Спорт
(ВИДЕО) Барселона слави титула: Шампионската парада започна

Фудбалерите на Барселонa откако вчера официјално ја освоија титулата во Ла Лига, денеска ќе ја прослават со традиционалната парада во отворен автобус низ улиците на градот.
Друштво на тимот на Чави Ернандез ќе прават и фудбалерките на Барселона, кои исто така ја освоија шампионската титула.
Церемонијата ќе се одвива во должина од осум километри – од „Камп Ноу“ до Триумфалната капија.
За машкиот тим на Барса оваа титула, која е прва од 2019 година, е вкупно 27. во Ла Лига.
Женскиот тим триумфираше по осми пат во првенството, а на 3 јуни ќе се бори за вториот голем пехар, во финалето на Лигата на шампионките.
📍 Spotify Camp Nou!
🏁 La rua està a punt de començar! pic.twitter.com/TKFY7z0p0Z
— FC Barcelona (@FCBarcelona_cat) May 15, 2023
🔵🔴 | #FCB
🙌 Así respira ya el acceso 14 del Camp Nou
📹 @DBR8 pic.twitter.com/dVHmRIwhsM
— Diario SPORT (@sport) May 15, 2023
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Левандовски е подготвен за реваншот со Интер

Напаѓачот на Барселона, Роберт Левандовски, се опорави од повредата и ќе биде подготвен за реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите против Интер во Милано, потврдија од клубот.
Тренерот на Барселона, Ханси Флик, не можеше да смета на Левандовски откако 36-годишникот од Варшава се повреди на 19. април на натпреварот од Примера против Селта.
Левандовски постигна 40 гола за клубот оваа сезона, вклучувајќи 25 во домашното првенство и 11 во Лигата на шампионите.
Реванш натпреварот од полуфиналето на Лигата на шампионите помеѓу Интер и Барселона ќе се игра во вторник од 21:00 часот на „Џузепе Меаца“, а првиот натпревар на „Монжуик“ беше вистински спектакл кој заврши 3:3.
Спорт
(Видео) Луда Ф1 трка во Мајами, во Лего болиди

Големата награда на Мајами, шестата трка во Ф1 шампионатот, имаше спектакуларна најава за главната трка.
Пред почетокот на трката, фановите можеа да ја видат најинтересната парада што досега во Ф1, која се претвори во најлудата трка во историјата, трка во Лего автомобили.
Оваа година, Лего пушти колекција посветена на Ф1, а во таа чест, на патеката се најдоа 10 автомобили во природни големини, зад чиј волан беа најдобрите возачи на денешницата, а совозачи им беа нивните соиграчи.
Секој од тие 10 автомобили тежи околу 1.500 килограми, што е речиси двојно повеќе од стандардните автомобили, бидејќи тие не смеат да тежат повеќе од 800 килограми.
Лего автомобилите, патем, се направени од по 400.000 коцки, кои се поставени околу челична конструкција, за да се изработат биле потребни 22.000 часа. Во изградбата учествувале 26 дизајнери и инженери, а автомобилите биле изградени во фабрика во Кладно, Чешка.
Иако достигнуваат брзина од само 20 км/ч, бидејќи имаат само околу седум или осум коњски сили, трката на патеката околу стадионот „Хард Рок“ во Мајами ги забавуваше возачите и фановите како никогаш досега.
Just 20 big kids living their best lives 😎#F1 #MiamiGP pic.twitter.com/vt1wvSrB3E
— Formula 1 (@F1) May 4, 2025
„Ова беше најзабавната парада што некогаш сме ја имале. Беше навистина забавно“, рече Луис Хамилтон, кој му беше совозач на Шарл Леклер.
За време на најлудата трка во историјата, имаше неколку инциденти, за среќа без последици, но стјуардите мораа да ја исчистат патеката пред самата трка, поради бројните расфрлани парчиња.
Joining drone cam as the drivers bring their LEGO cars home 🎥#F1 #MiamiGP pic.twitter.com/CHUqJcBoU1
— Formula 1 (@F1) May 4, 2025
Интересно е што не беше прв пат Лего автомобили да се најдат на патеката, но никогаш не биле во толкав број. Минатата година, возачот на Мекларен, Ландо Норис, возеше автомобил направен од коцки на Силверстоун.
Што се однесува до Големата награда на Мајами, таа ја освои Оскар Пјастри во Мекларен, пред неговиот колега Норис и возачот на Мерцедес, Џорџ Расел.
Следната трка во Формула 1 е во Имола за Големата награда на Емилија Ромања од 16 до 18 мај.
Спорт
Јанакопулос: Бартомеу беше гангстер, Бодирога едноставно нема моќ

Димитрис Јанакопулос, газдата на Панатинаикос, повторно го привлече вниманието на јавноста, овој пат преку низа одговори на прашањата на неговите следбеници на неговиот „Инстаграм“ профил.
Пред решавачкиот петти натпревар од плејофот на Евролигата против Ефес во Атина, Јанакопулос го коментираше потенцијалното финале против Олимпијакос, можноста за враќање на Јоргос Папајанис, но исто така упати остри зборови до раководството на Евролигата.
На прашањето дали би сакал финале против неговиот најголем ривал Олимпијакос, Јанакопулос беше многу јасен.
„Не ми е важно… Сакам да го освоиме тој трофеј!“ Кога станува збор за евентуалното враќање на Јоргос Папајанис во Панатинаикос, грчкиот бизнисмен рече дека одлуката не е негова.
„Лично, воопшто не би го направил тоа, но тие одлуки не се мои… Тренерот одлучува.“
Сепак, се издвојува неговиот остар одговор кога ги спореди поранешниот и сегашниот претседател на Евролигата, Џорди Бертомеу и Дејан Бодирога.
„Нема споредба. Едниот беше гангстер, а другиот едноставно нема моќ.“
За потсетување, Евролигата покрена постапка против Јанакопулос поради неговите коменатри на „Инстаграм“, по четвртиот натпревар меѓу Ефес и Панатинаикос (85:82).