Спорт
УЕФА подготвува финансиска офанзива – 6 милијарди евра во Лигата на шампионите

Првата реакција на УЕФА по формирањето на Европската Суперлига, покрај заканите за суспензија на фудбалерите и на клубовите, е обезбедување на поголем буџет за Лигата на шампионите, откако според „Блумберг“ веќе се преговара со британски инвестициски фонд за сума од 6 милијарди евра.
Според „Блумберг“, УЕФА преговара со „Сентрикус асет менаџмент“ за финансиски пакет од над 6 милијарди евра за реформа на Лигата на шампионите со која би се сопреле плановите за Суперлигата.
Од другата страна, американската банка „Џеј Пи Морган“ потврди дека ќе ја финансира Суперлигата, и првично клубовите ќе добијат грант од 3.5 милијарди евра. Ова значи дека клубовите на стартот ќе поделат 400 милиони евра – во споредба шампионот од Лигата на шампионите минатата сезона доби 19 милиони евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Манчестер јунајтед (речиси) го завршиле трансферот на Осимен

Виктор Осимен е прв избор на тренерот Рубен Аморим за нов напаѓач на Манчестер јунајтед.
Последните информации велат дека работата е речиси завршена и дека брилијантниот Нигериец во летниот преоден рок ќе го стави својот потпис на договорот со великанот од „Олд Трафорд“.
Осимен моментално е позајмен во Галатасарај од Наполи, а наполитанците бараат 75 милиони евра обештетување.
Парите за трансферот треба да ги обезбеди „Инеос“ компанијата на ко-сосптвеникот на клубот, Џим Ретклиф. Аморим е незадоволен од настапите на Зиркзе и Хојлунд и Осихен несомнено ќе бидат прва опција во нападот.
Нигериецот има 26 години, најдобрите моменти во кариерата ги имаше во Наполи, кого го предводеше до титулата во 2023 година. На 108 натпревари за наполитанците постигна 65 голови. Моментално е во Галатасарај каде на 18 натпревари постигна 14 голови.
За репрезентацијата на Нигерија одигра 39 натпревари и постигна 23 гола. Тој беше вицешампион на Африканскиот куп на нации во 2023 година.
Спорт
Консеисао би можел да добие отказ

Сержо Консеисао, тренерот на Милан, би можел да добие отказ доколку неговиот тим не ги добие натпреварите против Болоња и Лацио оваа недела, објавија медиумите на Апенинскиот полуостров.
„Росонерите“, откако беа елиминирани во Лигата на шампионите од Феенорд, викендов доживеаја нов студен туш. Во саботата загубија на гостувањето кај Торино со 2:1. Ова уште повеќе им ја отежна ситуацијата кога е во прашање борбата за позициите кои водат во Лигата на шампионите следната сезона.
Интер, Наполи и Аталанта напредуваа и речиси имаат обезбедено пласман во Лигата на шампионите следната сезона, а за едно место кое моментално го држи четвртопласираниот Јувентус ќе се бори Милан кој се наоѓа на седмото место со осум бода помалку од Јуве.
Покрај Јувентус и Милан, во трка за Лигата на шампионите се и Лацио, Фиорентина и Болоња.
Консеисао го презеде кормилото на Милан на крајот на декември, кога го наследи Пауло Фонсека. Започна добро, го освои го италијанскиот Суперкуп, но во новата година резултатите се променливи.
Италијанските медиуми пишуваат дека Милан со Консеисао на клупата на 15 натпревари има полоши резултати од Фонсека во последните 15 натпревари. Иако неговиот договор со Милан е до јуни 2026 година, Португалецот би можел порано да ги спакува куферите.
Спорт
Побара автограм од Меси, доби шест месеци суспензија

Лионел Меси и Интер Мајами минатата недела го совладаа Спортинг Канзас Сити со 1:0 во првиот натпревар од осминафиналето на Купот на шампионите КОНКАКАФ.
Натпреварот беше под голем лупа и поради тоа што се играше на температура од -16°C, а со налети на ветер вистинското чувство на студ беше -24°C.
Натпревар беше тема и поради гавниот судија Марко Антонио Ортиз Нава. Мексиканскиот судија од КОНКАКАФ доби шест месечна суспензија, бидејќи побарал авторграм од Меси.
„Со овој потег Ортиз Нава ја доведе во прашање неговата непристрасност“, соопшти КОНКАКАФ.
Мексиканските медиуми пишуваат дека Ортиз побарал автограм за член на семејството кој има посебни потреби, но КОНКАКАФ не дозволува такви интеракции меѓу судиите и играчите, а Ортиз бил предупреден дека може да се соочи со суспензија на неопределено време доколку повторно направи вакво нешто.
Додека трае неговата суспензија во КОНКАКАФ, Ортиз ќе може да суди во првенството на Мексико.