Спорт
Унаи Емери си купил фудбалски клуб

Тренерот на Виљареал, Унаи Емери, купил фудбалски клуб. Во сопственост на Емери е еден од култните шпански клубови Реал Унион, кој од 1932 године се нема натпреварувано во Првата шпанска лига.
Реал Унион оваа сезона се натпреварува во Сегунда Б, третиот ранг на шпанскиот фудбал. Овој клуб е од градот Ирун во покраината Баскија.
За овој клуб во минатото голмани биле дедото и таткото на Емери.
Унаи Емери во кариерата бил тренер на Алмерија, Валенсија, Севилја, ПСЖ и Арсенал.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Роналдо го продаде Ваљадолид

Ваљадолид испадна од Примера, но неговите навивачи денес слават. Клубот објави дека Роналдо Назарио повеќе не е сопственик.
„Претседателот на Управниот одбор и мнозински сопственик на Ваљадолид, Роналдо Луис Назарио де Лима, објавува дека потпишал договор за продажба на поголемиот дел од акциите на инвестициска група од Северна Америка, која е поддржана од фонд од Европа“, се вели во соопштението за медиумите на Ваљадолид.
Навивачите во последно време протестираа против Роналдо, кој на крајот сфати дека е најдобро да се повлече.
Особено, бура од незадоволство кај навивачите предизвика снимката на која се забележува Бразилецот како пијан излегува од ноќен клуб додека клубот грчевиот се бореше за опстанок.
Спорт
Ѓоковиќ со мали проблеми се пласира во 143-то финале во кариерата

Новак Ѓоковиќ избори пласман во своето 143-то финале на АТП турнирите и во сабота ќе игра против Хуберт Хуркач за својата 100-та титула.
Во полуфиналето на АТП турнирот од серијата 250, во Женева, Ѓоковиќ го победи Камерон Нори во три сета.
Мечот траеше два часа и 30 минути, а Новак победи со резултат 6:4, 6:7, 6:1.
Ѓоковиќ релативно лесно мина низ првиот сет, во вториот, успеа да се врати по водството на противникот 1:4 и 2:5 избори тај-брејк, не успеа да искористи меч-топка и мораше да игра решавачки сет.
Сепак, во третиот сет го потврди својот квалитет и го скрши Британецот во раната фаза.
Финалето на турнирот во Женева е закажано за сабота во 15 часот.
Спорт
(Видео) Јанакопулос направи хаос, тргна да се пресмета со челниците на Евролигата

Првиот човек на Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос, повторно имаше „шоу“, овојпат на завршниот турнир во Абу Даби.
Јанакопулос, познат по својот жесток темперамент и човек што нема добар однос со челниците на Евролигата и судиите, тоа го покажа на полувремето.
Кога судиите се упатија кон соблекувалната, Јанакопулос стана и почна да им вика, по што влезе на теренот и продолжи вербално да ги напаѓа.
Потоа тој ги нападнал и водечките луѓе на Еверолигата, Дејан Бодирог и Паулиус Мотиејунас, но обезбедувањето спречи поголем инцидент.
İlk yarının sonunda Panathinaikos başkanı Dimitris Giannakopoulos, hakemlerin üzerine yürüdü. Devamında böyle uzaklaştırıldı: pic.twitter.com/ToCOwUvxxm
— Buğra Balaban (@BugraBalaban_) May 23, 2025
Сопственикот на ПАО мораше да го напушти своето место крај теренот и го гледаше дуелот од тунелот, односно од зад вратата низ која се влегува во салата.
Инаку неговиот тим не успеа да влезе во финалето. Фенербахче го порази Панатинаикос со 82:76.