците“.

Семејството на Боб Марли претходно го поздрави потегот на клубот.

„Прекрасно е што навивачите на Ајакс толку ја засакаа таа песна. Вакви приказни ми го греат срцето и покажуваат колку неговите песни се важни. Да ги искористам зборовите на мојот татко: ‘Фудбалот е слобода’“, изјави ќерката на Боб Марли, Седела Марли.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Англичаните казнети со еден меч без публика по хаосот на финалето на Евро 2020

Објавено пред

Англија доби казна од еден меч без публика од страна на УЕФА по хаосот на „Вембли“ за време на финалето на Евро 2020, кое го загубија од Италија.

Над 5.000 навивачи без билети успеаја да влезат на стадионот и УЕФА одреди дека имало „неефективна безбедносна операција“ од страна на организаторите на 11 јули. Англиската Фудбалска асоцијација (ФА) е казнета со два меча без публика, од кои вториот е условен, а исто така ќе треба да платат казна од 100.000 евра.

Прикажи повеќе...

Спорт

Њујорк никс останува највредниот НБА-тим

Објавено пред

Њујорк никс седма година во низа е највредниот тим во НБА-лигата, потврди годишната листа на магазинот „Форбс“. Никси, кои имаат само една победа во плејоф-серија од 2000 и последен пат беа НБА-шампиони во 1973 година, вредат 5,8 милијарди долари, зголемување од 16 отсто во споредба со минатата година.

Во топ-5 клуба се и Голден Стејт вориорс (5,6 милијарди долари), Лос Анџелес лејкерс (5,5 милијарди долари), Чикаго булс (3,6 милијарди долари) и Бостон селтикс (3,5 милиони долари). Ова е првпат од следењето на финансиите на НБА-тимовите од страна на „Форбс“ три клуба да вредат над 5 милијарди долари.

И покрај тоа што поради пандемијата на Ковид-19 мечевите се играа без публика во сезоната 2020/2021, вредноста на просечен НБА-тим порасна 13 отсто поради рекордните спонзорски договори и големите очекувања од следниот ТВ-договор на лигата.

Интересно, НБА-шампионот, Милвоки бакс, е 17. највреден клуб со 1,9 милијарда долари, што претставува пораст од 17 отсто.

Прикажи повеќе...

Спорт

Нејмар се вратил повреден од Бразил, не игра против Лајпциг

Објавено пред

Ѕвездата на Пари Сен-Жермен, Нејмар, ќе го пропушти мечот против РБ Лајпциг во Лигата на шампионите откако заработил нова повреда играјќи за Бразил во мечевите против Колумбија и Уругвај во квалификациите за мундијалот во 2022 година.

Бразилецот го одигра целиот меч против Уругвај во четвртокот по што во петокот не настапи за ПСЖ на мечот против Анжер и клубот потврди дека 29-годишниот Нејмар има повреда на стомачкиот мускул.

За ПСЖ, подолго време во аут се и Леандро Паредес и Серхио Рамос, а Анхел ди Марија нема да може да настапи поради жолти картони. ПСЖ е прв на табелата во групата А по ремито со Бриж и победата од 1:0 над Манчестер сити.

Нејмар оваа сезона има постигнато само еден гол за ПСЖ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

19 починати и 107 заболени од Ковид-19 во последните 24 часа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.668 тестирања, а регистрирани се 107 нови случаи на...

Македонија5 часа

Шилегов очекува победа во вториот изборен круг

Петре Шилегов, кандидатот на СДСМ за Град Скопје, вели дека влегува во изборната трка во втор круг, со изедначен број...

Македонија5 часа

Арсовска: Во вториот круг влегувам со голема предност, време е за модерно и современо Скопје

Независната кандидатка за градоначалничка на Скопје Данела Арсовска со повик до скопјани и во вториот круг да ја поддржат на...

Македонија6 часа

Поткуп на гласачи, изнуда, дошол пијан да гласа – Јавното обвинителство постапува по изборните нерегуларности

Во текот на организирањето и спроведувањето на локалните избори заклучно со првиот круг на гласање одржан на 17 октомври 2021...

Македонија6 часа

ВМРО-ДПМНЕ победи во 20, а СДСМ во 9 општини во првиот круг, според досега целосно обработените податоци

Oд целосно обработените податоци од Државната изборна комисија (ДИК), на локалните избори во првиот круг избрани се  32 градоначалници. Според...

Економија7 часа

Горивата поскапуваат

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати...

Македонија7 часа

ДИК го заврши пребројувањето во Куманово – Димитриевски води со 22 гласа пред Илиевски

Актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, води пред кандидатот на СДСМ Оливер Илиевски за 22 гласа, согласно последната промена направена...

Топ9 часа

Прилепчанец со автомобил удрил во четворица пешаци, од кои две деца

Дваесет и деветгодишен прилепчанец со автомобил удрил во четворица пешаци, од кои двајца малолетни. Едно лице се здобило со тешки...

Свет9 часа

Напад со нож во трговски центар во Мелбурн – избодени двајца мажи

Двајцата мажи се пренесени во болница откако биле избодени со нож во трговски центар во Мелбурн. И двајцата се здобиле...

Македонија18 часа

(Видео) Заев: На крајот СДСМ ќе има повеќе градоначалници oд ВМРО-ДПМНЕ

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, изјави дека СДСМ и коалицијата победуваат или имаат водство во повеќе од 30 општини во...

Македонија19 часа

(Видео) Мицкоски соопшти каде победи ВМРО-ДПМНЕ, а каде има предност: „Ова е победа на народот“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски презентираше резултати од изборите кои според аналитичкиот центар на партијата донеле победа во првиот круг....

Македонија20 часа

(Видео) Николовски: СДСМ води во Скопје и уште во најмалку 25 општини

СДСМ победува во Скопје и води во првиот круг од локалните избори, изјави Љупчо Николовски, генерален секретар на партијата и...

Македонија20 часа

Алијанса за Албанците и Алтернатива прогласија победа во Гостивар и Дебар

Алијанса за Албанците и Алтернатива прогласија победа во Гостивар и Дебар. Партискиот претседател на Алијансата, Зијадин Села соопшти дека во ...

Македонија20 часа

(Видео) Зурли и тапани пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје, симпатизерите радосни за изборниот резултат

Со зурли, тапани, гласна музика и пиротехнички средства, симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ слават пред централниот штаб во Скопје. Присутните се радуваат...

Македонија21 час

Ахмети прогласи победа во Сарај, Липково и Пласница

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, прогласи победа во Сарај, Липково и Пласница. Ахмети рече дека партијата е во водство во...

Македонија21 час

ВМРО-ДПМНЕ најави победа во Велес, Штип и Свети Николе а води во Битола и Охрид

Во Велес, Штип и Свети Николе води ВМРО-ДПМНЕ, брифираат од партијата. Оттаму според нивните неофицијални информации посочуваат и дека имаат...

Македонија22 часа

Мицкоски: Победа и голема одговорност

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по завршување на изборниот ден, посочи дека победиле а со тоа доаѓа и одговорноста. Тој...

Македонија23 часа

Спасовски: Изборниот ден помина со незначителен број на неправилности

Изборниот ден помина со незначителен број на неправилности, истакна министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кој оцени дека првиот изборен...

Македонија23 часа

ЗНМ го осуди односот на Даштевски кон новинарите

Здружението на новинарите регира на односот на претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски, кон новинарите во текот на попладневната...

Македонија1 ден

Членови на избирачки одбори самите си одлучиле да не ги користат биометриските уреди

Државната изборна комисија добила информации дека на повеќе избирачки места членовите на избирачките одбори на своја рака престанале да ги...

Досие