Спорт
Вajперс и Ѓер стигнаа до завршниот турнир
Бранителките на титулата во Лигата на шампионите, ракометарките на Вајперс Кристијанштад и ракометарките на Ѓер се пласираа на завршниот турнир.
Вајперс победи на двата натпревари против Рапид од Букурешт. Првиот на гостински терен го доби со 31:25, а потоа беше поубедлив на својот паркет со 40:31 (18:18).
Најефикасни во тимот на Вајперс беа Амали Андерсен со седум гола, Маркета Јеребкова и Јасмина Робертс со по пет и Катарина Јежиќ со четири гола. Кај Рапид, Марија Грозав постигна седум гола, Јулија Букеши и Фрага Фернандез по шест гола.
Ѓер како гостин го победи Одензе со 29:27, а потоа на домашен терен славеше со 37:28 (21:14). Ана Грос со 10, Естел Минко со седум, Надин Шачи со пет гола беа расположени за игра во нападот кај Ѓер. За Одензе шест гола постигна Бо Ветеринг, по четири Ниланд Ардал и Лариса Нусер.
Остануваат уште две места на завршниот турнир. Списокот ќе биде комплетиран утре по реванш дуелите меѓу Букурешт и Есбјерг (прв натпревар 28:32) и Мец и Ференцварош (32:26).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Црвена звезда со играч помалку победи против ФЦСБ
Фудбалерите на Црвена звезда го победија ФЦСБ со 1:0 (0:0) во натпреварот од петтото коло од Лига Европа одигран на стадионот „Рајко Митиќ“.
Српскиот претставник ја забележа својата втора последователна победа и стигна до седум бода, три кола пред крајот на лигашкиот дел од натпреварувањето.
Победата на Црвена звезда добива на значење во борбата за пласман во нокаут фазата, особено поради фактот што беше извојувана со играч помалку.
Имено, Звезда играше со десет играчи од 27-та минута кога Тебо Учена доби директен црвен картон. Но и пред и по црвениот картон, Црвена звезда доминираше и чудо е како не постигна барем уште еден гол.
Единствениот гол, во 50-та минута, го постигна Бруно Дуарте, кој претходно пропушти неколку шанси.
Резултати, Лига Европа 5.коло:
ПАОК – Бран 1:1 (0:0)
/Иванушец 64 – Корвинг 89/
Пилсен – Фрајбург 0:0
Болоња – Салцбург 4:1 (1:1)
/Одгард 26, Далинга 51, Бернардески 53, Орсолини 86 – Вертсен 33/
ГА Иглс – Штутгарт 0:4 (0:2)
/Левелинг 20, 35, Ел Канус 59, Буанани 90+3/
Генк – Базел 2:1 (2:0)
/Ох 14, Каречас 45+2 – Отеле 57/
Макаби Тел Авив – Лион 0:6 (0:3)
/Винициус 4, Толисо 25, 51, 53, Ниаките 35пен, Карабец 62/
Нотингем Форест – Малме 3:0 (2:0)
/Јејтс 27, Калимеундо 44, Миленковиќ 58/
Панатинаикос – Штурм 2:1 (1:1)
/Свидерски 18, Калабрија 74 – Китеишвили 35/
Ренџерс – Брага 1:1 (1:0)
/Таверние 45+3пен.- Мартинез 69/
Реал Бетис – Утрехт 2:1 (1:0)
/Ернандез 42, Езалзули 50 – Родригез 55/
Спорт
(Видео) Пораз на Шкендија од Дрита
Фудбалерите на Шкендија го запишаа вториот пораз во Конференциската лига. На гостувањето во Косово, Дрита ја порази Шкендија со 1:0. По втроиот пораз во Конференциската лига, Шкендија остана на четири поени и се наоѓа на 25-то место на табелата.
Натпреварот не понуди некој врвен квалитет, се играше тврдо од двете страни. Пресуди голот на Манај во 20.минута. Впечаток е дека дефанзивците можеда да реагираат подобро во оваа ситуација.
Шкендија во наредната рунда ќе го пречека Слован од Братислава. Натпреварот се игра на 11 декември.
Инаку, Слован го направи најголемото изненадување во петтото коло, на домашен терен, по пресврт го победи Рајо Ваљекано (2:1).
Foto/ EPA, arhiva
Спорт
Македонија го растури Азербејџан
Кошаркарската репрезентација на Македонија со победа ги отвори претквалификациите за Европското првенство во 2029 година. Во Скопје, Македонија го совлада Азербејџан со 87:49.
Македнија ја оправда улогата на фаворит и според очекувањата забележа лесна и убедлива победа.
Андреј Јакимовски беше најдобар со дабл-дабл (25 поени и 11 скокови). Двоен учинок од 16 поени и 11 скока реализираше и капитенот, Војдан Стојановски, Зеќири уфрли 17 поени.
На своето деби за репрезентацијата на Македонија, Омари Мур дојде до скор од шест поени, исто толку скокови и девет асистенции.
Во наредното коло од групата А, на 30.ноември, нашата најдобра селекција ќе гостува во Даблин кај Република Ирска.
Извор/ Кошаркарска федерација на Македонија

