Спорт
Вертонген се збогуваше со Тотенхем

Јан Вертонген по осум години замина од Тотенхем. Белгиецот со емотивна порака се прости од клубот во кој стекна целосна афирмација. Вертонген Тотенхем го напушта како слободен играч.
„Му дојде крајот на мојот престој во Тотенхем. Од многу причини ова е тажен ден. Ќе ми недостигаат пријателите кои ги запознав тука, луѓето од клубот, играњето на неверојатниот стадион и секако навивачите. Им благодарам на сите за поддршката што ми ја даваа низ годините. Имаме многу неверојатни спомени, но сега е време да се збогуваме“, порачал Вертонген.
Репрезентативецот на Белгија во Тотенхем дојде во 2012 година од Ајакс. За клубот од северен Лондон одиграл 315 натпревари.
So my time at the club comes to an end. A sad day for many reasons. I will miss the friends I’ve made here, the staff that make the club run, playing at the amazing new stadium & of course you fans. pic.twitter.com/qyEOlNmgFx
— Jan Vertonghen (@JanVertonghen) July 27, 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Шок за Њујорк Никс, Брогдон замина во пензија

Американскиот кошаркар Малколм Брогдон ненадејно одлучи да ја заврши кариерата.
Плејмејкерот кој во минатото доби наградата „дебитант на годината“ и „шести играч на годината“ се пензионираше од кошарката помалку од една недела пред почетокот на сезоната 2025/26.
Медиумите повикувајќи се на извори од франшизата, Брогдон бил физички и психички исцрпен и истрошен во текот на својата деветгодишна кариера, и затоа решил да се пензионира.
Брогдон е поранешен студент на Универзитетот во Вирџинија и се шпекулира уште од неговите студентски денови (бил на колеџ пет години) дека еден ден ќе стане политичар.
Прекарот „Претседателот“ го доби откако магистрираше комуникации и односи со јавноста.
Во НБА, тој играше за Милвоки Бакс, Индијана Пејсерс, Бостон Селтикс, Портланд Блејзерс и Њујорк Никс, за кои играше само натпревари во предсезоната и се пензионираше пред почетокот на сезоната.
Брогдон има 32 години (роден на 11 декември 1992 година) и за време на неговата девет годишна НБА кариера, постигна 7.077 поени со 1.917 скока и 2.156 асистенции.
Неговиот дрес со број 15 беше повлечен од употреба на Универзитетот во Вирџинија.
Спорт
Ибрахимовиќ ги избра тројцата најдобри фудбалери на сите времиња

Златан Ибрахимовиќ (44), голема ѕвезда на светскиот фудбал, по завршувањето на кариерата остана во Милан да работи како советник. Познат по своите ставови и изјави, во последното појавување изненади многумина со изборот на најголемите фудбалери на сите времиња, особено поради третата позиција на која го смести Лионел Меси и целосното изоставување на Кристијано Роналдо, пишува „GiveMeSport“.
Иако Меси и Роналдо генерално се сметаат за дел од четворицата најголеми во историјата, заедно со Пеле и Диего Марадона, Ибрахимовиќ одлучи дека двајца од овој квартет не заслужуваат место на самиот врв.
3. Лионел Меси
И покрај тоа што е најтрофеен играч во историјата на фудбалот, со дури 46 големи трофеи, Лионел Меси мораше да се задоволи со третото место на листата на Ибрахимовиќ. Иако играа заедно кратко во Барселона, Швеѓанецот не е убеден дека Аргентинецот е најголемиот на сите времиња.
„За третата позиција, ќе кажам Меси. Не сум сигурен дали му останува да освои уште нешто во кариерата“, рече Ибрахимовиќ.
2. Диего Марадона
Вечната дебата за тоа кој бил подобар, Пеле или Диего Марадона. Двајцата обележаа еден период во историјата на фудбалот. Ибрахимовиќ го даде својот одговор ставајќи го Марадона на второто место, додека најголемиот бразилски играч на сите времиња беше целосно изоставен од листата.
„Втората позиција ќе му ја дадам на Марадона. За мене, тој беше вистинскиот. Сè правеше со срце, со емоции“, рече 44-годишникот.
1. Роналдо Назарио
На самиот врв, како најголем фудбалер на сите времиња, за Ибрахимовиќ е Роналдо Назарио. Поранешниот шведски репрезентативец никогаш не криел дека бразилскиот феномен му бил идол, што го потврди со зборовите.
„Според мене, Роналдо, феноменот, Бразилецот, тој е фудбалот. Кога гледате одредени играчи, следниот ден се обидувате да ги имитирате.“
Тој го повтори истото во едно интервју во 2021 година.
„Секогаш им велам на сите што играат со мене: Роналдо е фудбалот. Начинот на кој се движеше, начинот на кој дриблаше. Според мене, тој е најдобриот играч во историјата, без сомнение.“
Спорт
Сколс: Нема логика во одлуката Шешко да дојде на местото на Хојлунд

Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед, Пол Скоус, рече дека клубот треба да има повеќе играчи кои се натпреваруваат за истата позиција на теренот.
„Расмус Хајлунд е 22-годишно дете, дојде кога имаше 20 години. Тој беше единствениот централен напаѓач на Манчестер Јунајтед и сè беше врз него, не можеше да се справи со притисокот. Клубот требаше да има тројца или четворица централни напаѓачи“, рече Пол Сколс.
Хејлуд се пресели во Наполи ова лето, каде што одигра одлични натпревари, а Јунајтед го доведе Бенјамин Шешко. Сколс го критикува клубот за овој потег.
„И што направија ова лето? Го пуштија и купија друг, многу сличен, всушност потполно ист напаѓач. Има 22 години. Почна добро, станува сè подобар и подобар. Но, каде е здравиот разум?“, праша Скоулс.
И навистина нема човек кој ги следи настаните околу Јунајтед во последните години без да се прашува што прави спортскиот сектор на клубот од „Олд Трафорд“.