Спорт
Усик: Поради политиката загубив милиони во спонзорства во Украина

ВБА, ИБФ, ИБО и ВБФ шампионот во тешка категорија, Олександер Усик, тврди дека загубил вредни спонзорски договори во неговата татковина Украина, поради неговите политички ставови и поради тоа што не ја критикувал Русија.
Усик стана светски шампион кога го победи на поени Ентони Џошуа во септември во Лондон, откако претходно беше апсолутен шампион во крузер категорија, а освои и злато за Украина на Олимпијадата во Лондон во 2012 година. И покрај ова, тој не е многу сакана личност во Украина, најмногу поради тоа што е роден во Крим и не ја критикуваше Русија за преземањето на полуостровот во 2014 година.
Усик одговараше дека Крим е „божји“ кога го прашуваа украинските новинари, а иако живее во Киев, неговото семејство уште е таму. Покрај тоа, тој е голем верник на православната црква која уште е поврзана со Московската Патријаршија и беше поставен на неславната листа „непријатели на државата“ од страна на една невладина организација.
„Дали имам договори? Не во Украина. Ситуацијата е таква со целата омраза, поделбите и недоразбирањата, што многу повеќемилионски договори ги загубив. Едноставно беа одбиени. Ќе ми кажат: ‘Си зборувал за политика таму?’. Ќе ги прашам: ‘Каде, покажете ми!?’. Тие ќе речат: ‘Па, тие зборуваат за тебе’. И толку. Би сакале да ме спонзорираат, но им е страв. Но, не жалам за парите, тие најлесно се надополнуваат“, вели 35-годишниот Усик.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Борба за трофејот и за голема парична награда

Реал Мадрид и Ливерпул вечерва ќе се борат не само за титулата во Лигата на шампионите, туку и за голема парична награда.
Според многумина, двете најдобри екипи во светот се среќаваат на финалето во Париз од 21.15 часот. Мадриѓаните одат по рекорден 14. трофеј, Ливерпул по седмиот. Според обложувалниците фаворит е тимот на Јирген Клоп.
Освојувачот на трофејот ќе слави со денови, а посебен мотив се парите што ќе ги добие за победата.
Победникот од овогодинешната ЛШ ќе добие 22,6 милиони евра. Клубот кој ќе биде поразен ќе добие 17,5 милиони евра. Покрај тоа, Ливерпул ќе добие 24,4 милиони за рангирањето на УЕФА и 18,4 милиони за телевизиските права по финалето. Во случајот со Реал тие суми се 35,5 милиони односно 13,2 милиони.
Вреди да се додаде дека и двете екипи во овогодинешната ЛШ веќе заработија вкупно околу 180 милиони евра за спортските достигнувања.
Англичаните сезонава заработија 91,44 милиони евра, а Реал Мадрид 88,27 милиони евра. По финалето овие суми ќе се зголемат уште повеќе.
Во случај на победа на Ливерпул нивната вкупна заработка ќе изнесува 139,34 милиони евра, а кај Реал 142,07 милиони евра.
УЕФА издвои вкупно две милијарди евра за бонуси, кои се делат на сите учесници, но секако најмногу за оние кои стигнаа до самиот крај.
Спорт
Ливерпул ќе се обиде да ги „украде“ Гави од Барселона

Фабрицио Романо на почетокот на овој месец објави дека Барселона договорила речиси сè со големиот талент Гави и дека наскоро ќе фудбалерот ќе го продолжи договорот истекува наредното лето.
Во договорот на Гави, Барса треба да стави клаузула за откуп од 1.000.000.000 евра. Не е познато зошто договорот се уште не е потпишан. Ваквиот развој на настаните се обидува да го искористи Ливерпул.
Според сегашната клаузула, тоа може да го направи со уплата од 50.000.000 евра,
Менаџерот на Гави, поранешниот играч на Барселона Иван де ла Пења, потврдил дека се уште нема официјална понуда за продолжување на договорот.
17-годишното чудо од дете оваа сезона одигра 47 натпревари за клубот во сите натпреварувања. Тој постигна два гола во првенството и има шест асистенции, а „Трансфермаркт“ неговата вредност ја проценува на 60.000.000 евра.
Спорт
И Клоп го откри составот за големото финале
Еден час пред почетокот на финалето во Лигата на шампионите, Јирген Клоп го откри почетниот состав.
Германецот имаше само една дилема, дали да почне со Тијаго Алкантара или со Наби Кеита. Сепак Бразилецот со шпански пасош успеа да се рехабилитира од повредата и тој ќе биде во редот за врска, заедно со капитенот Џордан Хендерсон и Фабињо.
Ливерпул вечера, во Париз, се бори за седмата титула во Купот/Лигата на шампионите.
Here's how we line up for the #UCLfinal
👊🔴
— Liverpool FC (@LFC) May 28, 2022