Спорт
(Видео) Астон Вила го декласира Брајтон, хет-трик на Воткинс

Астон Вила го декласира Брајтон со 6:1, впо првиот натпревар од 7.коло во Премиер лигата. Двата тима сега имаат по пет победи и два порази. Играч на натпреварот беше Оли Воткинс со хет-трик.
Унаи Емери му одржа час по фудбал на колегата Роберто Де Зерби. Архитект на победата беше повремениот англиски репрезентативец Оли Воткинс.
Вила натпреварот го реши за само 12 минути, во периодот од 14. до 26. минута, кога постигна дури три гола. Вторкинс постигна два гола, а авто-гол си постигна Еступињан.
Во вториот дел Ансу Фати го деби голот во дресот на Брајтон. Вила возврати со головите на Воткинс, Рамзи и Даглас Луис.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Јокиќ емотивно ја прослави победата на својот коњ

Во Суботица се одржа познатата трка Дужијаница, едно од најпрестижните натпреварувања на српската коњичка сцена, а победата ја однесе Демон Дел’Ест, коњ во сопственост на кошаркарот на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ.
Иако Јокиќ е познат на теренот како ладнокрвен и резервиран играч, неговата емоционална страна доаѓа до израз кога станува збор за коњите.
Откако неговиот коњ прв ја помина целта, Јокиќ заплака од среќа и лично им честиташе на џокејот Кармине Пискуољи и на тренерот Владимир Прибиќ. Тој гордо излезе на патеката за да ја прослави големата победа заедно со нив.
„Го кажав тоа одамна, ги доживеав сите мои големи победи и порази тука, во овој спорт. Сите луѓе овде со кои заедно го правиме ова се мои пријатели, мои семејни пријатели, сите тие го доживуваат ова исто како и јас. Го правиме ова како хоби, ова е прилика да се дружиме, да се забавуваме и да уживаме во животот“, рече Јокиќ.
🃏 Nikola Jokić u suzama nakon pobede na čuvenoj Dužijanci u Subotici! pic.twitter.com/2gOWM9YZj8
— Arena Sport TV (@arenasport_tv) July 27, 2025
Спорт
Погачар го освои Тур д’Франс по четврти пат

Словенецот Тадеј Погачар е победник на 112-то издание на најпрестижната велосипедска трка во светот, Тут Д’Франс. Словенецот четврти пат во кариера победи на трката околу Франција.
Победник на последната етапа од овогодинешната Тур Д’Франс е Ваут ван Ерт, кој го престигна Погачар на третата раскрсница од последната етапа и беше првиот што помина низ Триумфалната капија во Париз.
Второто место му припадна на Италијанецот Давиде Балерини, додека Словенецот Матеј Мохориќ ја заврши етапата на третото место.
Победникот, Тадеј Погачар, го освои четвртото место во последната етапа. Претходно Погачар победи на тур Д4Франс во 2020, 2021 и 2024 година.
Поради исклучително лошите временски услови, организаторите мораа да ја скратат и последната етапа, но исходот од последната етапа не можеше да влијае на конечниот исход.
Погачар стана втор возач со четири победи на Тур Д ‘Франс, заедно со Крис Фрум. Жак Анкетил, Еди Меркс, Бернард Хино и Мигел Индуреин победиле пет пати.
💛 Si alguien tenía que robarle la foto para la eternidad a Pogacar de ganar en París vestido de amarillo tenía que ser él.
Qué salvajada de Wout van Aert. En último paso por Montmartre dejó sin respuesta a Tadej.
El ciclismo sonríe por verle a ese nivel pic.twitter.com/SOMYiZPj7x
— Alberto Marcos Gallego (@albermg) July 27, 2025
Спорт
Англичанките ја одбранија европската титула

Женската фудбалска репрезентација на Англија е шампион на Европа. Во големото финале на Европското првенство во Базел, Англија ја победи Шпанија. По 90 минути резултатот беше 1:1. И по 120 минути резултатот беше ист, 1:1, на крајот Англија победи со 3:1 на пенали.
Шпанките ја пропуштија можноста да ја комплетираат „триплетa“, бидејќи ги имаат титулите од Светското првенство и Лигата на нации, додека Англија ѝ се одмазди на Шпанија за поразот во финалето на Светското првенство во Сиднеј од пред две години.
Апсолутен херој на Англија е младата голманка Хана Хемптон, која во одбрани три пенали.
Во историјата влезе и селкторката Сарина Вигман, која е третата во историјата со три последовни титули на Европските првенства. Пред неа, тоа го постигнаа Џеро Бизанц (1989, 1991 и 1995) и Тина Тун (1997, 2001 и 2005) – обете со Германија. Вигман беше европски шампион со Холандија, а сега двапати со Англија.
Фото/ Принскрин