Спорт
УЕФА ќе го разгледа предлогот секој тим да има по 26 фудбалери на ЕП
Европската фудбалска унија (УЕФА) ќе разговара за можноста за проширување на бројот на играчи за претстојното ЕП 2024 во Германија на состанок следниот месец.
Според актуелните правила, секоја репрезентација може да има по 23 пријавени фудбалери на ЕП. Српскиот селектор, Драган Стојковиќ Пикси, предложи, секоја селектор да може да пријави 26 играчи. Овој предлог доби поддршка од селекторите на 24 репрезентации кои ќе учествуваат на континеталниот шампионат.
„Добивме неколку пораки од селекторите на репрезентациите во врска со бројот на играчи ЕП 2024. Работната група на УЕФА и претставниците на репрезентациите учесници ќе ги разгледаат предлозите на селекторите на 8 април и ќе ги проучиме сите можни решенија и идеи“, најавија од УЕФА.
На последното ЕП во 2021 година, поради епидемијата на коронавирус, секоја репрезентација имаше 26 фудбалери.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Баерн наредната недела ќе реши кој ќе биде наследникот на Тухел
Почесниот претседател на Баерн Минхен, Ули Хенес изјави дека очекува клубот да донесе одлука за нов тренер во рок од една недела.
Баерн во февруари објави дека тренерот Томас Тухел ќе го напушти клубот на крајот на сезоната, една година пред истекот на неговиот договор, поради незадоволителни резултати.
„Мислам дека ќе донесеме одлука за една недела“, изјави Хенес за „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.
Откако беше објавено дека 50-годишниот тренер ќе го напушти клубот, Баерн се обиде да ги доведе тренерот на Баер Леверкузен Чаби Алонсо и селекторот на Германија, Јулијан Нагелсман, кои одлучија да останат со своите тимови.
Се шпекулира дека Баерн преговара со селекторот на Австрија, Ралф Рангник.
Баерн оваа сезона не успеа да ја одбрани шампионската титула во Бундеслигата, но ќе има можност да се бори за трофејот во Лигата на шампионите, противник во полуфиналњто ќе му биде Реал Мадрид.
Спорт
Лестер се враќа во Премиер лигата
Фудбалерите на Лестер се вратија во Премиер лига. „Лисиците“ во елитата ги врати поразот на нивниот конкурент Лидс кај Квинс Парк Ренџерс (0:4).
Лестер со 94 бода и до крајот треба да одигра уште два натпревари, додека Лидс има 90 бода и уште еден натпревар до крајот на сезоната. Ма третото место се наоѓа Ипсвиќ со 89 поени и до крајот на сезоната треба да одигра уште ри натпревари.
За Лестер е најважно што обезбеди едно од првите две места кои обезбедуваа директно место во Премиер лигата.
По поразот од Квинс Парк Ренџерс, второто место, кое гарантира директен влез во Премиер лигата, опасно му виси на Лидс, бидејќи му се заканува третопласираниот Ипсвич, кој има 89 бодови и натпревар помалку.
Минатата сезона Лестер испадна од елитната дивизија, а во 2016 година сензационално беше шампион на Англија.
Спорт
(Видео) Дончиќ на натпреварот дојде во спектакуларен автомобил
Лука Дончиќ го предводеше Далас до победата над ЛА Клиперс 101-90, а вниманитетот го привлече пред натпреварот со розово-виолетовиот Шевролет.
Дончиќ мечот со Клиперс го заврши со 22 поени, десет скока и девет асистенции.
Шевролетот е дел од кампањата за патики „Luka 3“, под покровителство на најдобриот кошаркар во историјата Мајкл. Јордан.
Luka Doncic arrived in a “Midnight Racer” wrapped ’68 Camaro — inspired by the next colorway of his Jordan Luka 3s pic.twitter.com/E5CaGZHAEV
— Nick DePaula (@NickDePaula) April 26, 2024