Спорт
Ултрасите на ПСЖ, сепак, нема да го свиркаат Меси
Лионел Меси нема да добие свирежи од навивачките групи на Пари Сен-Жермен на неделниот меч против Рен, тврди порталот „Гол“ и покрај ваквите најави поради лошите односи со Аргентинецот.
Навивачите се лути што Меси, и покрај долгите преговори, уште не го продолжил договорот со францускит гигант, но и поради перцепцијата дека тој не работи доволно напорно за својот клуб. Најавите беа дека последниот меч на „Паркот на принцовите“ пред интернационалната пауза ќе биде одбелжен со свирежи за Аргентинецот.
Според „Гол“, клубот во последниот период и покрај конфликтите е во добри релации со своите навивачи групи, а нема да пречи ниту елиминацијата од Лигата на шампионите. Интересно, „Мундо депортиво“, кои првпат ја објавија сторијата, сега ја избришаа од својот веб-сајт.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Сити му нуди нов договор на Де Брујне
Челниците Манчестер сити планира да му понуди продолжување на договорот на белгискиот фудбалски репрезентативец Кевин де Брујне до јуни 2026 година, пренесуваат британските медиуми.
Де Брујне (32) има договор со Манчестер сити до 30 јуни 2025 година.
Некои британски медиуми неодамна објавија дека челниците на „Граѓаните“ би можеле да го продат белгискиот фудбалер на крајот на сезоната, а интерес за Брујне покажаа клубови од МЛС лигата и Саудиска Арабија.
Сепак, британски „Мирор“, пренесува дека Де Брујне не е подготвен да го напушти Манчестер сити, смета дека на 32-годишна возрат се уште е подготвен да игра на највисоко ниво.
Де Брујне пристигна во Манчестер во 2015 година од Волфсбург за 75 милиони евра.
Белгискиот репрезентативец сезонава имаше проблеми со повредите, поради што за Манчестер сити одигра само 26 натпревари во сите натпреварувања и постигна шест гола.
Спорт
Вардар преку баражот избори опстанок во Првата лига
Фото/ facebook.com/FKVardarSkopje
Фудбалерите на Вардар и наредната сезона ќе се натпреваруваат во Првата македонска фудбаска лига. Попладнево на стадионот „Младост“ во Струмица, славеа во баражот за опстанок против Детониот со 2:0 (2:0).
Вардар на теренот во Струмица, пред голем број свои навивачи покажа дека е поквалитетен тим од Детонит.
Во првото полувреме ги реши сите дилеми околу победникот.
Еден блиц криг во периодот од 42. до 45.минута им беше доволен на црвено-црните да ја обезбедат победата кога мрежата на Детонит ја погодија Ѓуриќ и Шушњара.
Спорт
(Видео) Саутемптон се врати во Премиер лигата
Саутемптон експресно се врати во Премиер лигата. Во финалето на плеј-офот на „Вембли“, пред повеќе од 85.000 гледачи, Саутемптон го победи Лидс јунајтед со 1:0 (1:0).
Натпреварот „вреден“ 178.000.000 фунти, беше извореден и на трибините и на теренот.
Саутемптон натпревар го доби со голот на Адам Амстронг во 24.минута. За напаѓачот на „светците“ ова беша 24. гол оваа сезона.
Тимот предводен од клупата на Шкотланѓанецот Расел Мартин реши иницијативата и поседот да му ги препушти на Лидс и шансите да ги бара преку контранападите. А „Светците“ се бранеа доста добро и организирано.
Предноста можеа да ја зголемат во 68. минута, но Ендози од 15 метри шутираше над голот на Лидс.
Лидс имаше фантастична можност за израмнување во 84. минута, кога Даниел Џејмс шутираше силно од повеќе од 20 метри, Саутемптон тогаш имаше голема среќа, топката од гредата се одби во поле.
Да потсетиме, минатата сезона од Премиер лигата испаднаа Лидс и Саутемптон, заедно со Лестер. „Лисиците“ се вратија во елитата како првопласирана екипа на Чемпионшип, покрај нив директен пласман избори Ипсвич, а Саутемптон преку плеј-офот. Од Премиер лигата испаднаа Лутон, Барнли и Шефилд јунајтед.