Контакт

Спорт

Видал се пожали: Тажен сум!

Објавено пред

Играчот од средниот ред на Барселона, чилеанскиот фудбалер, Артуро Видал (32), им се пожали на медиумите во татковината за статусот што го има на „Камп ноу“.

„Тажен сум што не сум во првите 11. Не е убаво чувството да не играш, а да си потполно физички и психички подготвен. За сè одлучува тренерот, а јас се надевам дека на наредните натпревари ќе играм уште повеќе. Ќе продолжам да работам жестоко за да докажам дека заслужувам да бидам во стартната постава“, вели Видал.

Тој минатата година дојде во Барса за 18 милиони евра. На клупата се пресели заедно со хрватскиот фудбалер Иван Ракитиќ, а трите позиции во средниот ред моментно се резервирани за Артус, Серхио Бускетс и Френки де Јонг.

Сезонава Видал одигра само 209 минути за разлика од минатата кога на зелениот терен помина околу 3.000 минути настапувајќи на 53 меча за каталонскиот клуб.

Договорот на Чилеанецот со Барса му е до 2021 година.

Спорт

„Мораме да се засилиме за да го предизвикаме Манчестер сити“

Објавено пред

Лестер вчера го победи Манчестер јунајтед, со што дригиот тим од Манчестер, Сити, официјално ја освои шампионската титула. Менаџерот на Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, честитајќи им ја титулата на соседите, порачал дека неговиот тим треба да се засили во преодниот рок доколку наредната сезона сака да биде рамо до рамо со Сити.

„Заслужено се шампиони, им честитам. Засулужија да бидат на местото на кое се сега, тие се еден од најдобрите тимови во историјата на Премиер лигата“, рекол Норвежанецот и дополнил.

„Ние сакаме да бидеме на местото на кое сега е Манчестер сити. Тие поставија високи стандарди, сега ние треба да го преземеме следниот чекор. Тоа е долг процес. Второто место не е нашата цел. Нема да се задоволиме со таа позиција. Се надевам дека можеме да бидеме подобри наредната сезона. Но, доколку сакаме да го предизвикаме Сити, ќе мора да го засилиме нашиот тим“.

Прикажи повеќе...

Спорт

Драматична победа на Лејкерси

Објавено пред

ЛА Лејекрси до крајот на регуларниот дел од сезоната ќе водат голема борба со Портланд и Далас, за да избегнат дополнителни натпревари во плеј-ин. Лејкерси, по голема борба, изминатата ноќ славеа победа над Њујорк Никс 101:99. Во исто време Далас се поразени во Мемфис 133:104, а Денвер Нагетс, обезбедија предност на домашниот терен во првото коло, со триумфот во Шарлот 117:112.

Лејкерси успеаја да го преживеат налетот на Никс и нивниот поранешен играч Џулиус Рендл. Во продолжението, Лејкерси славеа поебда 101:99. Рендел на Лејкерси им испорача 31 поен, 27 постигна поранешниот МВП, Дерик Роуз.

Лејкерси ги предводеа Кајл Кузма со 23, Ентони Дејвос со 20 и Андре Драмонд со 16 поени и 18 скокови.



Далас им го препуштија петтото место на Западот на Портланд. Маверикс доживеаја пораз во Мемфис 133:104. Лука Дончиќ, по мечот изјавил дека дуелот со Мемфис е еден од најлошите во неговата кариера.

Словенецот постигна 12 поени, погоди само четири од 16 топки. На спротиваната страна се истакна Џа Морент со 24 поени.

Денвер ја обезбедија четвртата позиција пред почетокот на плеј0офот, а до крајот ќе се обидат да ги стигнат ЛА Клиперс, кои на третото место имаат победа повеќе.

Никола Јокиќ, на овој натпревар, шутираше најмногу слободни фрлања во кариерата. Србинот погоди 16 од 17 слободни, мечот го заврши со 30 поени, 12 скокови и шест асистенции. Ист број на поени постигна и Мајкл Портер јуниор.

Резултати:
Торонто=ЛА Клиперс 96:115
Бостон-Мајами 121:129
Индијана-Филалдлефија 103:94
Чикаго-Бруклин 107:115
Милвоки-Орландо 114:102
Сакраменто-Оклахома 122:106
Голден стејт-Финикс 122:116

Прикажи повеќе...

Спорт

Куман: Необјасниво

Објавено пред

Тренерот на Барселона, Роналд Куман, нема објаснување за киксот му се слули на неговиот тим, синоќа, во Валенсија. Барселона, имаше предност од 2:0, на гостувањето кај Леванте, но на крајот освои само еден бод (3:3).

„Тешко е да се објасни ова. Во првиот дел бевме добри, во второто немавме интензитет. Многу изгубивме. На 2:2 имавме добра реакција, но лошо се браневме“, рекол Куман и дополнил.

„Не е нормално да примиме три гола за 45 минути. Нее е нормално за тим каков што е Барселона“.

Браселона до крајот на сезоната ќе игра против Селта и Еибар.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија56 минути

Македонскиот војник заразен со Ковид-19 во Африка, со посебни протоколи пренесен на Инфективната клиника

Рано утрово во земјава пристигна 55-годишниот македонски потполковник позитивен на Ковид-19 и суспектен на јужноафриканскиот сој, објави на социјалните мрежи...

Европа1 час

Германски виролог: Оние што нема да се вакцинираат неминовно ќе се заразат

Германскиот виролог Кристијан Дрoстен очекува дека населението во Германија ќе добие имунитет против коронавирусот за една и пол година. Тоа,...

Европа1 час

Тензиите од Блискиот Исток се префрлија во Германија, инциденти пред синагоги, запалени знамиња

Тензиите од Блискиот Исток се прелеаја во Германија, каде што се случија инциденти пред две синагоги. Во Бон синоќа неколку...

Свет2 часа

СЗО: Индискиот сој на коронавирус откриен во 44 земји

Светската здравствена организација (СЗО) откри дека индискиот сој на коронавирусот што предизвика нагло зголемување на бројот на заболени во Индија...

Свет3 часа

(Видео) Ескалираат судирите меѓу Израел и Хамас, најмалку 40 убиени меѓу нив и деца

Ескалира конфликтот меѓу Израел и Хамас. Од Тел Авив се слушаа сирени од раните утрински часови. Одекнаа и неколку експлозии....

Македонија14 часа

Во петок во Македонија ќе пристигнат 38.400 вакцини од „Астразенека“

Овој петок во Македонија ќе пристигнат 38.400 вакцини од „Астразенека“, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче. „Добивме уште една добра...

Македонија18 часа

Во Македонија 171 нов случај на коронавирус, починаа 26 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 171 нов случај на коронавирус, 26 лица починаа, а 409 оздравеа, соопшти...

Македонија18 часа

Државата треба да ѝ врати над 1,7 милион евра на Европската комисија, пари што ги проневерил ексфунционер од МИОА

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал поднесе обвинение против поранешниот секретар во Министерството за информатичко општество и администрација и...

Македонија20 часа

Од четврток забраната за движење ќе трае само по четири часа

Владата на денешната 69-та седница донесе одлука полицискиот час, од 13 мај, да почнува на полноќ, наместо од 23 часот...

Македонија20 часа

(Видео) Заев: Европските лидери добро ја разбираат нашата порака – идентитетот не е за преговори

Премиерот Зоран Заев денеска ги сумира резултатите од средбите кои во изминатите два дена нашата владина делегацијата ги оствари со...

Македонија21 час

Во првата недела од мај 37 отсто е намален бројот на новозаразени и починати од Ковид-19

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), во текот на минатата недела (од 3 до 9 мај) тестирани...

Македонија21 час

Доцна вечерва пристигнува офицерот на АРМ, кој со корона се заразил во Африка

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, ја потврди информацијата дека припадник на АРМ е заразен од коронавирус во Централноафриканската Република. Потполковник...

Свет23 часа

Еден од напаѓачите го најавил масакрот во руското училиште носејќи маска со натпис „бог“

Најмалку 11 лица се убиени во вооружениот напад во средно училиште во рускиот град Казањ. Напаѓачите, според информациите објавени од...

Македонија1 ден

Министерството за здравство: Вчера се аплицирани 14.033 дози вакцини

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови во државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица...

Регион1 ден

Во Србија пораст на бројот на вакцинирани по ветувањето на Вучиќ од 25 евра

Корона-бројките во Србија продолжуваат да паѓаат и покажуваат помалку од 1.000 заразени втор ден по ред, а белградските медиуми тврдат...

Македонија1 ден

Владата денеска ќе одлучува за новите рестриктивни мерки

Владата денеска ќе ја одржи редовната 69-та седница со повеќе точки на дневниот ред, информираат владините служби. На седницата, која...

Свет1 ден

СЗО: Сите треба да бидеме загрижени поради индискиот сој на коронавирус

Светската здравствена организација (СЗО) го класифицира индискиот сој на коронавирусот, исто така познат како двоен мутант, како можност од нова...

Свет1 ден

(Видео) Најмалку 20 загинати, меѓу нив 9 деца во синоќешните израелски напади

Палестинците рано утрово лансираа десетици ракети од Газа, а Израел возврати со нови воздушни напади. Израелската армија објави дека во...

Регион2 дена

Швајцарски весник со истражување: Зошто Балканот е легло на антиваксери?

Весникот Ноје Цирхер Цајтунг (НЗЗ), на почетокот на анализата од дописникот на Југоисточна Европа, Волкер Пабст, истакнува дека до неодамна,...

Македонија2 дена

Филипче: Значајно се испразнети болниците, хируршките одделенија се вратени во функција

Eпидемиолошката крива е во опаѓање и бројот на хоспитализирани пациенти во континуитет се намалува во изминатите денови, изјави министерот за...

Досие