Спорт
УЕФА планира ново проширување на Евро, овој пат на 32 репрезентации!

УЕФА планира ново зголемување на бројот на учесници на Европското првенство во фудбал веќе од 2028 година, тврдат британските медиуми.
УЕФА го зголеми ЕП од 16 на 24 репрезентации во 2016 година, но по преговорите со своите 55 членки, односно фудбалските федерации, на сила добива идејата 32 репрезентации да бидат дел од континенталното натпреварување, тврди „Дејли мејл“. Со оваа промена, наместо 39 натпревари, би имало дури 64 натпревари на првенството, а се очекува и спротивставување од ФИФА, која има свој план за одржување на мундијалите на секои две години.
Организацијата на ЕП во 2028 година, најверојатно, ќе ја добијат Велика Британија и Ирска откога УЕФА ја отфрли кандидатурата на Русија, а Турција, по неуспехот да ги добие првенствата во 2016 и 2024, нема да ризикува и трет пораз.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Македонија ЃП почнува од второто коло во Конференциската лига, Шкендија и Академија Пандев претходно

Трите македонски тима кои ќе играат во Конференциската лига на УЕФА ги знаат своите можни ривали. Македонија ЃП како освојувач на Купот ќе игра во второто квалификациско коло, додека Академија Пандев и Шкендија почнуваат рано, со таа разлика што Шкендија ќе биде носител.
Шкендија ќе биде носител во првото коло, а за можни противници ќе ги има: Борац Бања Лука (БиХ), Интер Турку (Финска), Тре Фиори (Сан Марино), КР Рејкјавик (Исланд), црногорските Дечиќ и Искра, Санта Колома (Андора), Бруно (Гибралтар), Њутаун (Велс), Хамрун (Малта) и Дила Гори (Грузија).
Академија Пандев не е носител и може да добие посериозен противник. Можни противници на струмичани се Флора од Естонија, Рига (Летонија), Алашкерт (Ерменија), Олимпија (Словенија), Купс (Финска), Будуќност (Црна Гора), полските Легија и Погон, Крусејдерс (Ирска), Сент Јозеф (Гибралтар), Тре Пене (Сан Марино), Бала Таун (Велс).
Од втората квалификациска рунда настапот го почнува Македонија Ѓорче Петров и ќе биде неносител. Можни ривали за „лавовите“ се екипи како Базел, Славија Прага, Јанг Бојс, ПАОК, Истанбул Башакшекир, Макаби Тел Авив, Астана, Молде, Апоел, ФЦСБ, Бате Борисов, Ријека, Антверпен.
Спорт
Муарем Бајрами уште две години на клупата на Македонија ЃП

Тренерот на македонскиот прволигаш Македонија ЃП, Муарем Бајрами, ја продолжи соработката и за следните две години. После освоениот пехар во Купот, раководството на Македонија ЃП одлучи да му даде нов двегодишен договор на Бајрами.
Тој во октомври минатата сезона ја презеде екипата од Александар Таневски, а претходно равотеше како негов асистент.
Македонија ЃП во првенството се пласираше на четвртата позиција.
Спорт
Младата селекција до 21 година на собир: Дуели против Ерменија и против Украина

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година, денеска во хотел „Парк“ го имаше официјалниот собир во пресрет на предвидените натпревари од квалификацискиот циклус за пласман на ЕП што ќе се одржи во Романија и Грузија 2023.
На 2. јуни, на тренинг центарот „Петар Милошески” гостува селекцијата на Ерменија. Три дена подоцна, во последното коло од квалификациската група Х, младата селекција на Македонија ќе одигра меч против Украина во Истанбул, Турција.
Репрезентацијата на Македонија по двата последни квалификациски натпревари, на 10 и 12. јуни ќе одигра две контролни средби против селекцијата на Босна и Херцеговина во Скопје.