Спорт
(Видео) Аргентина без Меси ја победи Костарика
Аргентина, актуелниот светски шампион, славеше во пријателскиот натпревар против Костарика со 3:1, иако на полувремето губеше со 1:0.
Без капитенот Лионел Меси, на стадионот „Колосеум“ во Лос Анџелес, Угалде го постигна единствениот гол во првото полувреме. Играчот на Костарика погоди во 34.минута.
Во второто полувреме блиц-криг на Аргентина, Анхел Ди Марија изедначи во 52. минута, а четири минути подоцна Алексис Мекалистер и донесе предност на Аргентина.
Точка на триумфот стави Лаутаро Мартинез во 77. минута, само шест минути откако влезе на теренот на местото на Гарначо.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Манчестер Јунајтед подготвува мега понуда за Валверде
Манчестер Јунајтед подготвува една од најамбициозните операции во наредниот летен преоден рок. Целта на клубот е Федерико Валверде, вицекапитен и еден од клучните играчи на Реал Мадрид.
Според последните извештаи, раководството на „Олд Трафорд“ е подготвено да понуди над 100 милиони фунти за да го убеди Реал да го пушти Уругваецот.
Иако англиските медиуми претходно пишуваа за понуда од околу 87 милиони фунти, Јунајтед е свесен дека Реал го цени својот универзален играч за врска значително повеќе.
„Црвените ѓаволи“ затоа подготвуваат пакет кој би надминал деветцифрена бројка – што би го направило Валверде еден од најскапите играчи за врска во историјата на клубот.
Според „Goal.com“, Валверде – и покрај неговиот статус на клупска икона – би можел да биде отворен за нови размислувања поради наводното заладување на односите со тренерот Чаби Алонсо. Сепак, „кралевите“ бараат дури 130 милиони и прашањето е дали Јунајтед може и сака да ја плати таа сума.
Валверде освои сè во Мадрид – неколку титули во Ла Лига, две Лиги на шампиони, а во финалето во 2022 година постигна клучна асистенција за трофејот. Неодамна стана Уругваецот со најмногу настапи во дресот на „кралскиот клуб“ и беше промовиран во вицекапитен.
Управата на Јунајтед, предводена од Рубен Аморим, го гледа 26-годишниот Уругваец како идеален лидер во планираната реконструкцијата на средниот ред.
Португалскиот тренер го гледа Валверде како играч кој веднаш би донел енергија, дисциплина и сигурност во двата правци.
Спорт
(Видео) Џирона го запре Реал, Барселона се врати на првото место
Реал Мадрид ја продолжи серија без победа во Примера. Во 14-то коло, во Џирона, Реал одигра 1:1 против истоименоот домаќин. Реал во последните три натпревари, три пати ремизираше, поради што и ја препушти лидерската позиција на Барселона. „Кралскиот клуб“ има бод помалку од Каталонците, зад него Виљареал има еден, а Атлетико Мадрид два бода помалку.
Реал Мадрид нема победа во Примера од 1 ноември, кога ја совлада Валенсија со 4:0. Следуваа нерешените резултати со Рајо Ваљекано (0:0) и Елче (2:2) и вечерва со Џирона (1:1).
Килијан Мбапе постигна гол во 40-та минута, но беше поништен поради играње со рака. Џирона брутално одговори пет минути подцна кога од работ на шеснаесетникот, Азедин Унахи го совлада Тибо Куртоа.
Џирона можеше да го дуплира водството во 57-та минута, но Владислав Ванат беше сопрен од белгискиот голман.
Судијата Рикардо де Бургос набрзо досуди пенал за гостите, а стрелец во 67-та минута беше Килијан Мбапе.
Гостите тргнаа со сите сили кон голот на Џирона, се обидоа, но залудно.
Жоел Рока на маки гостави Куртоа во 84-та минута, а Мбапе ја имаше последната шанса на спротивната страна, неговиот удар заврши малку покрај стативата на Паоло Газанига.
Во следната рунда, Реал ќе гостува во Билбао, додека Џирона, која е 18-та со 12 бода, ќе се соочи со Елче.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Нерез го реши Дербито на сонцето
Фудбалерите на Наполи славеа на „Олимпико“ против Рома (1:0), во Дербито на сонцето.
Актуелниот шампион триумфираше во главниот град на Италија, благодарение на голот на Давид Нерес во 36-та минута.
Бразилецот инцираше феноменална контра на Наполитанците, а откако размени додавање со Хојлунд, излезе сам пред Свилар и погоди за 0:1.
Рома се закани преку Лоренцо Пелегрини во 77-та минута, но топката заврши над голот.
Вања Милинковиќ-Савиќ спаси три бода за Наполи, бидејќи спречи незгоден удар на Томасо Балданци во 90-та минута.
Наполи го престигна својот ривал и се израмни на табелата со Милан, двата тима имаат 28 бода.
Рома е подолу со 27 бода, исто колку и третопласираниот Интер, а во следното коло ќе биде домаќин на Каљари. Наполи во наредната рунда ќе игра уште едно дерби, против Јувентус на домашен терен.
Foto/ EPA

