Спорт
Валенсија го комплетираше епскиот пресврт, ќе игра на завршниот турнир
Кошаркарите на Валенсија преку Панатинаикос се пласираа во Фајналфорот на Евролигата, нивен прв во историјата.
Валенсија дојде од 0-2 на 3-2 на најтешкиот можен начин, откако ги загуби првите два натпревари на свој паркет.
Ова е втор пат во историјата, екипа по 0-2 да го добие следните три натпревари и дас избори пласман на Завршниот турнир. Претходно ваков подвиг направи Реал против Партизан во 2023 година.
Интрересно и тогаш и сега, на поразената страна беше центарот Матијас Лесор.
Валенсија мајсторката пред своите навивачи ја доби со 81:64.
Ова значи дека ќе играат против Реал Мадрид на Завршниот турнир, додека Фенербахче и Олимпијакос се среќаваат во второто полуфинале. За да биде уште полошо за „зелените“, Фајналфорот се игра во Атина во нивата ОАКА арена.
Антикошарка се играше во првото полувреме, а особено во првата четвртина. По првите десет минути беа постигнати само 24 поени, а вкупниот резултат од првото полувреме беше разочарувачки, со само 58 поени.
На паузата беше +12 за домашниот тим, а предноста набрзо порасна на +17 на почетокот на третиот период.
Сепак, следеше драма. ПАО со серија од 16:2 и дојде на еден посед негатива, најавувајќи потенцијално интересен финиш, уште еден по ред, со оглед на тоа што ова е серијата со најмала разлика во победите по четири одиграни натпревари во историјата на плејофот во ЕЛ.
Валенсија ја стегна одбраната, беше многу поенергична и подобра во скокот во нападот, а потоа се награди за сето тоа со тројки – преку Томпсон и Де Лареа, и веднаш повторно беше +16. Гостите од Атина не се опоравија од серијата на домашните.
Најзаслужен за оваа победа беше Бранко Бадио со 20 поени и пет скока, додека Брекстон Ки и Жан Монтеро постигнаа по 12 поени.
Кај ПАО, единствените со двоцифрен број поени беа Хејс-Дејвис со 15 и Осман со десет поени.
Foto/ EPA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Дивок Ориги замина во пензија
Поранешниот напаѓач на Ливерпул, Дивок Ориги, официјално стави крај на својата кариера.
Ориги припаѓа на оние важни, но не премногу експонирани играчи, кои имаа големо влијание врз тој клуб.
Белгискиот фудбалер со Ливерпул ги освои речиси сите титули: во Премиер лигата, Лигата на шампионите и ФА Купот…
Одигра 175 натпревари за „Црвените“, постигнувајќи 41 гол.
Играше и за тимови како Лил, Волфсбург, Милан и Нотингем Форест, додека за белгиската репрезентација одигра 32 натпревари.
Кога новинарите на „Скај Спортс“ го прашаа пред на кој гол најмногу ќе се сеќава кога ќе ја заврши кариерата, Ориги рече:
„Оној против Евертон на моето деби во 96-та минута, како и двата во полуфиналето на Лигата на шампионите против Барселона.“
Foto/ Depositphotos
Спорт
Тимбер ќе го пропушти Мундијалот
Јуриен Тимбер ќе го пропушти Светското првенство. Дефанзивецот на холандската репрезентација и на Арсенал не успеа соодветно да се опорави од повредата на препоните, па тренерот Роналд Куман одлучи наместо него да го повика Лутшарел Гертруида, дефанзивецот на Сандерленд.
Повредата на Тимбер е тежок удар за Холандија, со оглед на тоа што тој е нивниот втор највреден играч. „Трансфермаркт“, ја проценува вредноста на Тимбер на 70 милиони евра, десет помалку од играчот од средниот ред на Ливерпул, Рајан Гравенберч.
Тимбер не играше повеќе од два месеци, па се врати во финалето на Лигата на шампионите.
Препоните ги повреди кон средината на март и пропушти повеќе од два месеци. Тој се врати на теренот во финалето на Лигата на шампионите, каде што играше од 66-та минута во поразот на Арсенал од Пари Сен Жермен по изведувањето на пенали.
До повредата минатата сезона, Тимбер беше стандарден играч во првиот тим на Арсенал на позицијата десен бек. Тој одигра вкупно 44 натпревари со учинок од четири гола и седум асистенции. Тој беше со Холандија на Светското првенство во 2022 година, но ова е негово второ големо натпреварување по ред кое го пропушта поради повреда. Тој не учествуваше на Европското првенство пред две години бидејќи се опоравуваше од скинати предни вкрстени лигаменти.
Foto/ Depositphotos
Спорт
САД му забранија влез во земјата на најдобриот африкански судија
На судијата Омар Абдулкадир Артан, избран од ФИФА да го суди Светското првенство, му беше одбиен влезот во Соединетите Држави по пристигнувањето. Иако ја доби потребната виза по долг процес, неговото пристигнување во САД, за разлика од другите африкански службеници, не помина без проблеми.
Артан, кој неодамна беше прогласен за најдобар африкански судија за 2025 година, беше запрен на аеродромот и вратен во Турција без јасно објаснување.
Веста брзо одекна на социјалните мрежи, каде што беше потврдено дека причините за одбивањето на влезот не беа наведени.
„На врвниот африкански судија Омар Абдулкадир Артан му беше одбиен влезот во Соединетите Држави по пристигнувањето за Светското првенство во 2026 година. Тој беше вратен во Турција, без очигледна причина“, објавува „The Daily Somalia“ на платформата „X“.
Сомалија е меѓу земјите кои се соочуваат со ограничувања за влез во САД, при што на повеќето сомалиски граѓани им е забрането да добиваат одредени категории визи, со ограничени исклучоци за дипломати и случаи кои се сметаат за важни за националниот интерес на Соединетите Американски Држави.
Ова е уште една луда ситуација пред почетокот на Светското првенство во фудбал.
Познато е дека на многу фудбалери и луѓе од светот на фудбалот кои доаѓаат од политички проблематични земји им е забранет влез во САД, иако треба да учествуваат на Светското првенство, кое започнува на 11 јуни.
