Спорт
Вардар со рутинска победа над Металопластика, утре го заверува четврт-финалето

Петкратниот шампион во регионалната СЕХА-лига, РК Вардар е практично во четврт-финалето на натпреварувањето уште по првиот меч со Металопластика, откако успеаја да стигнат до убедлива 39:31 (19:14) победа над српскиот клуб.
Утре на програмата е вториот меч, овојпат со Вардар како формален домаќин, за визирање на пласманот во четврт-финалето, каде што ги чека поголем предизвик со тимот на ППД Загреб.
Исходот на натпреварот не беше неизвесен во ниту еден момент, иако на почетокот, Металопластика имаше предност од четири гола (2:6), по што „црвено-црните“ беа доминантни до крајот на мечот.
Фото: Денис Дуковски / РК Вардар1961
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Конте заврши на операција

Тотенхем на неодреден период остана без менаџерот Антонио Конте. Италијанецот претпалднево бил хоспитализиран. Клубот објави дека лекарите препорачале операција на жолчката.
Тотенхем не објави колку време Конте ќе биде на боледување.
Тотенхем моментално е петти на табелата во Премиер лигата, во следното коло за четири дена ќе го пречека Манчестер сити. Се очекува Рајан Мејсон или Кристијан Стелини да го преземат тимот додека Конте биде отсутен.
Спорт
Стопанскиот суд во Мадрид пресуди во корист на Суперлигата

Суперлигата, идеја која постоеше само 48 часа, ја доби првата рунда во битката против УЕФА и ФИФА. Желбата, на Реал, Јувентус и Барселона, како најупорни да ја спроведат идејата наскоро би можела да стане реалност.
Стопанскиот суд во Мадрид ја прифати жалбата на „А22 Спортс“, наведувајќи дека Суперлигата има легитимитет и дека клубовите кои се дел од неа не можат да бидат санкционирани од УЕФА и ФИФА, пренесува „Тутомеркато“.
Затоа, можно е да се создаде независно и алтернативно натпреварување бидејќи „ФИФА и УЕФА не можат да ги оправдаат своите негативни ставови кон натпреварувањето како да се единствените чувари на одредени европски вредности, особено ако тоа води кон монопол што ја исклучува и инхибира иницијативата на конкуренцијата и претставува злоупотреба од субјекотот кој е во доминантна позиција“.
Пресудата на судот во Мадрид им наредува на ФИФА и УЕФА да се воздржат од преземање какви било мерки или дејствија и од издавање какви било изјави „кои директно или индиректно ја попречуваат подготовката или развојот на Суперлигата и исто така им забранува на фудбалските институции да објавуваат или да се закануваат со какви било дисциплински или казнени мерки, против клубовите, челниците и членовите на клубовите кои учествуваат во подготовките на Суперлигата“.
Инаку, официјалната веб-страница на Суперлигата се уште постои. Сè уште има список од 12 клубови (Милан, Арсенал, Атлетико, Барселона, Интер, Манчестер Сити, Челзи, Јувентус, Ливерпул, Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, Тотенхем), како и разработен систем на натпреварување…
Спорт
Челси ќе може да регистрира само тројца од новите за ЛШ

Челзи го сруши рекордот по трансфери во една сезона. Лондонскиот клуб минатото лето и во јануарскиот преоден рок потроши дури 597 милиони евра.
Само во јануари Челзи потроши 329,5 милиони евра, што е дури 43 отсто од вкупната трансфер вредност на Премиер лигата, најсилната фудбалска лига во светот. Челзи донесе седум играчи, но се најде во проблем бидејќи само тројца од тие седум ќе можат да играат во Лигата на шампионите.
Челзи го донесе Енцо Фернандез за 121 милион евра, што е рекорд во Премиер лигата. Пред него пристигнаа Михајло Мудрик (Шахтјор, 70 милиони), Беноа Бадијашил (Монако, 38 милиони), Нони Мадуке (ПСВ, 35 милиони), Андреј Сантос (Васко де Гама, 12,5 милиони), Давид Датро Фофана (Молде, 12 милиони) и Жоао Феликс од Атлетико Мадрид на позајмица за 11 милиони евра.
Бидејќи Феликс веднаш влезе во првиот тим, се очекува да биде пријавен за Лигата на шампионите. Заедно со него тренерот Греам Потер најверојатно ќе ги одбере Фернандез и Мудрик.
Тоа значи дека Бадијашил, Мадуке, Сантос и Датро, играчи платени 97,5 милиони евра, натпреварите од Лигата на шампионите ќе ги следат од трибините.
Во осминафиналето на Лигата на шампионите, Челзи игра против Борусија Дортмунд. Првиот натпревар во Германија е на 15. февруари, а реваншот на 7. март во Лондон.