Спорт
Вардар и Пелистер во борба за трофејот во Купот на Македонија
Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер вечерва во охродката сала „Билјанини извори“, ќе се брат за трофејот во Купот на Македонија. Двата тима во полуфиналето лесно се спарвија со Алкалоид односно Пролет.
Дуелот на двете најтрофејни екипи во Купот на Македонија, доаѓа по нецели двенедели и пресметката во Битола, која ја доби Еурофарм Пелистер и направи џиновски чекор кон освојувањето на титулата.
Пелистерци, преходно беа подобри од Вардар 1961 на стартот од сезоната, кога исто така во Охрид го освоија СУперкупот. Вардар 1961 победи во првиот првенствен дуел оваа сеозна.
Натпреварот ќе започне во 18:00 часот.
Фото/ rkeurofarmpelister.com
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Епски пресврт на ПСЖ против Сити, Феенорд го нокаутира Баерн
Епскиот пресврт на ПСЖ против Манчестер сити и победата на Феенорд над Баерн ги обележаа вечерашните натпревари од седмото коло во Лигата на шампионите.
„Паркот на принцовите“ во Париз не паменти пресврт каков што вечерва направија „светците“.ПСЖ за 30 минути постигна четири гола и од 0:2 дојде до 4:2.
Ако прво полувреме беше здодевно, второто беше спектакуларно.
Започна со голот на Грилиш во 50.минута, а кога три минути подоцна Халанд зголеми на 0:2, малкумина веруваа дека ПСЖ ќе моѓе да го избегне поразот.
Одговорот на „светците“ беше брутален. Три монути по голот на Халанд, Дембеле го намали резултатот, а во 60.минута Баркола изедначи на 2.2. Домашните се растрачаа, а гостите делуваа загубено на теренот.
Пресвртот го комплетираше Жоао Невеш во 78.минута, а точка на големата победа стави Гонзало Рамош во 96.минута.
Со овој триумф ПСЖ скокна на 22.место на табелата со 10 бода, колку што имаат и Бенфика, Спортинг и Штутгарт. Сити сега е надвор од плејоф зоната. Со осоум бода „граѓаните“ се 25. на табелата.
Во Ротердам Феенорд го нокаутираше Баерн со 3:0 Три контри и три гола, може да биде краткиот опис на она што се случуваше на теренот. Баерн цело време играше на противничката половина, но играчите на Феенорд знаеја како да го користат празниот постор.
Хименез ги постигна првите два гола, во 21. и во деветтата минута од судиското надополнување на времето од пенал. Апсолутен трагичар е Португалецот Гереиро, кој влезе на теренот кога се повреди Дејвис, а 60 секунди подоцна направи прекршок за пенал. Точка на големата победа на Феенорд стави Уеда во 89.минута.
Феенорд со 13 поени се наоѓа на 11. место, Баерн со бод помалку е 15. на табелата.
Резултати:
Лајпциг – Спортинг 1:0 (1:0)
/Шешко 19, Поулсен 78 – Џокереш 75/
Шахтјор – Брест 2:0 (2:0)
/Кевин 18, Судаков 37/
ПСЖ – Манчестер Сити 4:2 (0:0)
/Дембеле 56, Баркола 56, Невес 78, Рамос 90+3 – Гралиш 50, Халанд 53/
Милан – Џирона 1:0 (1:0)
/Леао 37/
Реал Мадрид – Салцбург 5:1 (2:0)
/Родриго 23, 34, Мбапе 48, Винисиус Жуниор 55, 77 – Бидструп 85/
Арсенал – Динамо 3:0 (1:0)
/Рајс 2, Хаверц 66, Одегард 90/
Селтик – Јанг Бојс 1:0 (0:0)
/Бенито 86 аг./
Спарта – Интер 0:1 (0:1)
/Мартинез 12/
Феенорд – Баерн 3:0 (2:0)
/Хименез 21, 45+9, Уеда 89/
Спорт
Норвешка со пресврт ја победи Шпанија, Исланд со триумф над Египет
Ракометарите на Норвешка и Исланд забележаа победи во последните натпревари од првото коло во главната фаза на 29. Светско првенство.
Норвешка со голем пресврт ја победи Шпанија 25:24 и ги освои првите бодови во групата. Нападот седум на шест во последните 20 минути и ја донесе победата на Норвешка. Шпанија во 41.минута имаше предност од пет гола (13:18). Норвешка полека ја топеше предноста на ривалот, со серијата 5:0 го реши прашањето околу победникот.
Проблем за Норвешка е повредата на Сагосен, се повреди во последната минута од натпреварот. Грендал беше најефикасен во победничкиот тим со седум гола, шест постигна во вториот дел. Шпанија ја предводеше Гарсијандија со шест гола.
На табелата во оваа група води Португалија со пет бода, по четири имаат Бразил и Шведска, Шпанија остана на три, Норвешка имадва, а Чиле е без освоен бод.
Во Групата 4, Исланд го доби дуелот на непоразените репрезентации. Исланшаните славеа над Египет со 27:24.
Скандинавците ја одиграа својата игра, но ги неутрализираа бековите на Египет. Постојано водеа и го приведоа рутинскиот натпревар до крај. Блескаше Кристијансон со девет гола, еден помалку за Египет постигна Зеин.
Исланд сега има шест бода на првото место во Групата 4, додека Египет, Хрватска и Словенија имаат по четири.
Спорт
Турбо ракомет во Осло, по бод за Португалија и Шведска
Шведска и Португалија ремизираа 37:37 во првото коло, во Групата 3, во втората фаза на 29. Светско првенство во ракомет.
Врвен натпевар одиграа селекциите кои целат на пласман во четвртфиналето. Во текот на сите 60 минути се водеше изедначена борба, ниту една репрезентација немаше предност поголема од два гола.
Бод на Португалија и донесе Соуса во финишот на мечот. Интересно тој гол беше единствен за Соуса на натпреварот. Шведска потоа не го искористи последниот напад.
Фраде односно Лагергрен со по седум гола ги предводеа своите репрезентации.
Групата 3 ја предводи Португалија со пет бода, Шведска и Бразил имаат по четири, Шпанија со натпревар помалку три, без бодови се Норвешка и Чиле.
Во вториот меч одигран во терминот од 18 часот, во рамките на Групата 4, Хрватска ги декласира Зеленортските острови со 44:24.