Спорт
УЕФА подготвува жесток напад на Суперлигата
Објавата на 12 елитни фудбалски клубови, дека од наредната сезона ќе се натпреваруваат во своја лига, која ја нарекоа Суперлига, предизвика жестока реакција кај УЕФА и не само кај европската Куќа на фудбалот, туку и во европските медиуми и националните фудбалски првенства.
Суперлигата, во која според основачите, ќе се натпреваруваат 20 клубови, ќе значи крај за Лигата на шампиони. Јасно е дека Лигата на шампионите на УЕФА, нема да може да ѝ конкурира на Суперлигата чии основачи се најмоќните клубови од Англија, Италија, Шпанија.
Прв претседател на Суперлигата ќе биде првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез, кој доцна синоќа преку соопштение ја извести јавноста дека 12 клубови формирале своја лига.
УЕФА, денес ќе тргне во контра-напад на одменатите клубови. УЕФА, во Монтро, Швајцарија, закажа состанок на Извршниот одбор. На состанокот УЕФА ќе упати ултиматум до 12-клубови, доколку не се откажат од Суперлигата, тогаш тие ќе бидат исфрлени од домашните првенства, а фудбалерите нема да можат да играат за своите национални тимови.
УЕФА се заканува со радикални казни бидејќи има поддршка од ФИФА, Премиер лигата на Англија, шпанската Ла Лига и италијанската Серија А. Сите овие институции се противат на основањето на Суперлигата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Во сообраќајна несреќа тешко повреден Бабнгида, брат му загина, сопругата и детето се во критична состојба
Поранешниот нигериски фудбалер Тијани Бабангида (50) имал тешка сообраќајна несреќа на автопатот во Нигерија, а во несреќата загинал неговиот три години помлад брат Ибрахим.
Тијани, неговата сопруга, син и куќна помошничка, кои исто така биле во автомобилот, со тешки повреди биле примени во болница.
Некои медиуми тврдат дека Тијани е свесен, а остатокот од семејството сѐ уште е во критична состојба, но закрепнува.
Тијани Бабангида беше репрезентативец на Нигерија од 1994 до 2004 година и играше на Светското првенство во 1998 година, а најголема трага во клупскиот фудбал остави во Ајакс во периодот од 1996 до 2003 година.
Тијани моментно е претседател на Здружението на професионалните фудбалери на Нигерија. Фудбал играше и трагично загинатиот Ибрахим. Најмногу играше за африкански клубови, но стигна и до холандски Волендам.
Спорт
Евролига: Прочида најдобар млад играч
Кошаркарот на Алба од Берлин, Габриеле Процида е прогласен за најдобар млад играч на Евролигата, објавено е на веб-страницата на елитното натпреварување.
Прочида е третиот Италијанец кој ја освоил престижната награда, по Андреа Барњани (2005/06) и Данило Галинари (2007/08).
Талентираниот кошаркар имаше голема конкуренција за наградата, особено од неговиот соиграч од Алба и сонародник Матео Спањоло.
Сепак, тој имаше поголема улога во тимот, поради што и го доби признанието кое го изгласаа тренерите на екипи во Евролигата.
Оваа сезона имаше просек од 8,3 поени, 1,6 скока и 1,4 украдени топки.
Сезонава 10 пати имаше двоцифрен учинок, а најдобра партија ја имаше против Макаби, кога мечот го заврши со 22 поени и три украдени топки.
Спорт
Дест се враќа во Барселона – ПСВ нема да го откупи неговиот договор
Сержињо Десет како позајмен од Барселона во ПСВ ја освои титулата во Холандија со клубот од Ајндховен. Сепак ПСВ нема да го откупи неговиот договор и покрај тоа што во клубот биле задоволни од неговите изданија. Причината е повредата на коленото од која репрезентативецот на САД се уште не се рехабилитирал.
Дест во јуни ќе се врати во Барселона каде ќе ја продолжи со рехабилитацијата по операцијата на коленото во Холандија.
Дест се пресели од Ајакс во Барселона во 2020 година, вкупно за Барселона одигра 72 натпревари и постигна три гола.
Тој минатата сезона замина на позајмица во Милан, незадоволен од својата минутажа во Барселона, а оваа сезона ја мина на позајмица во ПСВ.
Се очекува тој да се врати на терените на почетокот на 2025 година.