Спорт
(Видео) Баерн и Интер си ги чекираа билетите за четртфиналето

Баерн Минхен и Интер, вечерва го потврдија своето учество во четвртфиналето, во Лигата на шампионите. Баерн и во вториот меч го совлада актуелниот германски првак Баер, овојпат во Леверкузен, а Интер лесно излезе на крај и во реваншот против Феенорд.
Баварците во првиот натпревар во Минхен остварија убедлива победа (3:0) и практично се обезбедија место меѓу најдобрите осум, кое само го потврдија во Леверкузен со победата 2:0.
Хари Кејн имаше своја ноќ. Во 52. минута ја искористи асистенцијата на Џошуа Кимих и го доведе Баерн во предност, а во 71. минута му асистираше на Алфонс Дејвис.
Баерн во четвртфиналето ќе игра со Интер, кој рутински го оодигра реваншот против Феенорд.
Натпреварот на „Џузепе Меаца“ заврши со резултат 2:1 (1:1).
Нероаѕурите го добија првиот меч во Ротердам со 2:0 и брзо поведоа во реваншот со голот на Маркус Турам, веќе во осмата минута.
Холанѓаните не се предадоа и успеаја да израмнат на крајот од првото полувреме со голот од пенал на Јакуб Модер. На пеналот му претходеше прекршок врз поранешниот играч на Брајтон и полски репрезентативец.
Во вториот дел пенал доби и Интер, реализатор беше Хакан Чалханоглу.
Првите натпревари од четвртфиналето се закажани за 8 и 9 април, а реваншите на 15 и 16 април.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Навивачите на Интер протестираа поради цените на билетите

Навивачите на Интер протестираа поради скапите билети пред и за време на реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Феенорд.
Натпреварот на „Џузепе Меаца“, започна во необична атмосфера, бидејќи домашните навивачи молчеа, што го искористија симпатизерите на холандскиот тим кои гласно ги пееја нивните песни, претворајќи го гостинскиот во домашен терен.
Протестот започна пред натпреварот, кога навивачите истакнаа парола пред стадионот, критикувајќи ја управата за цената на билетите, објавија италијанските медиуми.
„Фудбалот им припаѓа на навивачите, вообичаена лага. Шеесет и пет евра го овековечуваат вашиот срам“, гласеше слоганот.
Навивачите на Интер направија врева по воведниот гол на Маркус Турам во осмата минута, но не навиваа се до 20. минута, кога го прекинаа протестот.
Canta tutto lo stadio tranne la curva in sciopero per il prezzo dei biglietti #InterFeyenoord pic.twitter.com/rZStyL8ecH
— Tancredi Palmeri (@tancredipalmeri) March 11, 2025
Спорт
Ако не ја победи Фиорентина Мота ќе добие отказ

„Победи ја Фиорентина или ќе добие отказ. Во таква атмосфера Тиаго Мота го подготвува Јувентус за неделниот дуел против Фиорентина на стадионот „Артемио Франки“.
Раководството на „Старата дама“ го загуби трпението со поранешниот тренер на Болоња и реши да направи драстична промена доколку не го добие натпревар во недела, бидејќи тимот ќе го загуби четвртото место.
Елиминацијата од ПСВ Ајндховен во Лигата на шампионите на УЕФА, но особено дебаклот во Торино против Аталанта (0:4), се аспектите кои ја принудија управата да му постави ултиматум на Мота.
Фиорентина сезонава против Јувентус и да го напушти Торино без пораз (2:2). Меѓутоа, работите не одат најдобро и кај Фиорентина, бидејќи загуби на пет од последните шест натпревари, а во четврток ги очекува реваншот од осминафиналето на Конференциската лига на УЕФА против Панатинаикос (2:3).
Спорт
Енрике: Не ги вежбавме пеналите, поразот од Мароко на СП во Катар ми покажа тоа

Во реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите меѓу Ливерпул и ПСЖ на „Енфилд“, францускиот шампион направи подвиг и по подоброто изведување пенали обезбеди пласман во четвртфиналето.
Во регуларното време единствениот гол го постигна Усман Дембеле, а потоа пеналите за ПСЖ ги реализираа Витиња, Гонзало Рамос, Усман Дембеле и Дезире Дуе. Само Мохамед Салах постигна гол за Ливерпул.
Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике одржа прес-конференција по натпреварот.
Какви се вашите емоции по овој натпревар?
Радост, задоволство. Тешко е да се анализира еден ваков натпревар. Но, ова е важен момент за нас, нашите играчи, нашите навивачи, 3.000 или 4.000 кои дојдоа овде.
Донарума?
Првата средба беше на Алисон, втората на Донарума. Пеналите одразуваат и каква екипа сме. Џиџо беше брилијантен, но последниот пенал го изведе Дезире Дуе, кој има 19 години.
Дали ги вежбале пеналите?
Не. Искуството ми покажа дека тоа не е потребно. Особено по елиминацијата со Шпанија против Мароко на Мундијалот (осминафинале 0:0, 0:3 на пенали). Денеска играчите се чувствуваа дека мора да шутираат.