Спорт
Вардар со убедлива победа над Пелистер!

Во бурното дерби во СЦ „Јане Сандански“, кое беше одбележано со прекин поради проблемите со навивачите на двата клуба, Вардар стигна до убедлива 31:24 (13:10) победа над Еурофарм Пелистер, зацврстувајќи се на првото место на табелата.
Во првото полувреме, видовме израмнет ракомет, во кој гостите имаа 2:3 предност, но потоа по мини-серијата на „црвено-црните“ во финишот на полувремето се стигна до 13:10 предност пред паузата.
Во второто полувреме, предводени од одличниот Томовски на голот, Вардар стигна до предност од 18:11, разлика од која потоа не се вратија и не дозволија изненадување.
Филип Талески и Дејан Манасков постигнаа по 7 гола за Вардар, додека Жарко Пешевски беше најефикасен за гостите со пет постигнати гола.
Фото: ФК Еурофарм Пелистер
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ромеро играч на сезоната во Лига Европа

Фудбалерот на Тотенхем, Кристијан Ромеро, е прогласен за најдобар играч во Лига Европа оваа сезона, објавено е на веб-страницата на натпреварувањето.
Ромеро одигра седум натпревари во Лига Европа оваа сезона, запиша една асистенција и имаше 91 процент точни додавања.
„Тој беше најдобриот играч во финалето против Манчестер јунајтед, доминантен од почеток до крај. Ромеро играше исклучително добро во нокаут фазата од натпреварувањето“, се вели на веб-страницата на Лига Европа.
Тотенхем, во средата ја освои титулата во Лига Европа. Во финалето во Билбао, со голот на Бренан Џонсон во 42.минута го победи Манчестер јунајтед. Ова е прв трофеј за Тотенхем по пауза од 18 години и прв европски трофеј по пауза од 41 година.
Во текот на сезоната, аргентинскиот фудбалер не играше три месеци поради повреда. Ромеро не пропушти ниту една минута од натпреварите во четвртфиналето, полуфиналето и финалето.
Пред капитенот на Тотенхем, наградата за играч на сезоната во Лига Европа ја освоија Пјер-Емерик Обамејанг (2023/24), Хесус Навас (2022/23), Филип Костиќ (2021/22), Жерар Морено (2020/21), Ромелу Лукаку (2019/20) Еден Азар (2018/19) и Антоан Гризнам (2017/18).
Спорт
(Видео) Оклахома (повторно) ја декласира Минесота

Оклахома го одбрани домашниот терен од Минесота, во првите два натпревари од финалната серија на Западот. Тандер, вториот меч го добија со 118:103.
Освен три пати, домашната екипа цело време имаше предност. Минесота последен пат водеше со 37:36 на почетокот од втората четвртина, а остатокот од натпреварот го помина во апсолутна контрола над Оклахома.
Домашните имаа „само“ осум поени предност (58:50) на полувремето, но потоа го засилија ритамот во вториот дел, па на крајот од третата четвртина го решија прашањето околу конечниот победник. Оклахома стекна голема предност од 22 поени (93:71).
МВП на НБА, Шеј Гилџис-Александер, блескаше со 38 поени, три скока и осум асистенции. Кај победниците се истакнаа и Вилијамс со 26 поени и десет скока, Холмгрен постигна 22 поени.
Кај Минесота подобри од другите беа Едвардс со 32, МекДениелс со 22, Александар-Вокер со 17 и Рид со десет поени.
Третиот натпревар од серијата ќе се игра во Минесота, во ноќта помеѓу сабота и недела.
Спорт
Европската шампионка Даниела Алексовска влегува во кафезот за својата прва полупрофесионална борба

Нашата европска шампионка, Даниела Алексовска, на 4 јули ќе влезе во кафезот за својата прва полупрофесионална борба на престижниот настан ARMMADA 13 во Бачка Паланка, Србија. Таа ќе се натпреварува во категоријата до 52.2 кг против Ева Круз (Éabha Cruise) од Ирска.
Оваа борба ја означува првата појава на Даниела во кафезот по освојувањето на златниот медал на Европското првенство, и со овој настап, Даниела станува првата Македонка која стигнала до ова ниво во ММА Спортот во женската конкуренција.
„Посветеноста на мојот тим “Д Стронгест” и поддршката од луѓето во Македонија ми даваат силна мотивација. Подготвена сум повторно да го бранам Mакедонското знаме“, изјави Алексовска.