Спорт
Вардар 1961 се огласи со соопштение: Одраз на немоќ е жалбата за лошото судење
Ракометарите на Вардар 1961, во саботата, го освоија Купот на Македонија. Во финалниот меч, кој се одигра во салата „Билјанини извори“ во Охрид, црвено-црните со 26:25 го победија вечниот ривал Еурофарм Пелистер.
Ден по натпреварот, Еурофарм Пелистер потврди дека поднеле жалба до РФМ за судењето на двојката Николовски-Металари. Жалбата е поднесена за обидот на Филип Талески, кој сметаат дека е направен во обид да се потроши времето, нешто што според правилата на ИХФ се казнува со седмерец.
По повод жалбата на Еурофарм Пелистер, ракометниот клуб Вардар 1961 денеска се огласи со соопштение, во кое се вели дека „жалбата за лошото судење е изговор за немоќ“.
Во продолжение е соопштението на РК Вардар 1961.
„Вардар освојувајќи го рекордниот 16. Куп трофеј во саботата уште еднаш покажа дека е ракометен и спортски бренд во Македонија. Овој нов пехар е само потврда дека со квалитетот што го поседува тимот, а составен од 90 отсто македонски играчи, може секого да победи, на било кој терен, без разлика колку некој друг се смета себе си за фаворит. И секако, кога има фер и непристрасно судење.
Би сакале да им се заблагодариме и на Охрид за гостопримството и за организацијата на оваа завршница од Купот и на нивните честитки за нашата победа, и на сите оние што ни честитаа на успехот.
Нашиот триумфот е уште позначаен зашто во финалето игравме без неколку повредени играчи, како Дејан Манасков, Велко Маркоски, Томислав Јагуриновски па и без доволно опоравениот Дарко Ѓукиќ. Игравме во Охрид, на неутрален терен, но нашиот противник во финалето имаше максимална подршка од трибините поради близината на Битола, па тие имаа и повеќе „ветер во грб“. А ние, стиснавме заби, одигравме машки, максимално мотивирани, добро ги анализиравме ривали,и уште еднаш сезонава докажавме дека сме најквалитетен тим во Македонија.
Бевме надмоќни, поквалитетни со водство во текот на целиот меч, и во полуфиналето и во финалето. Можевме и требаше на крајот да победиме и со поголема гол разлика. Ривалството што постои меѓу Вардар и другите екипи во Македонија секогаш е добредојдено и носи само квалитет во нашиот ракомет. Вардар секогаш поставува нови граници што секогаш се мотив за нашите ривали.
Сезонава двапати им честитавме на нашите ривали кои не победија во првенстото. Очекувавме и тие да го сторат истото кога Вардар ги победува. Жалбите за лошото судење се само изговор за немоќта што ја покажа во нашите меѓусебни натпревари. Сезонава Вардар многупати беше оштетуван, но ниту еднаш не се жалеше. Напротив вината за играта ја баравме во нашите редови и секогаш работевме на тоа да се подобриме. Не се навраќаме во минатото, ниту пак сакаме да го оттргнеме вниманието на нешто што се случило.
И секогаш кога сме имале фер судење сме докажале дека сме најдобри.А сигурно можеме да потенцираме многу ситуации кои биле решавачки за конечниот исход на натпреварите, па дури и во натпреварите биле од најголема важност за нас сезонава. Ама, сметаме дека така нема да ја унапредиме нашата игра. Затоа им честитаме на победниците, и правиме наша внатрешна анализа. Истото го очекуваме и од другите.
Како клуб ја подржуваме идејата на најдобрите да им судат најдобрите, без разлика дали некој ќе победи или ќе загуби. Тоа го изјавија и нашите ривали. Сепак тоа го оставаме на ракометните комисии, но и на клубовите кои треба јавно за истото да се изјаснат. Но, пред да почнат натпреварите, а не по завршување на истите. Сега сетоа ова личи да барање изговори. И секогаш кога нема да се постигнат посакуваните резултати.
Веруваме во спортското надигрување, надмудрување. Се што знаеме и умееме, сакаме, и го покажуваме на терен. Така ќе биде секогаш“.
Фото/rkvardar.com.mk
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Македонија од -18 до победа над Азербејџан
Кошаркарската репрезентација на Македонија го задржа максималниот ефект во претквалификациите за Европското првенство во 2029 година. Во Баку, Македонија го победи Азербејџан со 78:70.
Македонија одигра исклучително лоши 17 минути против лимитиранот, со квалитет, состав на Азербејџан.
Домаќините, ги користеа грешките на противникот, погодуваа од сите позиции и дојдоа до водство 43:25. Кога се вклучи алармот, македонските кошаркари почнаа да играат, пред се во одбраната и со серија 12:1, на полувреме имаа „само“ седум поени негатива (37:44).
Долго Македонија го кршеше отпорот на противникот, тоа се случи во последните две минути од третиот период, кога прв пат поветоа момците во црвено (58:56).
Од тој момент се беше полесно, Македонија стечената предност не ја испушти и ја забележа четврттата победа во групата во исто толку натпревар.
Јакомвски со 22 поени беше најефикасен, двоцифрен ефект, 11 поени имаше и Ѓуровски, по осум поени постигнаа Хап, Магдевски и Мекиќ, Американецот имаше и девет скока, а плејмејкерот на МЗЅ пет асистенции.
Најдобар играч на Азербејџан беше играчот на Тенерифе, Ван Бек со 23 поени.
foto/ mkd.basketball
Спорт
Интер сериозно заинтересиран за Костов
Интер е сериозно заинтересиран за Василије Костов, големиот талент на Црвена звезда.
Според италијанскиот новинар Матео Морето, кој работи со инсајдерот Фабрицио Романо, интересот на „Неразурите за Костов е исклучително голем.
Морено тврди дека Интер не само што го следи играчот, туку дека се започнати почетни разговори за да се утврдат временските рокови и трошоците.
Тој додава дека неколку клубови се заинтересирани за Костов, меѓу кои и некои од Шпанија.
Затоа, тимот од Ломбардија сака навреме да ја утврди својата позиција и да го доведе младиот играч од средниот ред пред нивните ривали во трката за неговиот потпис да им ги расипат плановите.
Јасно е дека Интер и претседателот Бепе Марота направија пресврт и од слободни, но и привремени засилувања, се свртуваат кон помлади играчи чиј потенцијал и целосната трансферна вредност, сè уште не е достигната.
Костов одигра 33 натпревари во црвено-белиот дрес во сите натпреварувања оваа сезона, постигна 12 гола и има шест асистенции.
„Трансфермаркет“ ја проценува неговата моментална вредност на 10 милиони евра, меѓутоа, потребната отштета ќе биде неколкукратно поголема.
Спорт
Дали Роналдо ќе биде подготвен за Светското првенство?
Легендарниот португалски ас Кристијано Роналдо, според британските медиуми, би можел да го пропушти Светското првенство во 2026 година по повредата здобиена за време на викендот.
Напаѓачот на Ал Наср се повреди на натпреварот од Саудиската професионална лига против Ал Фајха, кој неговиот тим го доби со 3:1. Роналдо го напушти теренот во 81-та минута, откако сигнализираше на клупата дека има проблем со мускулите.
Пред да го напушти теренот, португалскиот ветеран промаши пенал при резултат 0:0.
Тренерот на Ал Наср, Жорж Жезус, потврди по натпреварот дека Роналдо ќе биде подложен на итни медицински прегледи.
„Роналдо почувствува мускулен замор, а медицинскиот тим веднаш ќе ги изврши потребните тестови за да ја утврди неговата состојба“, рече Жезус.
Според весникот „Сан“, се зголемуваат стравувањата дека посериозна повреда би можела да го загрози настапот на Роналдо на Светското првенство во 2026 година, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.
Роналдо (41) сака да влезе во историјата и да стане првиот фудбалер што ќе игра на шест Светски првенства. Тој играл на секое Светско првенство од 2006 година и е во елитно друштво со пет настапи, меѓу кои се Лионел Меси, Лотар Матеус, Антонио Карбахал, Андрес Гвардадо и Рафаел Маркез.
Доколку се опорави на време, Португалија ќе го игра првиот натпревар на турнирот на 17 јуни против победникот од плејофот во кој учествуваат Нова Каледонија, Јамајка и ДР Конго. Во групната фаза ги очекуваат дуелите против Узбекистан и Колумбија.
Foto/ depositphotos

